Фан Клуб: Интер

Не знам зашто ве чуди шпекулацијава со Снајдер и Манчестер...
Туку ај да не пишувам што како, ќе ми речат се праам многу паметен, ќе видиме наредниве денови :)
 
Имаше едно писмо од навивач на Интер во Италија кој, колку што разбрав, или имал 57 години или пак го следел Интер 57 години. Не е многу важно во секој случај. Писмото е врска со промените во фудбалот (конкретно проклетиот фер плеј), а човекот вели: Никогаш во овие 57 години не се сеќавам Интер да продал една од своите „ѕвезди“ затоа што имал потреба од пари. Има две причини поради кои сме ги продавале ѕвездите:

1. Не сме сватиле на време дека се ѕвезди (Роберто Карлос, Сидорф, Пирло итн...)
2. Сами сакале да заминат (Роналдо, Ибра итн...)

Ако го продадеме Снајдер, ќе биде прв пат да продадеме ѕвезда затоа што сами така сакаме.

Не ми се мисли многу, сакам да му верувам на дедово. Ако знаете пример кој го оборува ова, потсетете ме.

P.S.
Ги пишав „ѕвезди“ можеби не одговара најмногу, Италијаните ги викаат „шампиони“ не ми се допаѓа тој израз за поединци...
 
Ако го продадеме Снајдер, ќе биде прв пат да продадеме ѕвезда затоа што сами така сакаме.
Ама ништо чудно и Снајдер да сака да си замине од Интер...немора да значи дека сами сакаме да го продајме.
 
Ама ништо чудно и Снајдер да сака да си замине од Интер...немора да значи дека сами сакаме да го продајме.
Прв кој се прашува е клубот. Ако Морати каже не, тогаш е не.
После е желбата на играчот. Тој може да е заинтересиран аз Манчестер ама сигурно нема ни мака да остане во Интер. Случаите кои се наведени се случаи кога и покрај намерата на клубот да ги задржи, тие запнуваа по секоја цена. Ибра јавно изјавуваше дека сака да си оди, па и со Балотели беше слично подоцна (сега е исто со него и во Манчестер Сити). Мислам јасна е разликата меѓу тие ситуации и Снајдер.
 
Ама ништо чудно и Снајдер да сака да си замине од Интер...немора да значи дека сами сакаме да го продајме.
"Vedremo. C'è sempre una chance che accada qualcosa, ma vedremo. Però è solo un'ipotesi. L'ho già detto, è da dieci anni che gioco ai massimi livelli e ogni anno circolano sempre queste voci".
 
Ако само е вистина дека сме ја прифатиле понудата на Манчестер за снајдер има да не снајде Јувентус второ полувреме.

И јас сум против да се шитне Снајдер, а да се купува Тевез, а можеме да останеме и со к** во раце.
 
(по натпреварот со Шити, запрашан за Ман Ј.):
„Ќе видиме. Секогаш има шанса нешто да се случи. Но тоа е само хипотеза. Веќе имам кажано, 10 години играм фудбал на највисоко ниво и секоја година се појавуваат гласини за мое заминување.“

Дипломатски одговор, никаде не вика дека сигурно останува во Интер, туку остава простор за негово заминување.
Ферги изјави пред некој ден дека Снајдер мора да се согласи на платата што му ја нудат(како ќе се согласи на платата ако Интер веќе не ја прифатил понудата?), а платата е колку на Руни, но нешто помалце од Интер мислам.

И:
„Ќе видиме што ќе се случи, но јас сум среќен што играм тука“

И Маикон изјавуваше вака ама беше спремен да си замине, само што Морати го блокираше трансферот :)
 
И јас колку и да го сакам Интер (а го сакам многу повеќе од што заслужува), би заминал кога јавно клубот е незаинтересиран за напредок.

Младинци за во фурна, Арсенал и Ајакс таа работа, ние никогаш до пред 1 година не сме биле пичкарски тим, а тоа ќе станеме. После 2-3 години ако Кутињо стане тоа што сита очекуваат да стане, ништо чудно на Реал за 100 милиони да им го продадеме, пошто хеј, со кого ке игра Кутињо во Интер? Со Занети, кој ако не е принуден да седи во клупа и тогаш ќе сака да е стартер... ма дај бе.

Успех без пари никаде нема, поготово не во фудбалот, ова е таков факт огромен, што ни таткото на Морати да се врати од мртвите не може да го тврди спротивното.

Интер го продаде Снајдер уште кога го донесе Гасперини.
 
Maикон беше подиректен за Фифа дот ком, кажа дека сака да го следи Мур во Мадрид, останатото беше исто ко и Снајди, не му пречеше и останување во тимот доколку двата клуба не се договорија.

Денес излезе шпекулација за Маикон плус пари за Тевез, ако веќе би можеле и ние фановите да бираме жртва за доаѓањето на Тевез, тогаш гарант 90% од нас би биле за оваа варијанта.

Си отиде ли Снајди а дојде Тевез, Алварез ќе е форсираниот играч и можно е со тој тон притисок кој ќе му биде наметнат да нема прогрес во неговата фудбалска кариера, једино оние Коутињо љубители би биле позадоволни зашто со евентуална продажба на Снајди он сметам дека 100% ќе остане во Интер и ќе добива шанси да се докажува.
--- надополнето: Aug 2, 2011 12:48 AM ---
И јас колку и да го сакам Интер (а го сакам многу повеќе од што заслужува), би заминал кога јавно клубот е незаинтересиран за напредок.
Ето имаше состанок со Морати каде побарал гаранција за тоа што го збориш, правење на тим кадарен за трофеи ...
Каков е планот на тимот останува да видиме во иднина, слично беше и кога Ибра замина, жалопојки се тролаа на бившите теми како тоа Интер ништо немале да освојат а освоија Се.

Добро, знам, тогаш го имаа Мурињо, ама и Мурињо беше џабе присутен пред почетокот на таа сезона, причината веќе ја кажав, Ибра бил продаден.

После мечот со Милан ќе се дефинираат работите, до тогаш тимот ќе е ваков каков што е. Дилемите по Пекинг се дали ќе замине Снајди или не и аналогно на ова знак прашалник е ангажманот на Тевез ( дали ќе мора да се продава Снајди, дали Маикон ќе се искористи, дали Интер ќе изненадат со договор за играчот без да продаваат и варијантата Тевез да не биде ангажиран ), она што е сигурно е дека ќе дојде уште еден играч во средниот ред кој такоџе сега за сега не е познат ( најголеми шанси му се даваат на Касемиро ).
 
Ни за Маикон не сум да се продава, па да му ебам матер со кого ке играме?

Врти како сакаш, еве ги статистиките на Маикон за минатата сезона во серие А:

28 Натпревари
1 Гол
8 Асистенции

Значи 9 гола се заслуга на Маикон.

Нам не ни требаше Џонатан, онака фејл трансфер од типот на Суазо. Го имаме Наталино, Сантон, Фараоне, Нага, Киву, Занети, и Маикон, они го земаат и Џони... Не бе, пичкарски тим стануваме...
 
Мене никако не ми е јасно како тоа ќе го продадеме Снајдер а ќе го замениме со Тевез. Цезар ако го продадеме со кој ќе го замениме, со Монтоливо?

Кај нас некако формациите и плановите се како на ливада. Даваш нешто, земаш што да е за парите, и ги пушташ децата да со играат.
 
Мене никако не ми е јасно како тоа ќе го продадеме Снајдер а ќе го замениме со Тевез. Цезар ако го продадеме со кој ќе го замениме, со Монтоливо?

Кај нас некако формациите и плановите се како на ливада. Даваш нешто, земаш што да е за парите, и ги пушташ децата да со играат.
Она што Мите го збореше, Алварез ќе се форсира, веројатно во пакет со Коутињо ...
Шизик иде на ризик е работава зашто знаеме сите колку години чекаше Интер на играч од типот на Снајди, односно, ко што ги нарекуваат италијанците таквите, класичен trequartista.
 
Само Интер може за една година, просекот на годините на играчите да го намали од 32+ во 21. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom