Фан Клуб: Интер

Господе колкава мизерија се овие партизан...јас Интер го немам видено да доминира на средината од теренот и да притиска кон голот уште од времето на Леонардо кога барем малку личевме на тим..а сега со овие играчи му правевме притисок цели 45 минути на нивна половина тотално нетипично за Интер со оние играчи...

вака така Мудингаи беше најдобар кој сака нека вели и нека критикува..човекот апсолутно максимално си ја заврши задачата во секој сегмент и еден пас не погреши ниту му зедоа топка..одлично изигран натпревар од негова страна..

Замената Ливаја -занети имаше логика бидејќи некој мораше да повлечи на средина и да се прошири играта а Џонатан и Занети во неколку наврати добри комбинации направија но на Џонатан центаршутевите слаба страна му се..

И кој му кур бизнис на Гробарите бе??..демек здружени со селаните од црвено-црниот дел од Милано па сега ќе пеат навредливи песни за ИНтер??..нека го исцицаат цел идиотите српски и во Белград ќе изгубат како магариња па нека пеат до утре ако сакаат..

И да..... победивме:cool:..а тоа значи позитивна атмосфера во тимот и кревање на моралот и скоро сигурен пласман во нокаут фазата во ЛЕ:LOL:
 
Одбрани чист гол, излета напред и се фрли во нозе на играчот на Партизан. Звер!
 
Што Ханда мајсторе, што се случи?

Партизан имаа стопроцентна шанса 85 минута и Ханданович мачка му ја стопи во шутот и веднаш после таа акција падна голот за 1-0:свиркам:
 
Гледав само 30тина минути од второто полувреме на очаен стрим, таман дојде голот мене ми се исклучи -.-
Нејсе, дур гледав јас, цело време притискавме, Партизан не го видов озбилно да нападни, освен по глупоста на Силвестре пред да дајме гол, ама среќа златен Ханда не спаси.
А ги дадоја накратко и утнатите шанси, реализација нула денес, арно се извадивме на крај :)
Туку како изигра Камбиасо како либеро?
Ко пуштив имаше влезено Занети, па Камби играше понапред...
 
Џонатан и Силвестерсталоне, нека бараат нов клуб во Јануари... ја би препорачал Чезена. Молете да не се повредуваат централните дефанзивци дека ни отиде јабана сезонава.Иначе солидна утакмица со многу ротации во првиот тим,, криво ми е за Кутињо што се повреди , се надевам дека не е ништо сериозно дека заспужува повеке минутажа. Брао за репот сврза 2 гола по ред се надевам дека така и ке продолжи .. уште Милито да распали и тоа е тоа :)
 
Каква радост!! :pos:
Мислам дека и играчите на Звезда не се радуваат толку.

Пак одевме по раб цел натпревар.
Али кој глуп менталитет го имаме, човече . Им требаше цело полувреме и страв од срам дека не успеале да победат ваков скоро младински тим, за да почнат да играат погоре на теренот и да пробаат некаков пресинг.
Да го правеа тоа од старт, ќе немаа никакви проблеми, зошто се класи над Партизан. Уште во прво полувреме ќе се завршеше работа, сигурен сум.
Се виде, малку поагресивна игра уште во стартот на противничкиот напад и овие комплетно се губат.
На сите, ама буквално сите им оставаме простор да пробаат да ја контролираат играта.

Гуарин беше добар денес. Ханданович е голманиште, очигледно, добро што таму сме обезбедени.
 
Добро, накратко, нема што да бараме ваква или онаква игра од втор состав (не дека кај нас се знае кој е прв состав, ама овие не играат заедно редовно па така да кажеме дека се втор). Важно да тепаат.

Она што е лошо во целава работа е што имаме тешки дрва на клупа и тоа онаму кај што е најпотребно да имаме квалитет - во одбрана.

Она што е добро во целава работа е што за среќа не ги продадоа / позајмија „резервните опции“ - Ранокиа и Хуан, инаку сега ќе му правевме друштво на Милан. Луда среќа имавме кога ќе размислам подобро.

Уште да го задржевме Фараони а да го дадевме Џонатан, полна капа ќе беше. Ама не, ние сакаме искуство :)

Кога сме кај позиција десен бек, јас уште утре би го прекомандувал М'баје во прв состав. Барем кога ќе згреши дечкото ќе можеме да кажеме: „дете е уште“ и „сепак е класа за Џонатан“.
 
Кога сме кај позиција десен бек, јас уште утре би го прекомандувал М'баје во прв состав. Барем кога ќе згреши дечкото ќе можеме да кажеме: „дете е уште“ и „сепак е класа за Џонатан“.

Mбаје е мислам нешто повреден, не игра ни за примавера...
 
вака така Мудингаи беше најдобар кој сака нека вели и нека критикува..човекот апсолутно максимално си ја заврши задачата во секој сегмент и еден пас не погреши ниту му зедоа топка..одлично изигран натпревар од негова страна..

Ја памтам околу 5 изгубени топки или погрешни пасови. :)

Работата е што типот е просек. Очигледен, голем, кристално јасен просек. Или во соодветен фудбалски јазик, не е за Интер, за тим како Интер.
Се труди, многу се труди, тоа е неспорно, ама кога ќе видиш што реално он носи во играта кај нас, тогаш сфаќаш дека има многу играчи што можат да го прават истото не само низ светов туку и во Италија.
Голем дел од нас имаат проблем со тоа што му е функција на Камбијасо кога игра во средина на терен. Ако со него имаме проблем тогаш нема зошто да одобруваме играч кој го прави истото што и Камбијасо, само за ниво полошо. Едино нешто што можеби има плус, е нешто поголема брзина.
Просечен дури и подпросечен во пасови, лоша- просечна техника и со двете нозе (Камбијасо барем левата му е многу силна), не е нешто интелегентен за еден на еден, просечно тактички интелегентен, нешто поагресивен и поцврст од другиве во средина, ама па тоа ни во 50% од случаите не носи резултат.
Можда носи некоја цврстина во средина, од физичка гледна точка, ама пак, тоа го имаат многу играчи кои плус имаат и квалитети за другата фаза од играта, што Мудингаи може да ги сонува.
Он супер си е за Болоња, Сиена и сличен профил на тимови, ама за кај нас во буквална смисла на зборот само фаќа место.
 
Признавам..Мудингаи си е просек и нема некаков екстра квалитет..ама човекот од сите изиграни натпревари во дресот на Интер колку што го пратев максимално добро си ја изврши работата..тој не е племејкер или пак креатор на играта за да пушта топки и да проигрува играчи на секое..но за трчање,покривање,дуели,ситни пасови човекот си беше на ниво..што сакаме можиме да коментираме и пишиме ни што е така така е
 
Znae li nekoj zosto kambi na mu ja dade kapitenskata traka na zaneti ? Cudna rabota...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom