Имавме игра до 60 минута ама немавме среќа, после се сврти тркалото и со играч повеќе напаѓавме. Ало, напаѓавме со три шпица. И уште имаат лице да брмчат? Пет минути не издржаа со израмнети сили, недај боже да имаше поголемо продолжение, како изгубени трчаа по теренот со играч помалку. Браво за Креспо, навистина одигра одлично... само немаше среќа, ќе беше тоа гол на сезоната. *Тоти како по обичај беше згрижен од судијата, само не ми е јасно, како можи за старт како оној што го направи над Максвел да нема жолт а за други обични стартови да покажува жолти судијата? *Мексес ја имаше судбината на Матераци, ама ич не ми е криво... заслужија за сето глумење, за сите провокации да му се врати, го изигра Креспо како мало дете. Е гледате, значи убаво било кога постојано некој се подместува, паѓа, се преправа? Во анален отвор, ајде.
Марио беше под импресии. Суазо, немаше некоја вистинска шанса. Креспо кажав, одличен. Деки катастрофа, Фиго мајстор. Се виде што фалеше во играта на Интер изминатите неколку кола, штета што нема сила за комплетни 90 минути. Виеира ме изненади, одигра сосем солидно. Камби катастрофа, бележи огромен пад во формата. Пеле, не покажа ништо посебно, стандарден, смирен, игра со срце игра со ум, ќе го биде. Занети, не постои збор со кој би се опишал овој играч, т.е. постои... ИНТЕР во човечко тело. Максвел и Маикон беа ок, ништо посебно ме разочара десниот бек на Интер кој оваа утакмица беше под неговото ниво, дозволи да биде излажан на повеќе пати од црногорецот. Бурдисо карпа, ѕвер... Бурдисо од Бока. Мора да се покажи во вистинско светло сега, сега кога му е најпотребен на Интер. Не го кажал последниот збор Николас... верувајте. Има огромен потенцијал, одличен е во маркирањето и во скок дуелите, да не зборувам за играта во 16-терецот. Нормално дека не е совршен, знае да направи кикс, но сепак треба да гледаме во глобала а не во еден лош потег. Киву солиден, подобар од минатите утакмици... се гледа дека му лежи Рома.

И за крај Цезар имаше неколку навистина добри одбрани, покажа дека Интер секогаш може да смета на него. За голот не можеше да направи ништо... значи супер борбена игра на фудбалерите на Интер, катастрофална тактичка грешка на Манчини во вака важен натпревар. Среќа што нашите играчи имаат големо срце и победнички дух и успеаја да го надоместат неприсуството на Максвел, во спротивно лошо ни се пишеше.