Фан Клуб: Интер

ОК де, јас го гледав како бек и мислам дека може да го замени Маикон. А за овој Фусиле не знам. Не знам дали го земаме да замени некого или пак Бранка многу пие па му шиткаат кого стигнат за да грее клупа после.
 
Фусиле бе, резерва на Порто...
Ако го зимаат за да биде резерва, океј.. а ако он е замената за Маикон, facepalm.
.
Се повреди сезонава ако не се лажам и го пропушти остатокот од сезоната, инаку не е резервен играч.
 
Според Бранка: "ВБ нема да е тренер на Интер"
Inter's technical director, in Oporto to convince the coach of the Dragons, has announced that the Portuguese will not sit on the bench next season Inter

http://sport.sky.it/sport/calciomercato/2011/06/19/inter_situazione_allenatore_sviluppi.html
Потврдено и тука: http://www.fcinter1908.it/?action=read&idnotizia=26214

Важно Бранка се прошета до Португалија...
 
Според Бранка: "ВБ нема да е тренер на Интер"
Inter's technical director, in Oporto to convince the coach of the Dragons, has announced that the Portuguese will not sit on the bench next season Inter

http://sport.sky.it/sport/calciomercato/2011/06/19/inter_situazione_allenatore_sviluppi.html
Дали во интерес на преговорите или не ќе видиме деновиве, 100 деманти стигнаа, до вчера Михајлович беше среден денес Спорт Медија Сет го ставија Боас на тренерската позиција во Интер ...
Не е битно, ја се изјаснив, ако не дојде он другиве тренери ќе им донесат уште една лоша година и после стандард, ќе се напнува за Пеп, ја искрено не сум подготовен за вакво нешто па макар и Пеп у пакет со Меси да дојде.
 
Цццццц.....
Море море море море......
Ништо, јас че почнам Интер Примавера да си ја следам од година, освен ако не се расформира ( во случај да го купиме Поли за 11 примаверовци)
 
Дали во интерес на преговорите или не ќе видиме деновиве, 100 деманти стигнаа, до вчера Михајлович беше среден денес Спорт Медија Сет го ставија Боас на тренерската позиција во Интер ...
Не е битно, ја се изјаснив, ако не дојде он другиве тренери ќе им донесат уште една лоша година и после стандард, ќе се напнува за Пеп, ја искрено не сум подготовен за вакво нешто па макар и Пеп у пакет со Меси да дојде.
Ја не сум за Пеп ни гага да е. Да не мисли некој дека Пеп некаде може да ја копира играта на Барселона. Какви играчи имаш таква игра ќе направиш. Пеп може да ужива со оваа генерација на Барселона, дека и без него се истите покажаа во дресот на Шпанија со друг тренер. Пеп не е за Италија и посебно не е за Интер.
 
И пола Барса да ја донесе, и играчи и тренери и младинци и Ноу Камп, реков, не сум за уште една лоша година само за да он потоа биде ангажиран.
Таков однос за екипа ко Интер едноставно не е допустлив, енд оф стори.

Абе шо убаво не се замарав летово со овие тематики, незнам ни што ми бидна сеа, ваљда инфоно дека блиску биле до договор за Боас. Ма у пм ...
 
И да се надополнам...
И ко че снема Примаверовци, ништо чудно и КурваНордовци да почна да нудат...
Пример за Пасторе че понудиме 5 Примаверовци + 1000 Најгласни од Курва Норд :facepalm:
 
Ko што имаше разлика од Бенитез до Мурињо, со истите играчи, таква разлика има и помеѓу наведените тренери, Делио Роси ништо големо не освоил во својата кариера освен куп на Италија со Лацио ( Боас една година е тренер ако не се лажам повеќе освоил од Роси кој менаџира тимови од 90та ), не можеш да кажеш дека нештата ќе бидат исти односно нема да има голема разлика кој и да седне од нив па макар и тимот останал со овој моментален кадар.
Да, потребни се неколку освежувања во тимот но без добар тренер џабе е, кој и да дојде.
Види сеа, не бидете буквалисти :)

Боас нема шанси да направи нешто во ЛШ, во Серија А без нови играчи ништо не правиме, затоа реков дека дали едниот или другиот сеедно(Делио има искуство во Серија А, Боас не знаеме како би се снашол во Серија А или пак во Интер, сеедно), со добри засилувања ќе бидеме главни конкуренти за освојување ЛШ. Демек Алегри ја направи разликата во Милан откако Лео си замина? Не бе, им замина дрвото Бориело и им дојде Ибра, купија(позајмија) млад и желен играч за докажување и играше место ѕвездата Сидорф, нешто што во Интер е засега незамисливо и каде што многу грешиме.
А да, за ЛШ и за иднината на тимот мислам дека е подобро да дојде Боас, но засега не ме интересира тренерот, ме интересираат засилувањата.
--- надополнето: Jun 19, 2011 12:45 PM ---
Јас запнувам за Санчез пошто мислам (а еве и Ето ме изрази поддршка пред некој ден) дека со Санчез чуда можеме да правиме. Мислам дека тој е алката која недостасува во офанзива.

Сигурен сум дека В.Б е добар тренер но не знаеме и тој дали е добар за Интер и дали вреди за парите. Мурињо освои УЕФА со Порто но ја потврди класата следната година во ЛШ. Ние ќе добиеме тренер со прекар „Малиот Мурињо“, човек кој сите ќе го споредуваат со Специјалниот и од него ќе очекуваат премногу. Притисокот (посебно од медиумите) врз него ќе биде преголем и прашање е дали ќе може да се носи со тоа, или на крајот само ќе констатираме дека В.Б. не е Мурињо.

Предност му е во секој случај што има работено во Интер и со Мурињо, ќе речам пак, сигурен сум дека е добар и немам ништо против да го донесат.

За Делио Роси, шала на страна: човекот нема тренирано клуб како Интер, возбуден е само од муабетот (пред некој ден изјави дека пешки би одел за Милано ако го викнат) и никој не може да знае дали ќе се снајде. Како минус можам да го кажам тоа што нема доволно авторитет кај играчите, некогаш при измени Пандев му се понашаше како Киву со Бенитез. А во клуб како Интер, ако дозволиш еде играч да се однесува така, сите ќе се однесуваат така. Тренерот мора да воспостави авторитет.

Иначе мислам дека е добар стратег и покрај оние 0-7 во кои уживав. Кога беше во Лацио извади 103,2% од екипата, играа како луди, а мизерен тим беа. За него може да се каже и тоа дека со срце ја води екипата. Ако не пројде ова со В.Б. тогаш немаме друга опција освен Делио Роси.

И да, Делио Роси за Гасперини е Мурињо.
Види сеа и ти...

Авторитетот се поставува одозгора, и се делегира одозгора, а кога шефот ќе рече дека е он главен за се, зашто јас како играч би те почитувал тебе како тренер кога ти не можеш да ме продадеш, не можеш да ми купиш замена? И да додадеме на тоа дека освоија СЕ :)
 
Ти да не ме цитираш недела дена :)
 
Зошто така гледате на работите...нам не ни треба само Санчез и В.Б или било кој друг тренер...нам ни треба играчи во средината кои ќе трчаат и ќе покриваат цел натпревар и плус да бидат снаодливи во градењето на акциите...замислете колку убаво би звучело наместото на Занети и Камбиасо да играат Монтоливо и Банега на пример...колку само свежина тогаш би имало во екипата ..колку само простор тогаш ќе има за Ето и Снајдер во нападот и Мајкон од страна...колку само лесно ќе врвиме со помалите екипи кои оваа година неможевме глава да крениме...па ако сака и Гасперини нека дојди за тренер ако се ангажираат овие двајца што ги напоменав со кеш пари и Санчез со Марига,Пандев и пола примавера тим тогаш ве уверувам дека нема да има зима за нас и помалку нервози ќе ни задаваат помалите екипи...размислете малце што ќе биде само ако Морати успеа да ги ангажира овие тројца како што спомнав ,колку само на квалитет би добиел тимот во офанзивниот дел и посебно во дефанзивата каде нема да ги гледаме Занети и Камбиасо како одат на теренот....едноставно ова што го пишувам не е невозможно и сигурен сум милијарда посто дека можи да се оствари дури и во ваква финансиска криза каде го има зафатено клубот...
Е ова ми беше поентата со тоа дека не е до тренерот толку колку што ќе биде до играчите. Ни требаат млади и свежи играчи, ни требаат некои што ќе остават душа на терен, а не некои што ќе џогираат во 20та минута од четвртфинале во ЛШ...
 
Со ова само потврдуваш дека прво што ни треба е тренер а не "тренер".
Ова е јасно како ден, ако земеме "тренер" (објаснување: тренер кој нема да прави промени во тимот и ќе има 1 годишен договор, најмногу 2 годишен, значи некој шалабајзер како Роси, Гаспарини или Михајлович), ќе останеме со овие играчи, ако земеме ТРЕНЕР, Морати ќе мора да купува зашто тоа ќе биде условот за тренерот да дојде во Интер.
 
Па ако ги поврземе со зборовите на Морати, да, така ќе му дојде...
Демек Удинезе имаа тренериште што газеа во вториот дел од сезоната, што на нас ни одржаа лекција и Милан ги утепаа во сред Милано... Дајте свежа крв...
 
Чекам сега некоја изјава да даде Бранка или Морати, демек не го зедовме Боас дека беше многу скап.

Тоа е тоа, Милан зедоа чкарт тренер, ама барем му донесоа играчи, ние ништо, ни играчи ни тренер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom