Фан Клуб: Интер

А од почетокот на сезоната кога спомнав што мислат со Гаљардини, дете и Миктарјан(кој не е ни среден играч) на средина,тука некои и будала ме напраја...демек што да сум очекувал...епа нека се крстат во Барела и Чаканоглу да играат по 90 минути секоја утакмица....реално и преслаб тим имаме ..срамно е што го оставија Инзаги со овие играчи и да очекуваат после резултати....лошото е тоа што можат да поминат со Порто, ќе ни падни после некој појак тим , ќе испадниме достоинствено како лани со Ливерпул ( нема да не прегазат нормално бидејќи ќе се штедат дали биле Сити или ПСЖ или кој било од појаките ), ќе завршиме 3ти, 4-ти и ќе ја прогласат сезоната за успешна :pos: :pos: :pos: .

До година нормално пак ништо нема да купат и ќе си тераат оп исто...демек арни сме бе шо:pos::pos:...Рома/Лацио менталитет, бантер ера 2.0
 
Ajде еден мал тажен, претажен статистички податок за нас.

После вчерашната утакмица, Интер е клуб со најмногу примени голови на гостински терен и се убедливо први заедно со Болоња, 20 гола. Значи во лига со тимови ко Монца, Салернитана, Кремонезе, Интер има најмногу примени голови и е на делба на ова непосакувано прво место со Болоња. Ќе речеш бегаат гол два од другите, јок, најблиску се Сасуоло со 17.

Иако на гостински терен се најефикасни, со овие 20 примени гола пак имаат негативна гол разлика, -3, што само по себе е срамен податок за екипа која цели на висок пласман.

Кога дојде Инзаги памтам многу добро дека пишав, ако сака било каков успех со нас и борба за висок пласман, начинот на кој се брани треба тотално да го промени јер просечно со лацио примаше по 50 гола од сезона, таков фудбал кај нас нема да му донесе убави работи у кариерата. Апсолутно никогаш со нас било кој тренер нема да има успех ако не успее да наметне стабилност во играта назад, без тоа сме инвалидизирани, никад не сме освоиле голем трофеј со стил на фудбал кој повеќе се фокусира на нападот отколку на одбраната. Дури и ако се погледне генетскиот материјал на тимов, најголемите успеси во овој спорт ги имале со јака и стабилна игра во одбрана, катанаџо ко термин ради нас искочил, и Мурџо исто наметна фантастичен одбранбен систем и на крај достави све. Сега имаме на хартија супер играчи назад, а сме едни од најлошите екипи во сегментот одбрана.

Чисто за споредба, јуве има бод повеќе од нас освоено на гости и утакмица мање на гостински терен, а имаат гол разика 5-4, ние трпај голови, ама и примај ко луд, што на таа табела на гостински терен не става на 7мо место, со 13 освоени поени, сите што се над нас се и со утакмица помалце на гости а и нормално, позитивна гол разлика.

Ова нема врска со играчкиот кадар, бар кога е во прашање играта назад, имаме повеќе од доволно за да не примиме толкав број на погодоци, наместо Инзаги да се фокусира на судии, или пар нереализирани шанси за гол, цел фокус и енергија треба да ги потроши на подобруање на играта назад, и вршење притисок зимоска за да му се доведе барем еден играч од средина и по можност Турам.

п.с. Со вкупно примени 24 голови до 17то коло, споредбено со претходните сезони, ова е најлош статистички податок во задњи 25 години, односно израмнети сме со бројот на примени голови од сезоните 2004-05 и 2014-15. Исто и 13 мечеви по ред на гостински терен примаат барем по 1 гол.
 
Последно уредено:
Умрениот Лукаку пак умрел. Флоп од епски размери.

Избркај го у истиов момент, дај му ги тие пари на Миланчо нека продужи договор, зацементирај го и Бастони, и почасти се со Турам или некој просечен шпиц што ќе го одмара Џеко, пошто очигледно сезонава повторно ќе зависи од големиот Бабо.

Немој ни на крај памет да им текнало летоска пак да преговараат со Челзи за Лукаку, не кур ни треба таков финансиски луксуз у овие кризни времиња.
 
Не ми е јасно зашто на вакви утакмици не пуштаат деца да се истрчаат и да се јачаат. Еве пример бугаров Илиев од примавера, има топ сезона таму. Колку може да е полош од Гаљардини рецимо? Сигурно не е многу полош, ако воопшто е.
 
Ако се паметни, уште ова зимо нека искешираат на Думфриз. Со секој меч му паѓа вредноста.

Кореа, Дамброзио, Гаљардини, Дефрај тоа се треба на клоци летоска и комплетен ремонт.

Единствена позитива е Онана во последно време.
 
Каква одвратна багра.

Шиптарчево оставено на милост и немилост на крајно неспособните инфантилни појави во името на Гаљардини и Миктаријан. Госенс грбавиот ни на ваква утакмица не може да се наметне. Џанго е надвор од универзумот, очигледно мозокот му е изгорен и напунет со пустински песок од Катар, Кореа е жива пичка, Дамброзио е шериф и треба да биде убиен со сачмарка у срце. Де Фрај е надвор од себе. Гери игра со сила.

Нека ми се изгубат од пред очи сместа сите до еден.
 
Кореа му дава стотче у ходникот сеа на тој шо го удри и му вика, мавни ме пак у второ, ако ме има пак на камерите да знаат дека сум жив ќе ти даам па стотче.
 
Светскиот шампион со топка не се склопи а па за партнерот негов не вреди да се дискутира.

Јурич гол свака част.
 
Лошо, многу лошо а полошо ќе биде во летниот трансфер период.
 
Кореа му дава стотче у ходникот сеа на тој шо го удри и му вика, мавни ме пак у второ, ако ме има пак на камерите да знаат дека сум жив ќе ти даам па стотче.

Ќе му ја даде Монклер монтката. Неколку стотки е таа. :D
 
Види му ги замениве, бркаш резултат и ги мењаш стоперите, колку нема "топки" тренерпв наш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom