Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Рио на колку години го достигна својот врв? Валдес? Леле какви киксови ги правеше, да не треба да те потсеќам јас? Џон Тери кога го достигна врвното ниво? Значи не збориме за првотимски статуси.
Ме мрзи да копам информации Невил во Манчестер од кога почнал да игра, или пак еве ти најдобар пример: Хавиер Занети на 23 години во Интер, треба нешто повеќе?

И се согласувам со тебе дека треба некој искусен да биде на таа позиција, али воопшто не се согласувам дека е најкомплексна позиција.

Aбе не збориме за врв, збориме за првотимски статус во Јунајтед и Барселона. И какви киксови правеше Валдес ? Му го лапна местото на Рушту по само неколку кола и од таму не мрдна до ден денес, истото важи и за Икер ...
Занети е 1 од ретките, а и 23 години е таман, ама не и 19 ко што вие овде ми зборите за Сантон ... Сантон е дете, со една изиграна добра полусезона во 2 години, значи една полусезона од 2 цели сезони, Занети кога дојде во Интер веќе беше ебење од фудбалер во својата земја, со преку 60 настапи ко првотимец.
Не иде да ставаш 23 годишен фудбалер, кој беше феноменален во својот матичен клуб и детенце ко Сантон ....

А за комплексноста на позицијата бек, јас реков, цитирам
Позицијата бек во одбрана е доста комплексна
па потоа, цитирам
Една од најкомплексните
, ти '' слабо '' ми ги изврте зборовите. :) Факт е дека бековите се едни од оние играчи кои добиваат најмногу инструкции во време на 1 натпревар и се едни од оние играчи кои трчаат најмногу во своите тимови, не може тој тренерот на петличи да ми каже дека позиција каде играчот од една страна треба да прави кросеви напред, а од друга да го стави Меси у џеб или Роналдо не е комплексна, односно, била проста, лесна или што ти ја знам.
 
Кога ви викав јас навивајте од старт за Холандија ко мене, вие Италија па Италија ... :pos:
 
А зашто му го лапна местото на Рушту? Зашто и он не беше ништо поарно :)
Па не е и Занети, тука е и Гери Невил, од 18 години ако не се лажам е во првиот тим на Манчестер.
Во земјата Аргентина бил ебење, тоа ти е како меч со 2 острици, и Бурдисо имаше настапи, настапи и настапи па во Интер правеше киксови.
Аналогно на чувањето на Меси и Роналдо, ти иде и чувањето на Дрогба, Ето, Анри, Ибрахимович... и уште 20 врвни напаѓачи не е комплексно?
И Киву или кој и да го чуваше Меси, колку кросеви направи? (ниеден а?) :)
А и со овие муабети самиот си се демантираш дека Маикон може да се замени, зашто дете од 20 години не се става во игра, дечко од 28 години кој игра слично како Маикон е Алвеш(читај во Барса е полесно да играш зашто имаш помали дефанзивни работи поради контролата на топката во средината на теренот) додека друг нема !!!
Добро, не беше намерно извртено, али ипак кажа дека е доста комплексна работа, што според мене во тимот е најнекомплексна во споредба со другите позиции.
 
Занети е за мене e најдобриот бек во историјата :)
 
Рушту воопшто не беше лош голман, нит правеше киксови, имаше проблеми со комуникација па дур да научеше шпански Валдес доби шанса и до ден денес ужива во истата ...

Него убаво што самиот си ги спомна и Занети и Невил, овој првиов те уверив дека имаше преголемо искуство од настапи, преку 60 што е многу, овој вториов 3 години дремеше на клупа се до 20та година кога стама првотимец во Јунајтед, вие овде ми вртите муабет дека цела сезона треба да се потпреме на Сантон што е нелогично од една страна, од друга го спуштате Интер прениско на земја ради огромниот ризик што го носи таа ситуација, Сантон првотимец.

Друго, незнам шо мешаш црно со бело, Дрогба, Ето, и остали се чувани од централни дефанзивци кои центар поминуваат само за корнер и чат пат при исфрлање на топка од своја половина ко Лусио ...
За Киву, пак, незнам што го спомињаш кога Мурињо цела сезона напаѓа од десната страна, исто беше и со Максвел, секогаш се одеше од десната страна зашто Маикон имаше поголема слобода бидејќи Занети покриваше кога овој одеше во напад. Значи дал е Барса или некој трет, секогаш беше така, и со Катанија Киву слабо стоеше со кросевите зашто очигледно беше која страна секогаш ке ја преферира Мурињо. Али еве, тргни од Евра на пример, или Рамос, или Ешли Кол, не го гледај стриктно Интер ...
А со тоа дека се демантирам со Маикон, тоа е само твоја констатација која благе везе нема со реалноста, ти реков, муабетот за незаменливост според тастатура-експертите постоеше и за Ибра, и за Занети и за Кафу, а муабетот за комплексност на позицијата, по незнам кој пат ти реков, ми цитираш тренер на петличи, ветер и магла се ставовите на таквите '' експерти '' у земјава, по распространети се и од цигани на раскрсници.
Или, во право си дека Маикон е незаменлив колку што беа у право оние кои истото го велеа и за Ибра, енд оф стори, и тогаш бев убеден дека таа дупка која настана по неговото одење ке биде пополнета, убеден сум и сега дека ако си отиде Маикон, ке биде донесен друг квалитетен играч кој ке ја пополни достојно таа позиција.

п.с. За мене, Занети секогаш ке остане најдобриот десен бек кој го имале Интер од кога ја сум нивни фан, и да не е овој играч во Интер, Маикон ке беше упола од тоа што е денес бидејќи најмногу ради него ужива толкава слобода во играта, бидејќи Занети е секогаш неговата потпора у одбраната.
 
^Не, ја ти кажав нешто што има кажано тренер на тим од Прва Македонска Лига, али тоа мање-више битно зашто другиот дел од мојот пост беше мое мислење.
Друго, Сантон веќе има 19 години ако не се лажам(ме мрзи да проверувам), чим можел Гери со 20 години, што е подоле Сантон?
Ајде да видиме кој ќе има такви настапи како Маикон, крајот на сезоната ќе покаже, нели? :)
Јас никогаш не сум рекол дека Ибрахимович не е незаменлив.

Крај на дискусииве за Цезар и Маикон, не не водат нигде.
 
Рушту не правел киксови во Барса ?? :pos:

Колку само киксови правеше,тоа е едно чудо,примаше голови од пола терен и само го местеше репот ко Парис Хилтон...Рушту у Барса беше тапа голман,коа ке се сетам на една утакмица со Расинг Сантандер какви голови примаше и го папна немиен Барса,смеа ме фаќа...
 
Занети е за мене e најдобриот бек во историјата :)
Прво претеруваше со Цезар(нешто најдобар голман),сега Занети најдобар бек во историјата.
Па Кафу(на него прво ми текна) беше светлосни години пред Занети.
 
Прво претеруваше со Цезар(нешто најдобар голман),сега Занети најдобар бек во историјата.
Па Кафу(на него прво ми текна) беше светлосни години пред Занети.

Добар виц, каков црн Кафу...
 
Oбожавам кога зборите на памет, али ко вчера ја памтам цела ситуација на Рушту у Барса, прво, сите светски гиганти беа заинтересирани за него, второ, бранеше ненормално добро во предсезоната каде се повреди по што Валдес беше ставен на гол, а откако се врати Рајкард не му укажуваше шанса поради проблемите со шпанскиот, он воопшто не ни доби здрава шанса, еве и вики истото го вели ...
After spending nine seasons with Turkish giants Fenerbahçe, Rüştü was available on free transfer. Offers came from AC Milan, Barcelona, Internazionale, Valencia, Manchester United, Arsenal, Juventus, and Liverpool. Rüştü was very close to signing for Arsenal, but he had a dispute with manager Arsène Wenger and the transfer was cancelled; instead, he was transferred to La Liga giants Barcelona. Rüştü had a successful pre-season with Barcelona in his first season, until injury hit him. The opening match day of La Liga arrived, and Rüştü made his full recovery a day beforehand. Manager Frank Rijkaard chose to play Víctor Valdés because Rüştü's Spanish was still very weak. Rüştü was upset by this, saying "It is not normal for a goalkeeper of my history and caliber to be left out because I don't speak Spanish."
 
Кафу е најдобриот десен бек што го имам гледано...
Сакал ти или не,твој проблем.

Иди ти бе најди го Меси,го бара цел свет и сеуште го немале најдено...
 
Кафу е најдобриот десен бек што го имам гледано...
Сакал ти или не,твој проблем.

Тогаш твоите стандарди за еден десен бег се неправилни. Кафу беше добар офанзивен бек ама во одбрана??? :pos:
 
^Не, ја ти кажав нешто што има кажано тренер на тим од Прва Македонска Лига, али тоа мање-више битно зашто другиот дел од мојот пост беше мое мислење.
Друго, Сантон веќе има 19 години ако не се лажам(ме мрзи да проверувам), чим можел Гери со 20 години, што е подоле Сантон?
Ајде да видиме кој ќе има такви настапи како Маикон, крајот на сезоната ќе покаже, нели? :)
Јас никогаш не сум рекол дека Ибрахимович не е незаменлив.

Крај на дискусииве за Цезар и Маикон, не не водат нигде.

Да али Сантон до сега со ништо не покажа дека заслужува перманентен првотимски статус, имаше една полусезона во Интер која ја изигра солидно и толку, лани беше очајно лош, да не речам катастрофален, он и да немаше повреда шанса пред Киву и Занети никогаш немаше да добие.
А за Маикон, зависи што подразбираш, задачата на бековите не е да постигнуваат голови тоа сите добро го знаеме, Маикон ради Занети знаеше да игра повеќе како десно крило него како десен бек, колку пати само отишол напред и останал кај рекламите позади голот зашто во таква ситуација Занети беше десниот бек за Интер.
Затоа и ти тврдам дека доколку не беше капитенот во тимот, Маикон ке беше упола од ова што е ...
Било кој друг бек да дојде, шанса нема да постигнува толкав број на погодоци, најмногу поради фактот што Занети полека но сигурно ке биде селен на клупа, се додека он игра средина, Мунтари да е десен бек ке има 1 тон слобода баш ради него.
 
Иди ти бе најди го Меси,го бара цел свет и сеуште го немале најдено...
Го нашле вчера како влегувал во некоја група на фејсбук: "Сите оние кои го бараат патот до голот на Интер"
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom