Фан Клуб: Интер

Шо ве глеам за никаде. Дерби си било дерби. А бе ваков Милан ако не го тепаш со 3 хендикеп иди отепај се. Со Бонера, Јепес и ДеШоЗнамКакоГоВикаа во одбрана. Со Милан чиј напад не може 6 дена да даде гол покрај Ранокиа, Самуел и Хуан. Со пре-Берлускони Милан шо би рекол Лупхол. Со soon-to-be-in-relegation-zone Милан.

Сто пати сум рекол дека победа со грда игра е подобра од пораз со одлична игра, и тоа секако е така посебно во дерби. Ама, кај е средината бе луѓе? Од што сте толку задоволни со Гаргањо и Камби, како играа одбрана? А тоа што Милан ни стигнуваше до 16ка кога сака и како сака? Среќа наша што не можеа да погодат од што се утепани.

Нормално дека се очекува екипа што губи да нападне, ама кај е контрата? Ова беше 10 пати полошо од Фиорентина, со нив барем контра имавме. Ако играш со 3 во одбрана играта ти зависи од брзо пренесување топка и контранапади. Вчера Касано-Милито-Кутињо, координација нула.

Освен 3 бода нема ништо добро за нас. Илузијата дека сме направиле нешто значајно ќе ни ја разбие Лацио или некој друг кога ќе ги подбере овие и ќе ни покаже како зрела екипа игра со пацери.

До тогаш да се радуваме, го тепавме Милан.
Милан who?


Е сеа Syn прочитај мојот пост и постов на IoSono и сфати што сакаме да кажаме.
 
Јас сакам да кажам само две работи:
1. Жал ми е што во моментов немаме игра со која можеме да ги наполниме, затоа што сме многу подобри од нив, и
2. Треба да се подобриме многу, и брзо. Посебно во средина.
 
Неможиме да се подобриме бидејќи Страмачиони се плаши да изреагира правовремено,да го постави вистинскиот состав на теренот без Камбиасо на средина..и да ги игра Алварез,Гаргањо и Гуарин прва постава секој натпревар ..тогаш дали ќе ни стигнуваат така лесно останатите екипи во 16-тникот ќе видиме
 
Неможиме да се подобриме бидејќи Страмачиони се плаши да изреагира правовремено,да го постави вистинскиот состав на теренот без Камбиасо на средина..и да ги игра Алварез,Гаргањо и Гуарин прва постава секој натпревар ..тогаш дали ќе ни стигнуваат така лесно останатите екипи во 16-тникот ќе видиме
Ти не се прај на будала, сок ми борчиш :)
А шо изигравме ко некој пичлачина вчера, изигравме...рака на срце. Џабе му е на Syn и роман да напиши, нема да го смени фактот дека изигравме ко дундина. Милан, отепани, вакви, такви, макар и на среќа можеше да ни збрцаат гол. Е тогаш, ние уште 1000 минути немаше да дадеме втор гол.
Од ко почна да ја тера ова фомација, можев да заклучам дека, кога играме со слаби екипи, играме супер (барем едно полувреме) така да, тактикава за со тимчинава од стилот на Пескара и компанија е измислена. Доволни се тројца назад, да не примиме гол, и по окуражено одиме во напад, без страв дека од контра можи да ни го спопика. Кога играме со средно слаби/јаки екипи, или со други зборови, на исто или блиско рамниште во квалитет со нас, ни ја земаат топката, и ние трчаме ко муви без глај на терен. Дури и од како ќе ја добиеме топката, не знајме што да правиме со неа. Едноставно НИКОЈ не се отвара да побара топка. И сето резултира со, долга топка од Самуел, која или завршува аут, или кај некој од одбраната од другио тим. Е сега, најстрашното е, кога ќе играме со некоја појака екипа, со колку толку покадарен напад, има ем да ни ја скрија топката, ем од 90 минути напаѓање ќе ни шлакни барем 2-3 гола ко од заебанција.

Реков еднаш, Страмачиони можи почна да носи резултати, ама негативно ме изненадува од утакмица во утакмица. Не смеј Интер да влегува во утакмица и да му ја препушта играта на другиот тим. Не сме ние Сиена, од контри да чекаме гол да даваме. Ок, од една страна го разбирам, под огромен притисок можи е, што ем млад, неискусен, ем животна шанса му е, па гледа да оди на најсигурната варијанта, ама вака на долг рок, ништо не прајме.

Околу тактикава. Пак ќе речам. Добра е за со маливе екипи. Ама погубна е за со сите други. Тро појака екипа со малку попаметен тренер и прочитани сме како селски буквар. Лепенка на бековите, и двајцата од средина, и готово, не можиме да мрдниме.
Сепак мислам, дека треба да почни(нешто шо го нема пробано со Интер годинава колку што се сеќавам), да ја пробува 4-2-3-1 формацијата. За ова формација, мислам дека имаме и те како играчи.
На хартија би изгледала вака:
Ханда​
Занети Рано Хуан Переира​
Гергано Гуарин​
Паласио Снајдер(Кутињо) Касано​
Милито​
Значи Гергано да игра Box to Box, да трча ко Питбул(не пејачон), а Гуарин, да скапи на ДМЦ, да сечи акци, и да подава топки(нешто ко deep laying playmaker) , и за овие напред џабе ќе зборувам. Со оваа формација, ем нема да ни ја кријат топката, ем одбраната ни е повеќе од солидна, ем напред ќе бушиме.​
ИИИИИИ....​
 
100 пати ја гледав шансава...:cautious:
... ако го даеше Милито ова ќе имаше нова верзија од Питбул - Ун, дос, трес, кватро :D

И голот на Wall-E! :love:
 
Syn што ти е бе со реферативе,очигледно не ме разбираш што сакам да кажам,жими мајка ќе ме натераш со капс лок да ти пишуем :D

Абе овој Милан со онаа Барса што ја споменуваш е во најмала рака жално за споредување.Значи Интер даде гол уште на почеток на грешка на Абијати,после тоа Милито утна од идеална позиција во која Саша Матич ќе направеше ред други работи,дури и песна ќе напишеше,па пак ќе имаше време да даде гол.
Е сега доаѓаме до оној момент каде што играта мене не ми се допадна,после шансата на Милито со дрвените нозе.
ЗОШТО ООО ЗОШТО се повлекоа како пичиња против онаков очаен Милан без идеја и концепција,зошто им дозволија така лесно да ја заземат цела средина и да ги напикаат во 16-те метри пред голот на Ханда оооо зошто ?
Зошто не ја играа играта против Барса,штом веќе ја споменуваш,ќе се осмелам и јас да ја споменам,кога на Џуземе Меаца ги изедоа за вечера со 3-1.
Не ми кажувај дека немало такви играчи за таква игра како против Барса,да ги пуштеа младинците против оној Милан вчера,ќе ги утепаа уште на полувреме.
Значи да финализираме,оној Милан е очаен,требаше да се дотолчи уште на полувреме со константни напади по крилата каде што беа факинг слаби,а не да им ја препушти цела средина на Монтоливо и Де Јонг,па уште и се рашутираа бе :eek:
Абе оној Милан од вчера не смееше да си отиде без три комада у нивна мрежа,не смееше !!

Ај после црвениот на Сакатиот,логично е да се повлечеш,ама до пред тоа бе,нема ни најмала логика.

Може Страма имал друга концепција во главата,ама ипак не треба да се плаши ни најмалку од онаков никаков Милан со одбрана швајцарско сирење и со џуџиња од напаѓачи кои вчера Хуан ИСУС ги изеде за вечера.
Ок, од сега ќе судиме по изиграни 45 минути, доволни се тие за впечаток во фудбалот, тоа што Интер цело второ играа со играч помалку не важи.
Значи според твојата логика, Фиорентина беше изгазена, зашто еве, судам по првите 45 минути, Интер тогаш беа ала Барса, јеее, она од второ не го рачунам.
Инаку играта во нападот не чинеше у прво а една од причините беше хајлуваната ваша ѕвезда у тим Коутињо, тоа и Страмачиони го посочи ко грешка од старт, затоа и на полувреме беше заменет со Гуарин, а како ќе играа во таква ситуација не можеме да знаеме поради Нагатомо. Снајди ко Нова Година го чекам да се врати у овој формат, Коутињо на менаџер може редовно стартер да е и да се потпрат на него, а вчера тоа се очекуваше, со Касано да гази, а он choke like Lebron на времето у големи текми.

Инаку има логика играта од прво и те како, али не си ја прочитал зашто нели прекинуваш на пола пост да читаш, Милан у второ ќе беа капнати, имаа меч со Зенит каде се истрошија бајаги, пишав поназад, во фудбалот имаш милион тактики и варијанти, во второ против таков капнат Милан кој играше офанзивно Интер сигурно немаше 45 минути бункер да игра без да создава шанси за гол, затоа, пристапот на Страма у прво против ваквов Милан беше одличен само ретко кој го укапируе тоа па сеа ми глуми Мурињо по форуми, се трошеа ко луди без асална шанса за гол а Интер веќе водеа, прочитана им беше играта. И у прво имаа неколку ситуации пред гол каде Коутињо не знаеше да смири топка а Нагатомо не моеше асално да подаде до Касано у шеснаестерец лево каде беше сам, ситуации од кои многу лесно можеа зицер шанса да си создадат.

п.с. И уште нешто што ти реков али ете, не си прочитал, Милан какви и да се, за опстанок буквално да се борат, увек ќе бидат кадарни да го земат скалпот на Интер па макар Меси и Роналдо се во тој тим, ко што Интер лани се на се им сервираа 5 парчиња а имаа катастрофална сезона, беа мизерни ко сеа Милан што се мизерни, така да овој муабет џабе го фурате, ништо не значи во овие дуели тоа.

п.м.с. Рашарајте ја темава после ланската текма со Раниери и победата од 0-1, видете дали тогаш вакви цепидлаторски муабети водевте, а таму цела текма имаа 11 на терен. ;) Контрадикторност до јаја, 7 победи по ред имаа, Тевез сите го очекуваа, Снајдер се враќаше, тогаш цепидлачењево не ви беше пракса.
 
Dali sum vo fan klub barsa ili fan klub inter?

Demek Io go veruvate koa vika da ti ebam pobeda so krsh igra? :D Abe se razgaluvate sea ko decana mali :D, vi godi pobedava, pa zoshto da ne izigravame deka sme luti malce...

Jas vaka pamtam posle edna pobeda na Inter na chelo so Rafa, deka togash taze otiden beshe Murinjo, i kolku tolku bevme naucheni da imame poveke shansi, a toj natprevar tepashe Inter so 1-0, i si rekov da ti ebam pobedata, demek ne sakam, a - u. Mislev things will go back to normal <3 <3

Pobeda si e pobeda. Komentari kako "abe eden vakov milan" se mnogu smeshni, duri i iritirachki... Chim milan e "vakov", soberi 10 drugi deca hejteru i odi tepaj gi... yeah hater, watcha waiting for?

Mnogu defanzivno igrame, a moze toa i mu e stil na Strama, Strama koj vo eden mig ke placheshe vchera koa im vikashe da se vratat nazad na igrachite... <3

pee ass: kutinjo ne e za plejmejker. ili mozhe e, ama nema iskustvo ne znam, mnogu poveke mi se dopagja koga igra stranichno.

pee ass 2: tolku mnogu mi godi pobedava, shto ke go trgnam Spasov od ignore, i ke go prifatam like my own kin <3
 
Не, Ултра Бој и компнаија сакаа у прво да ја играат играта која на играчите на Милан и те како ќе им одговараше, цел напад им беше универзален, молеа бог за повеќе простор да имаат, само Страма не е football manager тренер од компјутер, до душа млад е, може си ја тера играта, нејсе, си изигра он доста интелигентно у прво, ги трошеше Милан без притоа дечките да имаат било каква асална шанса за гол, освен пар опасни удари од далеку. Уште не ми е јасно како по само 45 минути се влечат вакви заклучоци и целосно се игнорира фактот дека еден тренер има концепција за 90 минути игра во нормални околности, а целата концепција на тренерот падна во вода откако на сам старт од второ Интер останаа со играч помалку.

И од Зенит се очекуваше 5 парчиња да примат Милан па тепаа, такви се сезонава, колку и да се слаби кадарни се пак било кој во Италија да победат, ќе ја немаат константноста ама можат да поебат многу од фаворитите за титулата или оние кои се борат за ЛШ, ко Интер лани нив што им откинаа 6 злато вредни бодови.
 
Јас играта на Милан ја потенцирам од аспект на тоа дека беа прочитани ко селски буквар, не беше случајност тоа што 90 минути беа безидејни, како и да ја вртиш, глупо е човек да не каже дека Милан беа убер бедни, од друга страна за Интер ти реков, дојдоа, видоа, победија, дури и ова денешно нивно издание беше замисли, повеќе од доволно за победа.

Инаку Интер првата шанса за гол ја направија у 2ра минута по што и падна голот, втората момент подоцна, кога Милито се избламира, не ме интересира дали од мртва игра паднал голот, или имале 100% шанса по грешка на Абијати, све е тоа дел од оваа игра, за едно полувреме во ваков голем натпревар, гол на сам старт од меч и остатокот од сликата на првото полувреме е повеќе од задоволително за мене, инаку мечот се игра 90 минути, не можеш да знаеш дали Интер во второ ќе немаа пак зрели шанси за гол од изградени акции овој пат, на крај краева најсериозната шанса у второ пак ја имаа Интер ... по изградена акција.

Во фудбалот постојат мал милион тактики и варијанти, денешниов пристап на Страма беше одличен за ваков натпревар, штета што во целост не можеше да го спроведе својот план ради Нагатомо, рачунај, убер офанзивен пристап на Милан, плус замор, простор за контри колку сакаш, и со играч мање имаа простор за вакво нешто, само Гуарин беше доста неприсебен при пасовите, а Паласио лошо финишираше.

Епа извини брат ама си многу контрадикторен, говориш како Милан немал шанси а Милан беше тој што цело време шутираше, нафрлуваше и ако 100% ја рачунаш шансата на Самуел што даде гол тогаш комотно и таа на Боатенг може да ја рачунаме што правеше акробации.
А за вториов болд незнам што да ти кажам.... не можеш и ти да знаеш дали Милан ќе победеа ако им свирнеа пенал над Робињо така? значи муабетов што би било кад би било.
Дај да олабавиме малце доста е, ги напнавме другиве на темава.
 
Епа извини брат ама си многу контрадикторен, говориш како Милан немал шанси а Милан беше тој што цело време шутираше, нафрлуваше и ако 100% ја рачунаш шансата на Самуел што даде гол тогаш комотно и таа на Боатенг може да ја рачунаме што правеше акробации.
А за вториов болд незнам што да ти кажам.... не можеш и ти да знаеш дали Милан ќе победеа ако им свирнеа пенал над Робињо така? значи муабетов што би било кад би било.
Дај да олабавиме малце доста е, ги напнавме другиве на темава.
Милан имаа јалови напади, безидејни, со удари од далечина, не знаеа како до асална шанса за гол, поголем посед во фудбалот знае и ништо да не значи, Интер во финалето од ЛШ само 30% посед имаа а победија со 2-0, ја на тоа алудирам, а имаа играч повеќе Милан, срамота е во една таква ситуација да не успеат да создадат 100% шанса за гол. За пеналот не се согласувам дека постоеше, и ради контактот и поради фактот што Робињо немаше шанса да стигне пред Ханданович до таа топка

'' Тие изгубија 4 од 7 натпревари на почетокот на сезоната, не треба да се кријат позади тоа алиби дека судијата ги оштетил. На нив им фали квалитет во средината, Монтоливо не може се сам. Милан се моментално најлесната екипа против која може да се игра во Серија А, затоа што немаат никаква идеја '' - Maтераци

100% у право.
 
Имавме среќа што не влезе ниедна, или тие беа некадарни да дадат гол. Исто и со Фиорентина. А Сиена кога ни збрца два друг муабет вртевме. Исто како што ќе вртиме друг муабет кога некоја друга екипа ќе ни го збрца. Играта иста е.

Што е до формацијата, за разлика од времето кога Гасперини ја проба сега имаме играчи за истата, но за жал некои играчи се неприкосновени а не се за ваква формација па затоа страдаме. И јас сакам Кутињо да игра но очигледно ако играме 3-5-2 треба да ги имаме Нагатомо (нема кој друг) и Переира странично зошто потребни ни се играчи кои брзо ќе ја изнесуваат, Гаргањо во средина и уште двајца. А тие двајца во моментов се Занети и Камби. So we are screwed in a way...
 
Повеќето викате дека сте требале да го отворите еден ваков мизерен Милан,а притоа како да заборавате дека и Интер не е нешто многу подобар т.е Интер моментално е за нијанса подобар од овој мизерен Милан и толку.Јас глава на трупче ставам дека ако ги составиш моменталниве тимови на Милан и Интер во едно и ги пуштиш со поспремна екипа како од шала ќе лапнат 5 комада.Уживајте во победата без разлика на тоа каква е и не барајте шанси туку голови.Милан во последниве 2-3 утакмици играше нешто и создаваше некои шанси ама од голови ни тргана ни глас па затоа бројте ги бодовите(головите),а не шансите...без разлика на тоа дали играте против ‘‘оваков‘‘ Милан или ‘‘онаква‘‘ Барса.

п.с Факт е дека моментално Милан е можеби најслаб од своето постоење но и вака слаби способни се на било која екипа да и ги помрсат сметките и да им скинат бодови.
 

Мое мислење...не те терам исто да мислиш. :)
Само пак ќе кажам...за нијанса сте подобри од нас,а сте незадоволни како да ги имате играчите на Барса и Реал во иста екипа.Викаш...
Шо ве глеам за никаде. Дерби си било дерби. А бе ваков Милан ако не го тепаш со 3 хендикеп иди отепај се. Со Бонера, Јепес и ДеШоЗнамКакоГоВикаа во одбрана.

Ќе тепаше Интер и со 5 разлика ако Милито го искористеше подарокот на Абијати....подарок што и инвадлид би го искористил и ако имавте каква-таква игра на средината. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom