Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Незнам што тренер треба да си за да сватиш дека ако еден играч те е*е првата утакмица постои голема веројатност па да ти го начука,но сепак Тактиката на Бенитез беше да нема фластер на Бејл.И после ке ми каже некој дека Бенитез бил тренериште,, немој бога ти љубим.Честитки за Тотенхем за добрата игра , дефинитивно заслужен пораз.
 
хахаха не сериозно ѕвер е Бејл-ов кој ќе ги добие Тотенхем во 1/8 финале ќе се изнамачи.

Рафаел е доволен. Да гледаше саботата Манчестер-Тотенхем ќе видеше како Рафаел го скроти на Бејл :)
 
Рафаел е доволен. Да гледаше саботата Манчестер-Тотенхем ќе видеше како Рафаел го скроти на Бејл :)

Рафаел го скротил Бејл. :tv:

--- надополнето ---

Инаку денес најслаба ви беше таа страна каде напаѓаше Бејл.Не знам зашто толку слабо изигра Маикон,не сум го гледал Интер во Сериа А,не знам како игра таму,но не знам не ми изгледаше вака Маикон минатата сезона кога го бараше Реал Мадрид.А и Рафа мислам дека многу касно ги направи измените.
 
Мхм да,ако му тргне вртпглаво лошо сезоната на Бејл 30. Почетна моментално му е 40 итоа почетна. :tv:
Измеѓу 20 и 30, инаку денес и официјално од сабајлево почнаа преговорите од Бранка за Бејл ...
Немам ништо против да го договорат и за 30, али, наредна година Маикон да го продадат за минимум 20 и да се земе уште 1 десен бек за мала цена, т.е. слично ко онаа за која дојде и Маикон, 7м евра ако не се лажам.

Него, мора подитно да се разговара со цел стручен штаб у екипата, оној од лани и овој сега на Рафа, со Пелегрини, очигледно треба да му се укажат некои работи, убаво рече Мурињо, интелигентен човек не менува драстично кога наследува шампионски тим.
И не мора да бидат толку тврдоглави, редно е да стартуваат со Ето и Милито ко главни напаѓачи и Снајдер позади нив, а средината да биде со тројца централни, не се сеуште кадарни за 433 системот.
 
Катастрофален натпревар од наша страна..додуша не знам зошто го обвинувате само Мајкон кога цел тим освен ето ни беше за никаде..не знам што му вели дебелиот на играчите во соблекувалната ама очигледно е дека прави многу грешки во составот..како прво треба убаво на Лусио да му се објасни кога ќе прими топка веднаш да се ослободува а не да оди напред да му ја сечат и веднаш се прави контра за противникот..како второ нели гледате дека средниот ред ни е катастрофа со играчи како Занети и Мунтари па потоа Нкванво....зарем овие играчи треба да го носат товарот во средниот ред на еден европски шампион??..убаво си напиша погоре бенемата за Камбиасо,Мота и Станкович......не дека овие се сјајни туку барем екипата ќе личи на нешто и ќе има каква таква поврзаност помеѓу нападот и средниот ред..а вака снајдер се враќаше до центарот само за да проигра....Ето денес изигра одлично за разлика од натпреварот со Џенова каде беше за никаде...Мунтари во почетокот изведе еден пас до Пандев ала Чави(што би рекол Syn) и потоа го снема и почна со грешките(типично за него)...Мајкон некако уморен ми делува..можеби таа е причината што игра толку слабо во последно бидејќи за него немаше многу одмор оваа година..Бејл е одличен играч но не заборавајте дека минатата година оваа иста одбрана се справуваше со еден месси,педро,робен,дрогба па за бејл не би требало да има проблем ама ете натпреварот па и не беше кој знае колку битен па играчите си дозволија луксуз да загубат......а да мило ми е што Милито го гледам повторно на теренот.....!..не очајувајте дечки одиме напред ..победуваме дома со Твенте и решен е проблемот..!
 
Сметај дека од денес му е измеѓу 30 и 40. :)
1 меч не качува драстично цена на трансфер берза, но ова им оди во прилог на Тотенхем да го извлечат максимумот за Бејл ( поготово во преговорите со Интер ), кој над 30 никад нема да дојде, не во период кога клубовите ке трошат се помалку и помалку.
 
Епа ајде да почнам вака,Мајкон тапа е кај го шина Бејл цела утакмица па и еден центаршут неможе да направи,мн пропадна Мајкон периодов.Али ајде нема потреба од паника кога пак ке завршиме 1 место во групата,само неможам да сватам да неможеш еден играч да го сопреш да удвоиш некако,да беше Мурињо Бејл немаше да знае кај му е главата ...

П.С Коментаторот капак на све,таков провокатор нема видено ...
 
Рафаел го скротил Бејл. :tv:



Не, Иванович го скротил. Кога не си гледал што мора да јадеш не ми јасно.

Инаку со Бенитез Интер само ќе тоне. Нека не чекаат како Ливерпул па за 3-4 години и тие да се задоволуваат со учество во Лига Европа.
 
Како прво неможеме да го кривиме Маикон што не може да му земе топка на Бејл,се виде дека е премногу брз и го поминува како сака! Ова е грешка на тренерот,требаше да постави 2 ца да го чуваат како што направи Мурињо со Меси коа не мрдна! Признавам дека Маикон е во најниска форма од кога го знам но за Бејл мораше денеска да има помош од уште еден играч,што се однесува до Снајдер кога ке сфатам можеби е не толку лош колку што мислиме бидејки коа ке погледнете со кој игра Мунтарим,Нванко! Го пратам Снајдер цело време и гледам дека упорно само он бара топка другиве ги мрзи да се откират,неговата вистинска слика ке се види коа ке се вратат Мота,Станкович,Камби!
 
И овците среќни и Сасуке си го измава 2-3-4-50 пати на Бејл (како го пегла Интер)

\o

хахаахха ѕвер еј како знаеше ? :tv:

Ај да не биде офтопик постов Пандев,слаб,тосет едвај просек.
 
Не заебавај, па ти цело лето збореше дека Маикон моментално е незаменлив, оваа сезона само потврдува и те како може да биде заменет, во случајов и со Бонера а може и Абате, џабе се кукаше и плачеше по форуми да не си замине. Убаво реков ја, 1 Ибра беше покриен, а не па еден десен бек.
Подезертерски немам видено некој да игра во Интер долго време, убаво некои го израмнуваат и со Грешко, е до тој степен се разочарани од него фановите, срамота, фејл ...
Па и центар шутевите, оној на крај, на 2-1, лелееј, хорор филм, не за џабе и режисерот 10 пати у кадар прво него го даваше, па Бејл, колку да укаже на тоа колку е само беден во моментов Маикон, 10 и дефинитивно кулминираше неговата беда во овој Интер.

Истото и за Рафа важи, најлош негов меч со Интер, полош и од изданието со Атлетико Мадрид.
Да не мешаме баби и жаби... Летото за летото, мечов за мечов и оваа сезона.
Маикон што игра дезертерски до негде си во право, али треба да си глуп како Рафа да не го удвоиш најдобриот играч на противничкиот тим. И не е десен бек, туку лево крило, ако Бејл играше денеска лев бек јас сум Чак Норис.
Како што викаш и ти, за оваа формација треба ептен трчање и притискање на противничка половина. Кога веќе Биабиани не го блокираше нивното лево крило(или лев бек според тебе), кај беше Занети да покрие? Кај беше Мунтари да покрие? Кај беше после тоа Нванкво да покрие?
Да те потсетам за мечот со Барселона дека Ето го чуваше Меси, исто и Мота, исто и Капитенот.

Не, покривањето на Бејл беше фејл на Рафа, и ако толку не му иде на Маикон можеше да го стави Сантон, барем он има искуство со Роналдо.

Ако беа во тимот Мота, Станкович и Камбијасо(барем 2 од нив), подруго ќе беше, Бејл ќе немаше толку шанси за продори и игра, тоа што го имаше сега. И да не беше оној никаков Снајдер во првите 30 минути, да покажеа Интер заби, можеби немаше лесно да играат Тотенхем...

Бејл е одличен играч, стартна брзина - брзина - цврст во дуели... А башка тоа, сите сме согласни дека Маикон во одбрана игра лошо. Можам да му забележам за лошото играње во напад денеска кога не успеа да нафрли 2-3 топки.
 
хахаахха ѕвер еј како знаеше ? :tv:

Ај да не биде офтопик постов Пандев,слаб,тосет едвај просек.

По тоа шо од 3670 поста , 3500 ти се против Интер , 150 против Милан 2 за Милан и 18 за мајка му на Д Грејт/рандом ЈуБенташ ...

Еден од ретките навивачи на Милан си шо има кошмари од Интер (мада ваљда пошо од коа ти го следиш Милан Интер има мн. поише освоено :])
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom