Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Луѓе ај погледнете го голот што го примивме уште некој пат и обидете се да приметите дека тапна топката пред Цезар. Не би рекол дека е скроз крив. Жабица е најзаебана за бранење прашајте било кој што брани.
FORZA INTER!!!!!

Без разлика, ја имаше, негова беше, само требаше посилно да отиде на неа. ОК, јас разбирам дека му е нарушен балансот од несреќата и не му замерувам воопшто. Имаше и одлични одбрани.
 
Луѓе ај погледнете го голот што го примивме уште некој пат и обидете се да приметите дека тапна топката пред Цезар. Не би рекол дека е скроз крив. Жабица е најзаебана за бранење прашајте било кој што брани.
FORZA INTER!!!!!

Има вистина во тоа дека жабицата е лоша за бранење, али погледни и ти убаво и ќе видиш дека Цезар ја закачи топката но не ја фати убаво а
можеше... Не го окривувам него, сепак имаше сообраќајка...
 
Curva Nord се воздржа од протести за натпреварот со Самп како што најавија преходно, но на останатите трибини се појавиле транспаренти како овие:

„Интер обединет против сите“,
„Стигна сметката за понижувањата во дербито“,
„Што ќе измислите во Удине? Дека сме им ги краделе копачките? Идиоти!“,
„Промени на календарот, пенали и исклучувања...“
 
Берлускони е крив за глобалното затоплување.....

Итн, итн :pipi:
 
Берлускони е крив за глобалното затоплување.....

Итн, итн :pipi:

Види сега човек обвинет и осудуван за поткуп цел живот е по судови тежок развратник се може од него да се очекува.
Berlosconidoll2009-12-18-1261153596.jpg
 
Ах Мурињо, Мурињооо..............

Ајде јас пак со мојата анализа.....

Цезар...... Освен онаа грешка за голот, беше одличен на голот!

Маикон.... Со оглед на тактиката која беше дефанзинвна беше супер во одбраната, но кога ја здрви онаа во 27 ред, си реков- Еве го овој пак почна! Но сепак беше добро.

Лусио........ Фората со неговиот џеб кажува се!

Самуел...... Исто така беше одличен иако на моменти статичен и не се движеше многу, сепак беше одличен во дуелите!

Занети..... По не знам кој пат КАПИТЕНСКИ!

Станковиќ...... Изглеа според тактиката не му беше дозволено да игра со топка, туку задачата му беше стриктна- Лампард да не прима топка!

Мота.... Додека овој погоре беше заангажиран за еден играч тој беше да разбие и прекине акција во прав момент, е сега некогаш мораше да игра и грубо за такво нешто.

Камбиасо.... Ѕверотиња, го имаше на сите страни!

Снајдер...... Иако не се наигра беше добар, на моменти не додаваше кога треба ама сепак беше добар.

Милито.... Тој си продолжи со 100% кога е во прашање влез во шеснаесетники давање гол. Може да измислиме тактика- Најди го Милито во шеснаесет и добиваш гол!

Ето....... Сиротиот тој, ако знаеше шо игра ја ке си го сечев. Најслаб на теренот! Едноставно Мурињо мора да го менува.

Балотели.....Тука ке се задржам малку дека со тоа шо ке напишам нема да се согласите со мене, арно ама ја така мислам. Кога тој влезе целата тактика на Мурињо беше да се игра по левата страна. Мурџо мислам дека воопшто не го искористи тоа. Имаше само еден единствен центаршут и ништо друго и тоа против еден Малуда како бек. Требаше и Мораше да игра мнооогу подобро. Освен што на 2-3 пати издрибла по аут линијата и тој единствен центаршут, Мурџо беше тотално неупотреблив. Повторувам дека МОРАШЕ да игра многу подобро!

Пандев... Со оглед на тоа дека Мурџо беше целта на топките воопшто не беше забележителен, исто како и Милито по поставувањето на таквата тактика.


Мислам дека згреши Мурињо шо не ги напна малку Челзи, затоа што бев сигурен дека ке беше многу подобро за нас. Кога го внесе Мурџо во игра се виде дека се свести, но затоа пак овој не покажа ништо по таа лева страна освен еден центаршут. Не знам зошто одма не реагираше на тоа како шо вообичаено и прави со менување на страните на крилата.

Сепак што е тука е, мислам дека таква игра ја чува за во Лондон, таму мора да притснеме затоа што со ваква игра тешко дека ке поминеме.

За во Лондон ако не го игра Пандев од старт да си јаде куро тогаш!


ПС. Знам дека нема да се согласите со мене за Балотели (Мурџо) ама јас така ги гледам работите!
 
Честито победа браво добра игра Лусио звер :vozbud: нападот Милито играше многу добро само Ето е многу слаб последниве утакмици мора да се докаже или Пандев ќе му го земе местото :)
 
Има вистина во тоа дека жабицата е лоша за бранење, али погледни и ти убаво и ќе видиш дека Цезар ја закачи топката но не ја фати убаво а
можеше... Не го окривувам него, сепак имаше сообраќајка...

Воопшто не треба да се окривува Цезар за голот, па погледнете само како Мота се влече позади Бане. Дефинитивно е негова кривица за примениот гол.:tapp:
 
Тери во тој момент мислел на жена му од Фереира,и затоа беше малце збунет.

Иначе Ето е дрво.
Пандев треба да му го земе местото(само не против Челзи).:back:
 
Честито победа,со среќа и на Стемфорд
Лусио ЅВЕР!!:vozbud:
Ето ТАПА:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom