Фан Клуб: Интер

Ако продолжиме со оваква игра пораз не ни бега.
Како може со едно глупо подавање наши 3 играчи наспроти 2 противника да испаднат од игра и да им се отвори шанса на Верона, сега ќе видиме дали Инзаги знае да изигра на резултат.
 
Немаме одговор за висок пресинг засега.

Средниот ред мора да почне да функционира инаку ништо не правиме. Не се ослободуваат за да примат топка и додаваат на памет/високо.
 
Ме интересира како ке одговори Инзаги на полувреме дека после примениот гол немавме соодветен одговор , со Конте ги често ги вртевме .

Лаутаро и Џеко треба да работат на линк ап, а за средината не ми се ни збори колку потфрлија полувремево.
 
Мачна сезона ќе биде ова, без разлика што екипата од фан-клубов е преоптимистична по другите теми. :)
Ќе имаме сериозен проблем да отвораме средени одбрани. Плус, старата болка, лоша дистрибуција на топка под добар пресинг.
Лани, 80% од пробивноста доаѓаше од атлетската супериорност на Хакими и Лукаку во 1-1 ситуации.
Сега треба со прецизни движења и пасови да освојуваат простор.

Џеко и Лаутаро воопшто не се уиграни. И двајцата ги прават истите работи и воопшто не се читаат меѓусебе.
 
Перишиќ и Дармијан функционираат очајно, така да Лаутаро и Џеко не добиваат топки. Посебно сме умрени десно, исто како и минатиот натпревар. Ако не се погоди Дензел по таа страна го обравме бостанот.

Тоа е таа разлика од лани кога не смееја метар простор да ни остават.
 
Судија, ВАР судии, има ли некој нормален? Чист пенал.
 
Ајде сега да видиме што сме земале.
Автоматски споено мислење:

Ама белоти грбавиот…….. ГАЗИ БРЕ
 
Последно уредено:
Хахахаххахахахаххахаа бушиииии
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom