Грешките на Инзаги што ги правеше, нарочито после Јануари требаше да бидат предвидени од Марота и компанија, својствени се за човек со такво (не)искуство, и со таков товар на грб. Муабетот дека побарале ЛШ од него апсолутно не го ослободува од притисокот кој го носи она што го бараше фан базата, а тоа е одбрана на титулата, нарочито што дојде во актуелен првак што само по себе си носи притисок.
Ваков тренер кога зимаш, на хартија му сервираш силен тим, реално него му беше сервирана само добра 11ка, толку, а модерниот фудбал бара минимум од 15 квалитетни фудбалери у ростер и едно 4-5 души со потенцијал да бидат првотимци у иднина или па да се спремни да достават. Јануари беше направена лоша проценка со Госенс, отпуштање на повреденкото Сенси и неносење на негова замена (Фратези), такви беа условите, само тоа можеа да си го дозволат. За летото да не правам муабет, едно од најсрамните лета од кога јас сум навивач на Интер, невидено нешто, потоп класичен и фудбалско самоубиство сервирано од Кина, таман беа пред тој сакан исчекор на Жанг и би рекол скоро и исполнување на целите и направија куршлус.
Затоа е и битно да се освои Скудетото ако пак се отвори таква шанса, зашто со истово вакво функционирање тој предизвик следна сезона ќе биде уште потежок од оваа, ако сме приморани пак да продаваме јак играч. Ја верувам дека Аталанта е кадарна да испорача, викендов што доаѓа ќе знаеме дали ќе имаме шанса за титула или не, во Сасуоло 0 доверба имам ама не се слагам со тоа дека во моментов све е готово, Милан се пред најсериозниот тест до сега, наше е да се надеваме дека ќе паднат, ако не, нека им е честито потполно заслужената титула. Разочарувањето ќе е големо со оглед на шансата која ни се пружи и сезонава али реални да бидеме, клуб со такво очајно функционирање ко ние што имавме во рок од 3 месеци ланското лето и сами сте свесни што заслужува на крајот во било кој спорт.
100 пати кажав и пак ќе кажам, така ако освоиш титула, нарочито со ваков неискусен тренер, е право на чудо денес и редок примерок ќе сме од големиве првенства што воопшто и сме успеале во еден таков предизвик, тие титули ти се множат со 10, и ја не памтам пример ко нашиов, некој од топ 4-5 првенствава, на крај да е шампион а притоа такви загуби у едно лето да доживеале. До душа генерално гледано, ваков пример прашање е и дали некад се десил у топ 4 лигиве кога ќе размислиш што е и нормално (нека пише некој ако памти ваква ствар), и доволно говори колку уствари бевме усрани од мртвата комуњарска и секташка земја, Кина.