Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Интервју со Морати доцна ноќеска...

Дали си изненаден со заминувањето од Челзи на Мурињо?
- Прв пат слушам за ова... да изненаден сум...
Веќе се слушаат гласини за чудни можности...
- Не, не, не...

:pos::pos::pos:

Аман бе ... до толку ли е попален Морати по Манчини бе?
 
сите се криви...овај интер ми личи на реал мадрид пред 2 сезони...кога никогаш не се знаеше..некогаш ке тепаше 4-0,а некогаш ке го кркаше од некоја е*ана екипа 3-1 или 2-0...
сите се криви...манлини е крив шо постои,играчите на интер се криви шо мислат дека знаат да играт...морати е виновен дека му ги исполнува сите желби на манчини...и така ојт то...
 
Еј, нешо слушам Самуел си го изгубил пасошот и останал во Турција ...


- знае некој нешто за ова?
 
Да бе... со Адриано заглавиле на фришоп, купувале виски:pipi:
Глупости! Шпекулација е.

Еве нешто интересно

Откако Мурињо си замина од Лондон, започна поплавата од понуди кон играчите на Челзи. Ние сме пратиле понуда до Лампард а Милан до Дрогба. Мислам дека пред нас следи интересен трансфер период, налик на оној пред 2 сезони, кога Јуве беше вратен во сериа Б и пола тим се распрсна.


бонус:

Типувајте каде ќе замине Мурињо...

2-1 Portugal

5-2 Barcelona

6-1 Real Madrid

8-1 AC Milan

10-1 Benfica, Porto

14-1 Inter Milan, Juventus

16-1 Arsenal, Liverpool, Manchester United, Tottenham Hotspur.



Исти шанси ни даваат со Џуве? :pos:
 
Инаку тоа за Самуел у весник го прочитав денес у школо. :)
 
Мурињо во Интер! Да или Не?

Ако се прашувам јас... ДА!

За Мурињо би одел до Лондон и ќе го носам ушка се до Милано.
Зошто? - Затоа што не можам веќе да ја гледам идиотската фаца на Манчини после секој неуспех, и не превземањето на вината за поразите.


Ајде поубаво да се искажам. Ќе ве запрашам, кажете ми утакмица против ДОБАР тим, КЛАСА ТИМ што сме ја добиле, освен онаа победа 4-3 против Милан? Утакмица каде целосно сме надиграле некој кој спаѓа на наш ранг.
- Хм... anyone? Така и си мислев.
Го добивме Милан уште еднаш истата сезона но тоа беше бидејќи го имавме Ибра во полн ефект. Ибра кој сам ги совладува пола од тимовите во Калчото. Друга утакмица која СТИГНАВМЕ да ја одиграме со некој посилен тим? Не можевме да го победиме Баерн ниту пак Валенсија. Но ајде за тоа потоа, ќе се вратам во Калчо лигата. Зедовме скудето... да. Но кој ни беше конкуренција кога на хартија го имаме далеку најсилниот состав во Италија. Рома со еден Тоти и 20 младинци? Рома која подоцна ни закова 7 и после ние сме шампиони...далеку биле зад нас сите.

Силината треба да се покажи во ЛШ, каде има огромна конкуренција. Натпреварување каде за успех се потребни: ОДЛИЧЕН ТИМ и ОДЛИЧЕН ТРЕНЕР. Тренер кој ќе ги мотивира играчите да играат исто и против Спортинг и против Баерн. Кој ќе им влее самодоверба пред натпревар, кој ќе ги вивне во облаци! Манчини??? bolen нееее...
Манчини бил во рангот на Фергусон, Бенитер, Мурињо, Капело, Рајкард, Анџелоти? :uvo: Нас ни треба тренер како горе споменатите. Не ни треба тренер кој е цар за Копа Италија, 3 сезони 2 трофеи БРАВО! Натпреварување и пол... Интер - МОдена какво дерби... или Интер-Пескара, екипи кои без добар тренер не се совладуваат. Манчини тренерот кој ќе ни ја донесе првата европска шампионска титула после 40 години?


Мурињо - арогантниот, специјалниот, глупавиот, дрскиот, ладниот. Ок можеби сето тоа е една маска, маска која ќе влее страв, трепет и почит кај противниците. Настрана за тоа, дали некој е свесен како тој го подготвува тимот пред секој натпревар? Еве што прочитав пред некој ден на нет.
- Пред секој натпревар Мурињо, заедно со неговиот персонал го собираат целиот тим и прават анализа на противничиот. Без разлика дали играат со Хартерпул во купот или со Манчестер во првенството.
Секој играч добива папка со досие за противничкиот тим. Одбраната добива информации... кој се предностите а кои слабостите на напаѓачите кои треба да ги покриваат, напаѓачите обратно. Потоа тактиките од предходните 5 дуели, главни поединци на кои треба да се внимава, потези карактеристични за играчите... и уште милион други ситници(е тоа се наоѓа во прочуените, тефтерчиња на Мурињо). Друго, на секоја тренинг сесија се работи со полна пареа, нема одмори нема паузи. Да се разбира дека е тешко, но ако сакаш успех треба и нешто да вложиш. Затоа секогаш се спремни и играат до последниот свиреш а не како нас да примаат голови во 96 минута. Потоа разработува специјални тактики каде во одреден ден целиот тим се фокусира на одредена тактика. Пример ако не сте знаеле пред утакмицата со Монако(од времето на Мурињо во Порто), тие цел ден пред натпреварот работеле на тоа како да не му дадат ни време ни простор на Ж. Ротен... главниот играч на Монако кој на тој натпревар буквално не мрда. После на среќе била освоена титулата со Порто. После ова случајно да не знае некој зошто изгубивме од Фенербахче? Дека пола тим ни е суспендиран или дека одбраната е катастрофа...НЕ!
Еве изјавата на Креспо се кажува:
“I don’t know much about their team, other then Roberto Carlos and Kezman play for them”

И сеа... па сигурно нема да знаете кога вашиот тренер наместо да ев подготвува за утакмицата, си замина во чоколадната факбрика на Улкер пошто од мал сакал чоколади.

Правење на играчи од светска класа. Што зарем постои и такво нешто... па зарем не можи само да им ги уништам кариерите(Адри, Виера) значи можам и да ги направам играчи - би рекол Манчини. Пааа кај Мурињо тоа не оди така. Кој ги знаеше Деко, Карваљо, Тери, Лампард, Есиен, Дрогба...?
Ок тие беа добри играчи но Мурињо го изваде максимумот од нив и денес се играчи од светска класа. Не за џабе сите биле шокирани од заминувањето на Мурињо, Дидиер како мало дете на сред тренинг пуштил солзи. Е тоа ти се вика тренер кој го сакаат играчите и тренер кој работи за нив, за себе и за тимот.

Од маркетиншка гледна точка исто така би било одлично ако дојди Мурињо. Какви битки би се воделе меѓу него и кучињата кои постојано лаат Галиани и Берлускони. Замислете оние негови провоцирања... а не плачењето и лижењето на Манчини, па после играчите ќе биле мотивирани.

Ако дојде во Интер, работите ќе се сменат од корен. Сосем поинаков менталитет ќе има тимот. Освен неколку ротации на играчи во зимскиот преоден рок, не ни треба ништо. Со овој шампионски тим и со таков тренер со ШАМПИОНСКО срце, Интер може да стигне далеку... до крајот.

Морати сакаше да ни даде подарок за 100 годишнината?
- Не верувам дека некој би посакал подобар подарок од оној, кога ќе го видиме газот на Манчини шутнат од Милано. И доаѓањето на Специјалниот на Џ. Меаца... е тоа би бил најдобриот подарок, ваква шанса Мр. Морати не смее да испушти.

FORZA INTER!!!! FOrza NERAZZURRI!!!
 
Ако се прашувам јас... ДА!

Jове брат во целост си точен те поддржувам, ама види:
Moratti: Mourinho Does Not Interest Us

Mancini: I Expect More From Ibra
Inter Coach Roberto Mancini has criticised Zlatan Ibrahimovic’s performance against Fenerbahce and warned the striker that he expects much more from him in the future
ЕЕЕЈ Манчини почна да го критикува Ибрахимович :nesvest: а него кој треба да го критикуваа цел свет!


Ама добро еве оваа сезона нема ни првенството, ни купот, ни лигата нашампионите да ги земеме, ќе останеме со ку*от во рака па дури тогаш ќе се освести Морати дека Манчини не го бива за ништо друго освен за еден ПАЉАЧО , Кловн, мисирот е ист како овие БИДИ И БАДИ!


Еве барем една вест која може малку да не развесели:
Adriano: The Emperor Has Returned
 
Луѓе на такви вести не му се верва многу. Ќе мачкат очи некое време и после опа мурињо во интер.
Најважното е шо досега морати никогаш не рекол дека не е задоволен од манчини напротив како шо можевте да видите и го поддржва.

можеби ако не нејди работа мурињо во блиска иднина а манчини продолжи да заебава и морати го сфати то нешто тогаш ќе го земи и тоа многу веројатно.
Инаку нема збор дека мурињо е подобар од манчини како тренер

Засега според мене останва Манчини
 
Земете го примерот со Јол (тотенхем) управата упорно тврди дека му верува на Јол и дека ке остане...тоа само го кажуваат за да му дадат некоја самодоверба...ако напраи уште некој кикс ке летне.
Исто и Манчни ако продолжи со вакви резултати адиос.

И јас сакам да дојде Мурињо во Интер...со неговите изјави ке ја напраи Серија А далеку поинтересна :tv:
 
Земете го примерот со Јол (тотенхем) управата упорно тврди дека му верува на Јол и дека ке остане...тоа само го кажуваат за да му дадат некоја самодоверба...ако напраи уште некој кикс ке летне.
Исто и Манчни ако продолжи со вакви резултати адиос.

И јас сакам да дојде Мурињо во Интер...со неговите изјави ке ја напраи Серија А далеку поинтересна :tv:

Од твоја уста во божји уши :pop:
 
Интер заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Ракитич. Младиот хрватски напаѓач/AM, блеска на стартот на сезоната во Германија. Одлични партии прикажува како за својот клуб Шалке така и во репрезентацијата.


Според мене Морати не треба да купува млад недокажан играч кој имал 2-3 добри парти, кога на трансфер маркетот се достапни имиња од калибарот на Балак, Лампард, Есиен, Малуда и сл.
 
следниот преоден рок ке биде рекорден како за јануарски!
колку само имиња се незадоволни од нивните места во клубовите!
тука е големиот Шева,Жозе мурињо,?Адриано?,Сколари,Капело,Балак можно е и дрогба да го следи мурињо Роналдињо некна беше исвиркан од публиката ,,интер ке бара некој од среден ред следниот преоден рок верувајте ми во Јануар ке стане вАкА:vozbud:
 
Први кои беа во преговори за Мурињо беа Тотенхем, но се откажаа после изјавата на Мурињо дека: "Наредната работа ќе му биде или во Италија или во Германија."

Веднаш Морати (уште вечерта после оставката) контактирал со агентот на Хозе
http://www.thesun.co.uk/article/0,,2002390000-2007440164,00.html

Значи сега за сега официални понуди има само Интер и Португалија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom