Фан Клуб: Интер

Ајааааааа. Барела дно ама ова престрого за црвен бе. Башка смирија страсти се поздравија.
 
Двете утакмици со Реал, покажуваат што значи разлика во класи, кога станува збор за индивидуален квалитет.
Системот функционира, играта е добра, ама на играч на Реал му требаа еден обид, за тоа што на играч ми Интер му требаат три обиди.

Црвениот на Барела е знак на фрустрација. И него му треба уште некој левел плус, за да влезе во кремот на везњаци во светот.
 
Не се замарајте и не се карајте прикани мои, идеме викендов да го загрозиме големиот Џиги Мацари.
 
Средниот ред на Реал е на повисоко ниво за разлика од нашиот.
Во домашно може да мелеме ама во Европа ќе иде малце потешко.
Фудбалот што го фура Инзаги ми се допаѓа, ама со поквалитетни средни играчи ќе биде уште подобар.
 
2 топ гола примивме.

Бар уште еден нека падне да го фатам лифчето штокојкур и така и така потоп ни се деси.




Ај, со нови сили да фатиме и издоминираме Серија А барем.
 
Барела сигурно пропушта 1/8 нека си дели боксови пак, да ти ебам глупиот играч, тоа му беше повеќе фрустрација од што беше гомно цел натпревар, утна празен гол во 48мин.

Видовте статистика?! Тие 7 обиди, еден гол, ние имавме до црвенот 14 обиди и без ниеден гол, од што немаат врска да шутираат.
 
Гледајте само кои им се измени на Реал и се е јасно. Ниедна од нашите измени неможе да направи разлика за да ја свртиме дури и со 11 души на терен.

Јасна е стратегијата на Инзаги, излага со најдобрите 11 и се обидува да ја реши во првите 50-60 минути и свесен е дека ќе паднеме физички во второ полувреме, затоа што играме висок пресинг а опциите од клупа му се далеку од идеални да ги одработат последните минути на ниво. Некогаш му успева (со Рома), некогаш не, како вечерва кога не ги искористивме шансите.

Единствен лузер вечерва е Барела. Страшно ме изнервира зашто се мисли дека е дива а нема изиграно ништо асално сезонава. Па уште и мава, се буни. Да беше малце поитар ќе изнудеше жолт на противникот, а он што направи, се избрка самиот. Бот.

Тоа е тоа, одиме даље.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom