Eпа еве, ги ангажираа Кварезма и Мансини, првиов беше феноменален пред да дојде во Интер, најдобар играч на Порто и немаше фан на Интер што не го посакуваше во тимот, овој вториов не докажан, предокажан беше во Италија.
Од каде знаеш дека Ди Марија или Красич се таман за Италија, односно, од каде знаеш дека истиот муабет што го вртиш за Кварезма не важи и за овие двајца ? :wink:
Ван Дер Мејде дојде сезоната по онаа кога во последно коло загубија титула, е сеа тоа лето го изгубија Роналдо и се деси тоа што се деси, но факт е дека важеше за огромен талент во европскиот фудбал, тогаш догура и до националниот дрес.
Интер едноставно не е створен за вакви играчи, незнам тоа како да ти го докажам, и Панчев убаво рече кога гостуваше кај Бране дур коментираа Интер - Милан, Интер е од недостаток на креативци и универзалци во среден ред, тоа е она што фали во екипата, а не крила, такви на тони ги имаа Интер и сите беа кој од кој помизерен.