Фан Клуб: Интер

Значи колку ТАПА тренер сме имале, неможам да поверувам како Гасперсон го уништувал Интер.
Раниери за два тренинга смени игра (се врати познатата игра на Интер), не прави експерименти, паметно и мудро ја води екипата. Паметен потег со Кутињо.
За два тренинга успее да направи победничка атмосфера во екипата, како што кажав кога го назначија ќе бидеме во врвот на Сериа А оваа година. (На највисокото место тешко :P)
За сите што пишуваат без врска за Раниери потсетете се колку тренинга имаше човеков со екипата!
Не сум голем фан на "лузеров" али знае да направи екипа од растур-систем дефинитивно.
И да Мунтари ќе има голема улога во екипата на Раниери :vozbud:

Тек па кога ќе се врати Снајдер :D
 
Убаво рече Мур, малку треба во фудбалот да те мразат и да ти аплаудираат, нека не плакне очи победава, влегувањето на Џонатан и Мунтари беше класичен Раниери потег, лузерски, да се задоволи со овие 0-1 со екипа ко Болоња, огромна грешка која за наша и негова среќа сепак не се одрази деструктивно врз Интер.

Немаше да кажам дека победава ја заслужија најмногу ради односот на Раниери да не беше подарокот од Таљавенто.

Незнам зашто Алварез не влезе место Оби, или место Коутињо, претера со измениве али ете, му се посреќи Милито, изнуди пенал, изнуди црвен, реализираше, тоа е тоа.

п.с. Какви само ќе ни беа реакциите да не победа, со Суљо ко лево крило, или што и да играше, и Џонатан ко десно крило, лошо, многу лошо, па и асистираше Суљо, уште фали ова да го осоколи Раниери и да му дава доберба и во иднина.
 
Ова бил вистинскиот Интер... ако е ова вистинскиот Интер, тешко нас... :)

Туку добро, важно е што тепавме и Деко врати 0.01% од загубите. Измените беа за никаде, посебно Џонатан-Кутињо, мислам wtf, три бека имавме во моментот. Најлогична измена беше Алварез, ништо не бркавме тогаш, требаше да си ја задржиме играта. До тој момент игравме добро од тогаш ништо не одигравме до пеналот.

Како и да е, одиме понатаму.
 
Конечноооооо ... Конечнооо се разбуди Интер ... Браво Раниери ... Пацини редно беше да влезе малку во играаа.... <3333333
 
Мораме да признаеме малку фалеше да не добиеме пари,али тука беше Милито да ни каже чекејте "ја сум тука" Не ме интересира играта,битно тепавме и си земав пари:)
 
Се ќе беше перфектно за Раниери да не му беа измените, се ! Играа со Болоња, што к*р ќе чува резултат, виде и сам колку малку требаше за уште еден гол по шансата на Коутињо и Камби кога погодија пречка, стави го Зарате или Алварез место Коутињо и остани на истата игра, исто и разликата од Оби до Мунтари е ко од тука до Марс, катастрофална измена, вади играч кој беше фантастичен денес ( видете само колку топки украде во средина и повлече против напад а тоа му е и главата улога ко играч) става ванаби фудбалер, среќа останаа овие со играч помалку па силите беа израмнети.

Жал ми е стварно за Алварез, се надевам дека Раниери ќе го увиди неговиот талент и потенцијал што го поседува, преидеален е за неговиот систем.

Сега со душа го чекам и враќањето на Деки и Мота, само зашто знам дека Мунтари што подалеку ќе е од првиот тим, не дека овие двајца се нешто посебно, но за Мунтари се Критијано Роналдо.

п.с. И капитенчето денес одлично, а и Камби се поправи во второ, изигра солидно, и одбрана а и во нападот, статива погоди и беше дел од онаа супер акција по која беше изнуден пеналот.
 
Конечно...Браво! :)

Се на се, задоволен сум од играта, но не и од измените кои ги направи Раниери.
Рики слободно можеше во игра да го стави...

Форца Интер!
 
У пм, изгледа денеска сите ќе фатиме пари :)

Не знам што толку го кењате Мунтари кој што си беше сосема солиден, барем не ги гледавме веќе неговите самоубиствени стартови и пасови до противничките играчи.

Не се согласувам ни јас со измената Кутињо-Џонатан бидејќи воопшто не требаше да се брани резултатот.

И „пеналот“ од Самуел :tapp:
 
Сали Али за некој месец ке се чудите кој е Лампард ќе го направи Раниери.
Се надевам само дека ќе ги ротира сите фудбалери сите да добиват шанса.
Добра игра иако уште не е стабилно во одбрана сепак многу подобра игра за разлика од не сакам да му го спомнувам името.
 
Снајди нема ни со ЦСКА да игра, а можно е да ги пропушти и Наполи, голема е веројатноста за такво нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom