Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Шо ти е тебе?
Како може Мајкон да го дадат?
Мајкон е перфектната замена за Занети:helou:
Алвес ако го земеме тоа ке биде добро,Кварезма да се земе и тоа е се што ке треба!


да,да,да само тоа ни треба,позз
 
Aман , дај постирајте во рамките на реалноста , Маикон да го дадат и плус доплата за Роналдињо ?!?!? Нема логика да се откажат од позиција на која Интер никогаш нема да најде таква алтернатива т.е. ке им требаат години за да најдат некој асален ( нека ви текне колку долго имаа проблеми на левата бековска позиција ). Занети нема вечно да игра вака , стар е , една повреда и ај чао , плус како што рече Бојан , иста ваква информација имаше за Рони пред неколку месеци само сега е додаден и Цезар во истата .

За Кварезма , Диего и Агуеро сите се согласувавме али знаеме кој ке го има последниот збор , експертот за трансфери , Морати .
Најголема добивка која ке ја има Интер е носење на Мурињо , не само поради неговиот начин на менаџирање , тргнете го тоа на страна , типот сега има поставено услов а тоа е каде и да заврши во иднина , тој да биде оној кој ке го има правото за избор на засилувања ( тоа не му беше дозволено во Челзи што се покажа катастрофално за клубот со носењето на Балак и Шева , играчи кои Мурињо не ги сакаше ) , а знаеме дека никогаш не грешел при изборот на играчи , од Дрогба направи еден од најдобрите напаѓачи во светот ( типот ко мало дете плачеше кога Мурињо си отиде ) , од Есиен ноу комент , сами пресудете , а да не потсетувам што се не направи со Порто пред неколку години , имаше право Мурињо кога дојде во Челзи и кога на првата прес конференција рече дека е Посебен .

Ем можете само да замислите што се нема да прави на прес конференциите во Италија , пред Се со весници ко Газета и Тутоспорт а да не зборам како ке реагира на лигуши ко Тоти и Де Роси , доаѓањето на Мурињо во Италија ке го направи фудбалот во таа земја многу поинтересен .
Така да бар мене како фан на Интер најбитна ми е смената на Манчини со Мурињо , останатото само по себе ке дојде .
 
Forza Inter!
interwp2883.jpg
 
и што е најважно нема да трпи срања од ѕвезди како фиго и виеира
 
Последен пост на темава,се дур Манчини не си ојт!
Кога ке си ојт пишувам МЕга-Ултра голем пост за сите играчи на интер+за менаџерот.
 
мислам оти интер со тва шо го прават ај ке го падаме ај не го падаме манчини повеќе ја занишува одбраната на титулата.. може да стане некоја кавга шо ке се одразе и на титула и на се.!позз!
 
мислам оти интер со тва шо го прават ај ке го падаме ај не го падаме манчини повеќе ја занишува одбраната на титулата.. може да стане некоја кавга шо ке се одразе и на титула и на се.!позз!


Toa го зборев и јас , затоа и реков дека Морати ке се обиде да ги смири работите до крајот на сезоната а после тоа Клоца за Манчио , али реакцијата на Морати после натпреварот со Јуве целосно ја оправдувам бидејќи беше невозможно да се преќути таквата игра што беше резултат на тактичките грешки во составот и поставеноста на играчите во истиот кои нормално беа дело на идниот екс Тренер на Интер , Манчини .

Плус он е виновникот за ваквото нарушuвање на атмосферата во тимот , самиот кажа дека ке си оди без оглед на Се во најлошиот момент за клубот сезонава и тоа без претходно да се консултира со Морати , на некој начин Морати во ситуацијава беше и понижен бидејки Манчини истото го кажа на прес конференцијата после натпреварот со Ливерпул пред 100 новинари ( сеирџии ) а до него седеше Морати , е сеа можеш да замислиш како се одразила таа реакција на Манчини кај Морати во тие моменти кој само кратко прокоментирал ,цитирам:" Moжеше мене да ми кажеш пред истото да го направиш пред нив " . . .

Најбурно реагираше синот на легендата на Интер Факети , кој веднаш побара отпуштање на Манчини , така да за иднината на Манчини во Интер не треба да се шпекулира , истата е позната , ке трае до 38мото коло оваа сезона и толку .
 
Продолжуваат шпекулациите...

Corriere dello Sport пишува дека Морати го губи трпението со Роберто Манчини и информациите говорат дека тој нема да биде на клупата на Интер во следната сезона дури и ако освои титула.

Поранешниот менаџер на Челзи, Хозе Мурињо најави враќање во идната сезона, неговата цел е да води голем клуб во Италија или Шпанија. За Морати, Мурињо е првиот избор за замена на Манчини и е спремен да му понуди четиригодишен договор со кој португалецот би заработувал четири милиони фунти по сезона.

Проблем околу доаѓањето на Мурињо во Интер би можело да биде тоа што тој сака комплетно влијание во трансферите на клубот, тоа значи дека нема да прифати да работи со сегашната структура во Интер, вклучувајќи ги директорите Марко Бранка и Леле Ориали. Покрај интересот на Интер за Хозе Мурињо, се претпоставува дека по португалецот би тргнале и клубовите на Барселона, Реал Мадрид и Милан.

24фудбал
 
redno e da si ide mancini i jas mislam deka ke dojde murinho no ne za 4 mil tuku za 5 mil i ke gi donese lampard i drugi dobri momci
 
ALOOOOO INTERASI nekako zamrevme po serijata losi rezultati, na nikogo ne mu se govori niso za debilot Mancini. :)

Ajde ne e nisto zagubeno so malku dobra igra i malku poveke sreka ke se vratime na pravite pateki, Kako taka da ja osvoime dvojnata kruna pa dogodina so sveza krv ke atakuvame na LS
 
Според неколку англиски весници, Дидие Дрогба, напаѓачот на Челзи, им спомнал на неколку соиграчи негови, дека за време на летниот преоден рок, ќе премине во Интер. Изгледа и он ги слушнал гласините дека можеби Мурињо ќе го замени Манчини, па сака да работи со него... Којзнае.
Колку е ова вистина, знаат само Дрогба и неговите соиграчи.:)
 
Ne ni e potreben napagc gi imame za izvos, ni treba samo kvalitetni sasiluvanja vo sredniot red i nisto poveke
 
Свесен сум за тоа; Само ве известувам што пишуваат медиумите. :)
 
Нека си го продадат Ибрахимовиќ и нека го земаат Дрогба поубо ке биди така.
 
Ne ni e potreben napagc gi imame za izvos, ni treba samo kvalitetni sasiluvanja vo sredniot red i nisto poveke

Што е лошо , затоа и мислам дека треба да се направи едно чистење на тие позиции , Дрогба одлично би се снашол покрај Ибра , у принцип на форумов бев против два класични напаѓачи во нападот , преферираф еден полишпиц покрај Ибра ( Агуеро ) али можам ли да оспорувам тандем Ибра - Дрогба , само проблемот ми е што би се фрлиле големи пари за 30 годишен фудбалер .

BTW , ја гледаше вчера некој играта на Бурдисо за Аргентинската Репрезентација , типот го даде и вториот гол . . .

Нека си го продадат Ибрахимовиќ и нека го земаат Дрогба поубо ке биди така.

Ибра е феноменален напаѓач , тоа не го оспорува никој , али многу критики паднаа врз него по последниве неколку меча , вклучувајки го и тој со Ливерпул , но што очекувате кога играта на целиот напад зависи многу од средината која Интер оваа година ја нема . Пола од головите на Ибра беа од пенал или од индивидуални потези , во последно време типот и многу тешко влегува во шанса и се труди што повеќе да изиграва асистент во акциите зашто неговата игра поради непостоењето на средината е многу очигледна , плус секогаш е чуван од двајца играчи , делува целосно отцепен од '' играта '' на Интер и затоа и се јавуваат тие фрустрации и испади кај него ( со Ливерпул , со Палермо ) , таа улога која Ибра ја превзема во последните мечеви треба да ја има еден до двајца играчи од средината на теренот која воопшто не е експлоатирана во играта на Интер .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom