Што одбраната, 6 гола има примено Интер. Смешно е да се збори за лоша одбрана и да се генерализира на тимот т.е. да не се осудува некој поединец.
На 9 утакмици примени 6 гола е ок...
А Интер ако не даде пари на Ето, значи дека тој пристигна за ништо???
Дај не зафркавај, очекуваш сезонава од 2цата напаѓачи да дадат толку колку што лани даде еден! Тоа е лошо... Смешно...
Ето колку плата зима, се прашуваш тоа... Заслужи да зима толку? Како да не плукам, кога има дадено 3 гола од кои 1 од пенал. Другиот со Наполи од 1 метро и еден ГОЛ со Парма. Премалку...
А многу ме интересира зошто очекуваш толку голови сезонава и тоа од 2цата... уште Снајдер да го додадеш овде фали :pos2:? ПА лани Милито имаше 23-24... не знам точно, битно некој гол помалку од Ибра.
Ти задоволен си од Ето? Или не е спремен уште?
Mуабетот ми е дека вие по одењето на Ибра користите микроскоп кога е во прашање Ето, а кога ке видиш, сезонава имаат дадено повеќе голови од овој период лани а и имаат повеќе бодови.

Лани главниот напад на Интер даде 33 гола, е затоа сметам дека таа граница треба сезонава да биде надмината од Ето и Милито, или ако се лажеме, Ибра ке дадеше повторно 25 голови со еден Милито до него, се знае дека ке се редуцира тој број и кај двајцата, тоа е факт .
Ибрахимович првата сезона во Јуве даде 7 гола, потоа даваше по просек 15 во сезона а и беше главен изведувач на пенали, само минатата растури иако реков, тоа беше за очекување со оглед дека секој главен напаѓач кај Мурињо се истура од голови .
Да, Ето до некаде разочара, но тимот пред Се остало бе друже, вака или онака, Интер во Серија А е далеку подобар од тоа што беше лани овој дел од сезоната .
А за одбраната, да, примија 6 гола од кои 3 по смешни грешки, пенал со Каљари, подарена топка на Сантон со Сампдорија и вчера подарен пенал на Цезар по претходна негова грешка, да не ги споменувам и двата со Динамо Киев, тоа е недозволиво, едната грешка ги чинеше негатива со Каљари, другата пораз со Сампдорија, вчера надеж за бод кај Катанија која можеше да постигне уште еден гол само по уште еден подарок зашто немаа кадар за такво нешто самите да направат, а со Динамо Киев да не говорам, самоубиство беа и двата гола за тимот .
Ето вчера направи 100 пати повеќе од Балотели на пример, а него еве гледам никој не го критикува. Првата шанса на мечот сам ја направи по одземена топка, не е битно како истата стигнала до Снајди, човекот имаше шанса подобра и од пенал, за првиот гол исто, директен учесник по пасот на Мунтари, за вториот фаулот направен врз него . А Балотели у целиот муабет никаде го нема, освен што пимплаше по страна безвезе .
И пак, Ето дојде со плус 50 милиони од Ибра, не ни имаа избор во оваа ситуација и ти гарантирам дека се што ке беше донесено у тим а не беше Ето по Ибра, тимот ке се усереше максимално оваа година .
За разлика од него, Милито, Мота, Снајди беа донесени за повеќе од 30 милиони евра, и таа потрошена сума сега за сега е оправдана, а за головите на Ето кога тогаш ке дојдат, најбитно во моментов се наредните 3 средби во ЛШ, се помине ли таа фаза и останато ке биде '' мед и млеко '' за цела екипа, бар до Февруари кога во една таква сиутација очекувам сите да го имаат достигнато врвот на својата форма, нормално, и Пандев у пакет со нив . :wink: