^Грешко згреши апла последната утакмица, Цезар на 6 утакмици пред крај згреши.
Сеа прво рече не е битно, сега испадна битно е што згрешил баш у последна ...
Цезар да те поправам само, на 6 утакмици до крај згреши 2 пати, т.е. 7 или 8 беа не е ни битно, со тоа што Рома до крај имаа само 1 сериозен тест, Лацио, све останато им беше мачкина кашлица. На крај краева Тони по поразот од Сампдорија кажа, не гледам каде Интер би загубиле бодови до крај, така беше и со Рома, освен на оној меч со Лацио, никој не гледаше каде они ке загубат бодови.
Затоа по поразот од Рома тогаш реков, ако Интер сака титула мора 7 од 7 до крај да прави, ја победија мислам Аталанта или Болоња, не е битно, и дојде најсериозниот тест за Интер до крајот на сезоната од тие 7 утакмици, Фиорентина, и ете ти го повторно Цезар во свој стил.
Рома ги победува Лацио и после се очекуваше само чудо, ништо повеќе, истото и се деси со Сампдорија, ако го изгледаш мечот уште еднаш милион прашалници ке ти се појават за тоа како успеаа Рома да загубат, на 1-0 имаа 3 стативи, пенал ситуација за Рисе и празен гол промашен од Тоти, додека пак гостите, 2 директни удари кон гол и тоа во второ, двата влегоа.
Дал е последно коло, или последни 7 каде се крши сезоната исто ти е, се знае дека на крај конкурентите имаат многу мала веројатност да згрешат, само за наша огромна среќа, Рома загубија против тим кој 50 години не успеал да победи во Рим, јас искрено, повеќе се радував на головите на Пацини, него на оние 3 гола кои Интер им ги даде на Барса.