Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Рекоба имаше и повреди но најмногу настрада во 2003 ли беше кога не играше 1 година заради пасошот а баш тогаш беше во најдобра форма

Никогаш нема да го заборавам неговото деби против Самдорија мислам беше а тоа беше и деби на Роналдо и сите гледаа во него а Рекоба влезе во 70 минута и даде 2 еврогола еден од слободен и еден од 25 метри и му донесе победа на Интер
 
Ех Рекоба.... и ако замине секогаш за мене ќе биде играч на Интер! Слично како и за Мартинс....

Само каква тажна фаца направи после голот. И него не му се оди, но во овој Интер, тешко му е и да седи на клупа...

f_bscap0002m_a506f6c.jpg


f_bscap0000m_40c7897.jpg


f_bscap0001m_e683a6e.jpg
 
АЛВАРО РЕКОБА

Морав ова да го постирам, навистина вреди за еден играч како што е ''кинезот''.


Ако нешто зачудува повеќе од фактот како може еден фудбалер да поседува толку голем талент, тоа мора да е начинот на кој тој талент беше уништен од страна на тренерите на Интер.

Кај навивачите попознат како Ел Чино(поради неговите коси очи), Рекоба поседува таков талент во своето лево стапало, што некој би рекол дека не е од оваа планета.

Рекоба за прв пат се проби на фудбалската сцена на 16 годишна возраср во 1993 година играјќи за тимот на Данубио од Монтевидео. За четири одиграни сезони Рекоба постигна 62 голови во 58 меча. Од Данубио подоцна замина за Национал, од каде што подоцна дојде во милански Интер за 3м евра.

Дебито во црно-синиот дрес во имаше на истиот ден како и Бразилецот Роналдо, и ретко кој очекуваше такво издание на Рекоба уште на премиерната утакмица. Уругваецот беше на сите насловни страници, го засени Роналдо постигнувајќи два прекрасни гола за 20 минути и тоа на своето деби, едниот од 35 метри а другиот од 20. Со тоа тој во своето деби му помогна на Интер да ја совлада Бреша со 2-1. Ова деби ќе остане запаметено како едно од најдобрите во Калчо лигата.

Ова подоцна стана тренд и од Рекоба секогаш се очекуваше да го спаси Интер, влегувајќи во игра од клупата. Ако не успееше во тоа веднаш беше нарекуван, неконстантен од тренерите на Интер(кој патем беа 8 за 10 години). Откако на неколку пати не успеа да го спаси Интер, на полусезоната во 1998 година беше пратен на позајмива во Венеција(тим кој тогаш се наогаше во зоната за испаѓање). Алваро тогаш сам го спаси тимот од испаѓање од Сериа А и успеа дури да го донесе тимот на Венеција на средината од табела. Од последните 22 гола на Венеција, Рекоба постигна 11 а имаше и 9 асистенции!!! Таа година Рекоба беше прогласен за играч на сезоната, и добиваше честитки од цела фудбалска Европа(многу европски гиганти даваа понуди за него, но Интер сите ги одби), за жал на Рекоба и на фудбалската игра... каков играч ќе странеше ако заминеше од Интер тоа само можеме да нагодуваме(еден од најдобрите фудбалери кои дошле од Ј. Америка).

Па веќе во следната сезона беше вратен во Интер, и тука за прв пат му се укажа шанса да биде стартер, поради повредата на Роналдо. Бидејќи и оваа сезона ја изигра феноменално постигна 10 гола и имаше 18 асистенции, Интер го награди со тогаш најскапиот договор во светот во тоа време. Тогаш се изгледаше розово за Волшебникот од Уругвај... но така беше се додека не започнаа повредите и скандалот со неговиот пасош, поради кој доби бан од УЕФА, 4 месеци му беше забрането да игра фудбал.

Но сепак најверојатно, најголемиот кривец за расипувањето на огромниот талент, беше идиотот Купер. Аргентинскиот ''тактичар'' го приниди Рекоба да игра на левата страна во средниот ред и очекуваше од него постојано да се враќа назад и да ја брани средината на теренот. Рекоба беше принуден да игра само со долги топки и да го форсира робусниот напаѓач Кристијан Виери. Рекоба беше изолиран и поради слабата физичка снага и незнаењето да влези во одбрамбен дуел, во таа сезона изигра катастрофално. Тој истотака беше обвинет како главен виновник за раниот излез на Интер од Лигата на Шампионите таа година.

Ова му го даде тој надимак ''неконстантен'' кој подоцна беше превземен и од навивачите. Но неконстантноста на Рекоба ќе остане како една од најголемите мистерии во модерниот фудбал. Како може еден таков играч, одеднаш толку да падне кондиционо и физички?

Ајде сеа малце статистика:

- Во последната сезона на Закерони како тренер на Интер, Рекоба го имаше најдобриот просек на голови според времето поминато на теренот.
- Иако многу често беше повреден сепак придонесот на Рекоба во Интер е огромен. Во своите 253 одиграни утакмици за Интер во Калчото, Рекоба постигнал 126 голови и безброј асистенции.
- Неговата статистика вкупно во цела кариера е уште по импресивна во Европските купови на 56 утакмици постигнал 13 гола, а во Куповите во Италија на 29 утакмици 6 гола. И преку 150 асистенции... ДА, тоа е Алваро Рекоба!!!

По утакмица тој е еден од најконстантните напаѓачи во Европа, но тој нема изиграно преку 300-400 натпревари во својата кариера, како другите попознати фудбалски таленти(Тоти или Зидан). Мора да напоменеме дека на повеќето наптревари влегуваше како резерва и ако не успееше да го сврти резултатот постојано беше критикуван. Ако Интер имаше лоша утакмица ''Неконстантниот Рекоба'' беше нападнат од јавноста, но ако Тоти имаше лош ден тогаш ништо не беше важно, поради фактот што имал други натпревари каде многу покажал и ова било само еден лош ден за него. Е Рекоба ја немаше таа можност да се докажува на теренот. Ако Рекоба играше по 90 минути на утакмица како што играат Дел Пиеро, Тоти или Зидан тогаш споредбите ќе беа поинакви.

Денес Рекоба има 31 година и најдобриот периот од него, најверојатно помина. Но јас ќе ги запаметам како еден од најголемите таленти кои стапнале на зелената трева.

Мојата теорија е дека Тоти или Дел Пиеро, немаше да прикажат ни половина од она што го прикажа Рекоба, ако се наоѓаа во нековите копачки, но сепак повеќето од вас ќе одат со теоријата за Рекоба и неговата неконстантност...


Ј:(vAn

Искрено, ми дојде да плачам дури го пишев ова.










Еве само пример, што се случуваше кога Рекоба ќе беше расположен за игра. Видете што прави еден фудбалски гениј за 7 минути и како се свртува утакмица во своја корист...
 
Браво Јове за добриот пост, со една замерка.

Најголем проблем за Рекоба се многуте повреди и проблемот со лажниот пасош.

Доколку тие не беа, денес Рекоба ќе беше еден од легендите на светскиот фудбал
 
Фала.

За мене, ќе остани еден од легендите на Интер и фудбалот воопшто. Повредите беа голем проблем, ама сепак според мене најголема кривица има Купер(мамата негова).

Вива Ел Чино
 
Инаку да знаетее за лига на шампиони Манчини ке ги пријави Балотели и Болцони
 
1-Alvaro Recoba И Bobo Vieri се наоѓаат на второто место како тандем со највеќе постигнати голови(броени заеднички).
2-кој може нека пише кој број носи киву.
3-Тони кога веќе стана модератор можеш да ги избришеш почетните постови каде што се навредува нашиот тим:toe:.
 
1-Alvaro Recoba И Bobo Vieri се наоѓаат на второто место како тандем со највеќе постигнати голови(броени заеднички).
2-кој може нека пише кој број носи киву.
3-Тони кога веќе стана модератор можеш да ги избришеш почетните постови каде што се навредува нашиот тим:toe:.
1. Ок, мислам дека ја имам некаде спомнато оваа информација
2. На една од пријателските носеше 26ка
3. Тони НЕ може да бриши почетни, ни било какви постови од подфорум Фудбал. Тоа можат само Админите и јас! Но, бидејќи во почетните постови не беше дефинирано правило фан-темите да се само за фановите - значи можеше секој што сака да пиши на нив. Не е фер тие што пишувале (без да прекршат правило) да бидат бришени нели?
 
Димитар..имаме некоја пријателска у скоро време?
 
и јас сум Димитар:pos:па ке ти кажа дека на 29 играат со Барса (пријателска)
 
Еве што е следно

italian super cup
Sunday, August 19 2007 20:45
Inter - Roma
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom