Фан Клуб: Интер

како ??..зарем имаш работено во фудбалски клуб и знаеш како одат работите со агенти,плати комуникација триста чуда??мислиш едноставно е??
Ја промаши поентата, одговорот беше на друго прашање.

Не знам како не можеш да сватиш дека сме аматери на трансфер пазарот, се подбиваат со нас. Не велам дека јас и Бене сме експерти, далеку од тоа, ама ако ме прашуваш дали Бранка и компанија можат да направат подобра трансфер политика од нас, тогаш

http://www.youtube.com/watch?v=pZN51YMGpcA

Навистина не е толку комплицирано колку што го прават да изгледа, или колку што им изгледа. Прво треба да си го одредат буџетот, тазе средства кои планираат да ги инвестираат и средства кои планираат да ги добијат од продажба на играчи. Потоа, треба да имаат јасна визија за тоа кои играчи ќе ги продадат и какви играчи им се потребни. И да си ги дефинираат приоритетите.

Тие докажаа дека немаат никаква визија, и ова не го лупам на памет, ќе го поткрепам со аргументи:
1. Маикон / Исла
знаат дека ќе го продаваат, а го испуштија следниот најдобар бек во лигата кој им се нудеше. Да е трагедијата поголема, им го сервираа на ривалите.
2. Среден ред
Имаме одличен среден ред на кој му фали едно засилување, ако и толку. Што прават тие? Тргнуваат по Мудингаи. Габи факин Мудингаи. Еден од супер талентите: Кутињо / Алварез / Оби ќе го изеде дрвото поради ова.
3. Паласио и неговиот реп
Го купија за ебени 6, 7 или 8 милиони, со трчање, да не им побегне. Понатаму кога го бараа Лавеци, им фалеа тие 6, 7 или 8 милиони за да бидат во игра. Дали би играл со Паласио и уште еден како него, или Лавеци и рандом шпиц од децата?
4. Уште малку за нападот:
Де се интересираат за Лукас/Џовинко тип на играч, де се интересираат за Милер/Џагоев тип на играч. Се им е интересно, ако може да се купи. Тоа што се работи за сосема различен профил на играчи, не е важно, затоа што немаат визија што им треба.
5. Одбрана
Да не почнувам. На страна Маикон / Исла катастрофата, има играчи на пазарот како Коларов, чија цена ни е во рамките на можностите, ако сакаме да го купиме. Имаме 4 стопери во моментов, и 4 бекови без Маикон а со Занети. Потребен ни е еден квалитетен бек за да го пуштат Фараони на позајмица и да не го малтретираат Занети. Што прават тие? Не замараат со Андреоли и Ачерби тип на играчи.
Киву е вон конкуренција да не се нервираме безпотребно.
6. Цезар
Можеме да го продадеме и да го земеме Вивиано кој ќе игра за помала плата. Наместо тоа, ние ќе ја трампаме половината на Вивиано за Силвестре, играч кој не ни е ни потребен, барем не неопходен.

Ова што ти го пишав погоре е хаос, не се гледа никаков план, визија, идеја. Не е јасно што сакаат да направат. Нашата трансфер политика се сведува на тоа да купиме нешто за ситно, нешто што сеуште може да трча. Не ме онади со аргументи од типот дека се интересирале за многу а на крај ќе купеле нешто квалитетно. Види ја листата на играчи за кои се интересираат, срамота е за клубот.
 
Ио не ти го прочитав цел пост, подоцна тоа ќе го направам, али за Вивијано, не е он за Интер, не е за прв голман на оваа екипа и дефинитивно не е за да го замени Цезар достојно, како заена за Цезар се споменува Ханданович што е ок муабет и опција само не верувам дека Цезар ќе си оди од екипава, не ова лето. Вивијано има огромна дигресија во последниве 2 години у неговата форма, и ко капак на Се и лигаментите си ги поеба.
Во моментов е во права екипа за него, и тешко дека ќе направи чекор понапред во својата кариера, не верувам.

п.с. И за Коларов, цената може да си ја дозволат за него, проблем е неговиот договор, заработува колку Снајдер, т.е. скоро колку Снајдер, ако сака да игра во Интер ќе треба да се согласи за далеку помала плата, испод 4 милиони евра, накај 2м евра помала плата да има од онаа во Сити.
 
Сега читам дека покрај Интер и Милан, и Наполи се вклучиле во битката за големиот Мудингаи. Ќе биде тешко...
Ама сигурен сум дека Бранка овојпат ќе се докаже и ќе ја добие оваа битка. Ќе ви ги затне устите на сите што го викате неспособен.
trollol.png
 
Ио не ти го прочитав цел пост, подоцна тоа ќе го направам, али за Вивијано, не е он за Интер, не е за прв голман на оваа екипа и дефинитивно не е за да го замени Цезар достојно, како заена за Цезар се споменува Ханданович што е ок муабет и опција само не верувам дека Цезар ќе си оди од екипава, не ова лето. Вивијано има огромна дигресија во последниве 2 години у неговата форма, и ко капак на Се и лигаментите си ги поеба.
Во моментов е во права екипа за него, и тешко дека ќе направи чекор понапред во својата кариера, не верувам.

п.с. И за Коларов, цената може да си ја дозволат за него, проблем е неговиот договор, заработува колку Снајдер, т.е. скоро колку Снајдер, ако сака да игра во Интер ќе треба да се согласи за далеку помала плата, испод 4 милиони евра, накај 2м евра помала плата да има од онаа во Сити.
Не се согласувам за Вивиано ама Ханданович е исто ОК. За Коларов, знаеш дека даноците во Англија се огромни, разликата нема да е толку голема. Ќе има намалување сигурно, но нема да е така драстично за него. проблемот е друг: ние не преговараме. За ни еден од овие позвучни имиња ние немаме направено ништо конкретно (Лукас не го бројам тој е нешто како алиби за преговори). Виде како го испуштивме Исла? Без испукан куршум. Срамота.
 
Што е најтрагично,спласнаа шпекулациите околу Мусачо,а баш таков бек фали во Интер.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 17:01 ---
п.с најнова вест-Интер е заинтересиран и за Савиќ...идам да се отрујам.
 
ИО џабе збориш, нас сите не мразат, немаме пари а можеме на Форлан да му даваме 3 милиони годишно(иако Бранка рече сите ќе земаат до 2 милиони), исто и на Чибу што ќе игра 2 утакмици сезоната(кога ќе треба да се закрпи некаде, и секогаш ќе се нервираме, барем Ривас да го вратат ќе игра за 1 милион), и ред други работи кои ме мрзи да ги набројувам...

п.с. ИО, еве ти ја и Данска :D
 
Јас ќе ти кажувам што да играш, ти играј обратно :)
 
Ај Исла што ни избега,ни избега,иако сам се нудеше,фалеше уште да се натрти на Раиуно и да изјави мојот газ сакам да е дел од Интер.
Никогаш нема да го прежалам,ама остај тоа,нека го земат Дебуши барем,пошо Мајкон ако игра уште една сезона како последнава,се си ебало мајката.
 
Имав некоја надеж дека ќе дојде Кристијано Роналдо во Интер, ама како што мине времето,тешко дека ќе дојде.
 
Форлан изгледа си оди од Интер,најзагреани за него биле Интер,ама од Бразил :D

Наводно и Хандановиќ се договорил со Интер околу евентуален трансфер,што мене не ми се верува.Значи Цезар е на излезна врата.

Коларов мета број 1 за Интер (секој втор играч е мета број 1 за Интер,а на крај ќе остане истиот состав+Мудингаи)

Исла во Јувентус.

То је то,обрали смо бостан :)
 
Коларов мета број 1 за Интер (секој втор играч е мета број 1 за Интер,а на крај ќе остане истиот состав+Мудингаи)
И уште неколку пацери за кои нема да има место во Сампдорија и Џенова.
 
Хандановиќ за да дојде во Интер, сигурно Интер треба да плати најмалку 14 милиони како што читав, плус еден од Фараони или Хуан.
Кога ќе видиш сигурно околку 17/18милиони одат таму, а тоа сигурно е 3-4 години плата за Цезар.
Сега што Хандановиќ е помлад околу 5 години тоа е друга работа, може да се обезбеди голман за наредниве 7-8 години сигурно.
 
За Коларов прочитав дека Сити го одбиле Јуве и сега чекале понуда од Интер.
Ако им се чека до 31 август... :)
 
Интер нека го лапнат Дебуши па Исла кај сака нека иде, ама ич нема да го жалам.
Исто така ми се свиѓа што ќе го заменуваат Цезар со Ханданович, само колку има вистина во ова ќе видиме понатаму.

Коларов - Хуан ( Самуел ) - Ранокија - Дебуши
Со овие играчи во одбраната би бил презадоволен, а шансите за ова да се оствари се големи бидејќи нели според последниве информации се чека Маикон да се продаде и да се купи Дебуши, а ете и на Јуве е одбиена понудата за Коларов и едино што се чека е Интер да загризаат малце појако за него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom