Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
..
Ако Интер не губи ништо со заминувањето на Златко во овој момент, во момент кога имаме една анемична средина, еден напад составен од старците Круз и Креспо, и немирните деца Адриано и Балотели.. тогаш јас ќе дојдам во Скопје и ќе се фрлам во Вардар, а ти ќе снимаш со мобилен.
За Ето сега.. гол машина? Стварно ли Ето ти е гол машина? Единствено со тебе се согласувам за брзината.. или изгледа тебе те лажи она што тој дава по 30 тина гола во сезона, а Златан по 15-20.. Нека дојди Ето нека игра во Италија ќе видиш колку ќе даде.. Јас сум убеден дека Златан ќе даде преку 35 ако игра за Барселона на местото на Ето.. и дали си видел кажи ми гол на Ето некој добар како оние на ЗЛатан? Паметиш ли таков гол? Некој да ти оставил впечаток.. едноставно преку 50 % му се допуцани топки од 5-6 метра.. И за крај.. нешто што највероватно не си го знаел.. имаше една статија за Ето.. во странски весник.. која пресмета дека тој е најголемиот потрошувач на топки од страна на сите напаѓачи во врвни клубови според бројот на шансите кои ги добива.. Нешто слично пресметување како она со Рибери кои беше.. за најкорисен играч статистички.. Ето едноставно му требаат 3-4 шанси за да даде гол.. а дека ќе добива на натпревар во Интер по 10, исто како во Барселона.. тоа е прашање на векот... а мислам дека ќе ти текне одговорот.. доволно си голем..

Кој збори за моменталнава ситуација, ако збориме за денешниов Интер, истиот тим губи и со неиграњето на еден Матераци или Бурдисо . . . а не камоли со Ибра . Зборам за наредниот трансфер период кога ке имаме големи претумбации во екипата .
И да, стојам на тоа дека Интер со заминувањето на Ибра нема да изгуби ништо, само поради фактот што ке дојдат класа играчи и во средниот ред, и во нападот . Глупаво е да ставаш некои смешни префикси за Ето кој сезонава даде се на се 29 гола до овој момент .

На крај краева, колку шанси му беа потребни на Златан да даде гол во вториот меч со Ливерпул минатата сезона, или на вториот со Јунајтед ? Уствари, зашто го поставувам ова прашање кога истиот имаше се на се вкупно 5-6 100 % шанси за гол, а ниедна не погоди . . . ако одиме по некои статистики или натписи по медиуми, тогаш погоди пред кој играч стои префиксот big game floop . . . да, да, тоа е Ибра .

И знам сега ке кажеш/кажете, па Интер нема средина, Интер нема креативец, али никако нема да го демантирате фактот дека Ибра во вториот меч со Јунајтед, и во оној со Ливерпул влезе во неколку 100% шанси а не успеа во ниту еден наврат да ја погоди мрежата . . . . . со други зборови потфрли, или па средината на Интер е крива поради истото, поради тоа што типот има очајна реализација во мечевите со големите екипи . :toe:

Замена Ибра - Ето, во никој случај нема да му наштети на тимот, кажи што сакаш, али самите статистики на кои се повикуваш говорат дека Ето оваа сезона ја игра каде - каде подобро од Ибра, и во домашното првенство, и во ЛШ која патем кажано ја има и освоено . :smir:
Да лепиш некои етикети дека Ето бил оваков или онаков е смешно, во ништо не е полош од Ибра и во една ваква екипа како Интер и те како ке се снајде, баш поради брзината и лесното влегување во шанси за гол, таков играч Интер во моментов нема .

Можеби не памтам дека Ето дал некој преубав гол против Алмерија или Гетафе, но знам дека дава голови во ЛШ, дава голови во нокаут фазатa . . . од 130 настапи за Барса има дадено 100 гола, во тим кој ке добие креативност од наредната сезона во средината и во тим каде е тренер Мурињо ( знаеме што прави од секој прв напаѓач што го поседува ) Ето ке уништува, што значи, Интер ке изгуби еден добар напаѓач, ке добие друг или . . . . тимот ништо нема да загуби, факт .

п.с. Фан на Интер сум, не на Ибра, го познавам овој клуб доста добро и знам, убеден сум, дека наредната година бар јас ке го гледам најсилниот Интер ( зборам од моментот кога сум почнал да навивам за нив ) без разлика дали Ибра ке биде дел или нема да биде дел од тимот .

п.м.с. Пишав и ке повторам, услов Ибра да отиде во Барса е Ето да замине од истата, причини за второто нема, со што паѓа во вода и евентуалниот трансфер на Ибра во Барса .
 
у реду .... ко прво лош збори неЌум да слушам за златко. и не нема да оди во барса ... кој кур бара таму. за пари сигурно не зашто нема теорија да зема повеќе пари од меси , ако му ја изедначат платата во барса значи лео треба да има двојно зголемуванње на платата. второ никако не се уклапа во концептот на игра на барса , златан не е гол машина од типот на ето или дрогба и како ќе се уклопи покрај лео анри па и ето (доколку го продолжи договорот). нема барса да се заебe пак да прави fantastic four. гледам некој го омаловажуваат во однос на роналдо кака и меси. ко прво он е напаѓач и не може да се споредуваат. и да меси игра со чави , туре , иниеста анри и партнер му е ето во напад. роналдо игра во можеби најизбалансираниот и најкомплетен среден ред во светот. за средината на милан нема потреба да се трошат зборови. а ибра со кој ќе игра мунтари дејо или камбиасо .... ? (тука мислам на нивната креативност). партнер во нападот му адриано бифтекот и котлено балотели кој без разлика квалитетот што го има сеуште не е доволно зрел за да го носи дресот на интер. затоа и ибра ќе остане и на него ќе се гради тимот на интер со еден плеј (диего или мај фејврит хамшик) и еден асален напаѓач (дрогба на пример) плус балотели и аквафреска. и офрешување на дефанзивата со некое говедо.
е сега втората нереална ситуација и да отиде испод 60 - 70 милиони евра морати не го пушта. со тие пари може одличен тим да се направи плус ето на пример ако го добиеме во размена. иако нема шанси ова да се случи. поверојатно е дека барса би тргнала по адебајот доколку ето си отиде.
 
Интер губи со неиграњето на Матераци и Бурдисо? Што тоа губи? Не можам да разберам.. незабележителни резервни фудбалери за мене се овие.. со неиграњето на Чиву кој е далеку постабилен Интер губи колку со овие двајца заедно.. сосема непотребни..
Ќе дојдат класа играчи а? И што ќе направат тие? Само ќе ги ставиш во првиот тим и оп ќе почнат да даваат голови и прават асистенции.. Точно ти е ова.. така е.. ако играш фудбал менаџер.. во живо малку потешко.. зборуваме за фудбалер кој е најдобар напаѓач во италија во последните сезони и секоја наредна дава повеќе и повеќе голови.. било кој да дојде на негово место тоа ти е почеток од нула.. почеток од нула во однос на приспособување, навикнување, добивање самодоверба, адаптација, уигрување со останатите играчи.. да почеток од 0! Тоа ќе биде заминувањето на Златан..
Ето ќе уништува а.. Се чудам како тоа.. ако ги донесиш со него Меси, Чави, Иниеста, Лампард.. тогаш да.. ќе уништува.. али јас ти зборувам само смена на местата Златан со Ето.. нашиов таму ќе даде 40 гола, а Интер со овој ќе игра во купот на Уефа.. оти Златан дава голови, прави некои асистенции и помага на средината, работи кои Ето сеуште ги гледа на ТВ, ако му викнам од публиката со оние познати мајмунски извици ќе се расплачи.. додека Златан не ебава ништо живо.. не паѓа психички.. и за крај.. токму средината е таа поради која Ибра не доаѓа комплетно до израз.. односно како што кажа некој колумнист на Гоал, Златан во Шпанија тоа ти се + 20 % од неговите можности.. тоа е многу.. многу.. страшно.. вонсериски.. 20 % на ова што сега го игра..
И кажи ми те молам кои се тие 5-6 шанси кои се 100 % а овој ги промашил со Манчестер.. една имаше ако може да се нарече 100 % бидејќи беше удар со глава на топка која леташе преку 40 метри.. и заврши во пречката.. и потоа еден трк кога шутираше од десната страна од некои 20 метри и топката заврши покрај голот.. други јас не паметам.. особено не некои 100 % кои му ги сервирале играчите од средниот ред.. цело време сам играше.. а за Ливерпул не се сеќавам којзнае колку на сите шанси паметам една.. една асистенција.. беше тоа првото полувреме.. му ја даде со лажни очи на Круз.. овој излезе на 7 десната страна на Реина.. и наместо да му ја даде на Станкович кој беше сам на 5 метра од голот.. овој шутираше со лева покрај голот.. таков промашај во утакмица нокаут не се простува! А мене зборот ми беше за асистенцијата.. невидена.. едноставно играчите на Ливерпул не знае каде е топката..
И сите утакмици кои ти ми ги кажуваш каде тој бил биг гаме флоп завршиле со 0 постигнати голови од страна на Интер.. значи кога него го чуваат 2-3 фудбалери останатите треба да го искористат тоа.. потоа кога ќе се даде гол е полесно.. ама нашиве останати се толку глупави што и овој губи желба.. тоа е..

у реду .... ко прво лош збори неЌум да слушам за златко. и не нема да оди во барса ... кој кур бара таму. за пари сигурно не зашто нема теорија да зема повеќе пари од меси , ако му ја изедначат платата во барса значи лео треба да има двојно зголемуванње на платата. второ никако не се уклапа во концептот на игра на барса , златан не е гол машина од типот на ето или дрогба и како ќе се уклопи покрај лео анри па и ето (доколку го продолжи договорот). нема барса да се заебe пак да прави fantastic four. гледам некој го омаловажуваат во однос на роналдо кака и меси. ко прво он е напаѓач и не може да се споредуваат. и да меси игра со чави , туре , иниеста анри и партнер му е ето во напад. роналдо игра во можеби најизбалансираниот и најкомплетен среден ред во светот. за средината на милан нема потреба да се трошат зборови. а ибра со кој ќе игра мунтари дејо или камбиасо .... ? (тука мислам на нивната креативност). партнер во нападот му адриано бифтекот и котлено балотели кој без разлика квалитетот што го има сеуште не е доволно зрел за да го носи дресот на интер. затоа и ибра ќе остане и на него ќе се гради тимот на интер со еден плеј (диего или мај фејврит хамшик) и еден асален напаѓач (дрогба на пример) плус балотели и аквафреска. и офрешување на дефанзивата со некое говедо.
е сега втората нереална ситуација и да отиде испод 60 - 70 милиони евра морати не го пушта. со тие пари може одличен тим да се направи плус ето на пример ако го добиеме во размена. иако нема шанси ова да се случи. поверојатно е дека барса би тргнала по адебајот доколку ето си отиде.

Сосема погрешно размислување.. значи и јас а и многу колумнисти мислат дека идеалниот клуб за него е Барселона! Таа едноставно не видела таков напаѓач.. висок, доволно брз, снажен, фантастична техника.. едноставно комплетен за Барса! Дрогба е напаѓач кој нема дриблинг, кој едноставно е од оние Таргет Ман шпицови.. не е како Златан да издрибла, да помина 3-4.. не да ги претча како Ето.. тулу да ги седне прво на газ.. па да даде гол.. Златан е измислен за Барса.. ова се заклучоци на многу колумнисти.. не мрзи да ги барам сега по веб страниве.. Кога таму е Златан на Барса не и треба Анри.. а со Меси не може да се вклопи? Како тоа не може? Не можеа да се вклопат Адриано и Виери.. двајцата големи и корпулентни.. ама Меси и Златан.. тука грешиш.. Анри во тој случај не е потребен.. Замислата на Барса за иднината е Меси и РИбери по страните.. со еден добар напаѓач во нападот од типот на Златан.. верувај да го имаат Златан тие.. Ето на клоци ќе го избркаат..
 
ОДИ ИБРА КОЈ ТЕ ЕБЕ МОЖЕ ИНТЕР И БЕЗ ТЕБЕ!!!!!

Koj кур е тој Ибра да се занесува вака и со плата од 12 милиони евра на прашање дали ќе остане во ИНТЕР следната сезона вика: НЕЗНАМ

АЛООООООО да не мисли дека игра во Малмо или Ајакс уште па ќе глуми лудило. Бил разочаран од елиминацијата во Лигата на Шампионите. Па што не шутираше попрецизно кога промаши цел гол од три метри и ќе бевме во 1/4 - финале. Па тој најде да збори ИДИОТ заради неговата форма во ЛШ ние неможеме да поминеме 1/8 финале (ме мрзи податокот да го најдам колку гола има дадено надвор од фазата по групи)

Не му ги оспорувам квалитетите но никогаш не сум го сакал како личност, многу ме нервира неговото однесување, АРОГАНТЕН, СЕБИЧЕН и прав НАРЦИС. Манчини воопшто неможеше да го контролира, Мурињо пробува до некаде ама Капело беше лекот во Јуве (Ибра крева чалам и одма на клупа за резерви)

Ibracadabra гледам дека го браниш Ибра и го почитувам твоето мислење, само ќе ти кажам дека многу грешиш кога се во прашање Меси и Кака. Кака со 10 погодока сам му ја донесе титулата на Милан во ЛШ. Кога не игра Кака Милан неможат и Вардар да ги победат ама со Кака во тимот можат нас да не здрват и тоа е факт и не треба да си правиме илузии зошто не сме осмооделенци.

Меси оваа сезона по заминувањето на Дињо е лидерот на Барса ова му е прва сезона како таков и само погледни му ги бројките: Во Ла Лига 19 погодоци и 10 аситенции во ЛШ 6 погодоци и 3 аситенции вкупно во цела сезона има 30 погодоци (со куповите) Секогаш кога влегувал во вториот дел предизикувал пресврти.

Е овие двајца играчи мирно си ќутат за иднината и кога ќе ги прашаат секогаш викаат дека останвуаат во клубовите а имаат 30% помала плата од Ибра или 3 милиони.

А наш Златко ем крив за неуспехот во ЛШ ем крева чалам, тоа е многу лош потег.
 
Ибра да не те цитирам.
мислиш дека Ибро е тимски играч?
јас не би рекол така!Можеби има некои асистенции но во многу ситуации е себичен и не внимава спореди ги неќна двете шанси со реџина кога промаши две чисти а можеше секако да комбинира!
 
Сосема погрешно размислување.. значи и јас а и многу колумнисти мислат дека идеалниот клуб за него е Барселона! Таа едноставно не видела таков напаѓач.. висок, доволно брз, снажен, фантастична техника.. едноставно комплетен за Барса! .

Ибра според мене ќе биде тотално промашување во Барса. Барса игра брз фудбал на прва со многу додавања, а карактеристиките на Ибра се спротивни, топката да е во негови нозе да ја пипла да се дрибла да пробува да ги понижува дефанзивците.

Нормално е дека во Барса ќе има повеќе шанси за погодок зошто тие секогаш играат офанзивен фудбал и имаат одлчен среден ред. Чим Ларсон се утепа од давање на погодоци зошто да не и Ибра.

Многу е полесно да даваж погодоци во првенство во кое се игра офанзивен фудбал и каде што секоја екипа се труди да даде гол повеќе од противникот за разлика во првенство кое е дефанзивно ориентирано и се гледа да се прими гол помалце.

Ето оваа сезона има дадено 22 погодока, Анри има 19 па за очекување е и дека Ибра ќе може да даде толку па Мазнов да заигра за Барса ќе го направат играч од светска класа.
 
ОДИ ИБРА КОЈ ТЕ ЕБЕ МОЖЕ ИНТЕР И БЕЗ ТЕБЕ!!!!!

Koj кур е тој Ибра да се занесува вака и со плата од 12 милиони евра на прашање дали ќе остане во ИНТЕР следната сезона вика: НЕЗНАМ

АЛООООООО да не мисли дека игра во Малмо или Ајакс уште па ќе глуми лудило. Бил разочаран од елиминацијата во Лигата на Шампионите. Па што не шутираше попрецизно кога промаши цел гол од три метри и ќе бевме во 1/4 - финале. Па тој најде да збори ИДИОТ заради неговата форма во ЛШ ние неможеме да поминеме 1/8 финале (ме мрзи податокот да го најдам колку гола има дадено надвор од фазата по групи)

Не му ги оспорувам квалитетите но никогаш не сум го сакал како личност, многу ме нервира неговото однесување, АРОГАНТЕН, СЕБИЧЕН и прав НАРЦИС. Манчини воопшто неможеше да го контролира, Мурињо пробува до некаде ама Капело беше лекот во Јуве (Ибра крева чалам и одма на клупа за резерви)

Ibracadabra гледам дека го браниш Ибра и го почитувам твоето мислење, само ќе ти кажам дека многу грешиш кога се во прашање Меси и Кака. Кака со 10 погодока сам му ја донесе титулата на Милан во ЛШ. Кога не игра Кака Милан неможат и Вардар да ги победат ама со Кака во тимот можат нас да не здрват и тоа е факт и не треба да си правиме илузии зошто не сме осмооделенци.

Меси оваа сезона по заминувањето на Дињо е лидерот на Барса ова му е прва сезона како таков и само погледни му ги бројките: Во Ла Лига 19 погодоци и 10 аситенции во ЛШ 6 погодоци и 3 аситенции вкупно во цела сезона има 30 погодоци (со куповите) Секогаш кога влегувал во вториот дел предизикувал пресврти.

Е овие двајца играчи мирно си ќутат за иднината и кога ќе ги прашаат секогаш викаат дека останвуаат во клубовите а имаат 30% помала плата од Ибра или 3 милиони.

А наш Златко ем крив за неуспехот во ЛШ ем крева чалам, тоа е многу лош потег.

Ај вака.. ти најди ми факт колку гола дај тој за Интер во нокаут фазата.. колку му помогнал.. ама те молам најди ми исто така колку гола дале Интер за време на тие мечеви.. па дојди ќе правиме муабет.. да видиме дали е до него.. или до некој друг.. обично кога на некој не му оди дава гол некој друг.. и викаат за овој првиот да.. тој не го бива.. ама кога никој не дава гол.. тогаш нешто друго е проблемот..
Кака сам ја донесе титулата? Тој се издвои и беше најзаслужен.. ама пресуден факрот беше пожртвуваноста на цел тим на Милан.. сите играа како тоа да им се последните утакмици во животот.. каде беше тој истиот Кака со Баерн Минхен? Тогаш Сидорф беше најдобар.. Каде беше Кака во финалето додека го чуваше Маскерано? Тогаш Пипо даде два гола.. значи не бил само Кака.. Милан играше како еден фудбалер.. и секако.. Анчелоти.. со онаа тактика која тогаш ја смени и почна да игра со 1 напаѓач.. која потоа за жал му ја прочитаа.. знаеш викаат за се има прв пат.. така и оваа негова формација.. само штета што не можите да видите дека Златан досега не можат да го прочитаат во Италија.. еве веќе 4 сезони.. грми и пали.. а Лигата на Шампионите јас стојам на тоа дека проблем е Интер.. не Златан..
 
100% се сложувам кога Меси го прашаа дали ке си оди од барса тој вели ке останам додека барса не ме изгони а Ибра ке видиме.
Сакал да освои Златна топка па и Раул нема златна топка ама колку титули има во ЛШ и Ла Лига на две раце не можам да ги избројам.Фудбалот е екипен спорт а не поединечен.
А верувајте Интер ако освои ЛШ во наредните години верувајте друк играч ке е факторот на одлука се надевам дека ке дојде таков играч ова лето.
Рече Мурињо Ибра е одличен играч но не поголем од ИНТЕР.
Интер ке го биде и без него.
 
Сосема погрешно размислување.. значи и јас а и многу колумнисти мислат дека идеалниот клуб за него е Барселона! Таа едноставно не видела таков напаѓач.. висок, доволно брз, снажен, фантастична техника.. едноставно комплетен за Барса! Дрогба е напаѓач кој нема дриблинг, кој едноставно е од оние Таргет Ман шпицови.. не е како Златан да издрибла, да помина 3-4.. не да ги претча како Ето.. тулу да ги седне прво на газ.. па да даде гол.. Златан е измислен за Барса.. ова се заклучоци на многу колумнисти.. не мрзи да ги барам сега по веб страниве.. Кога таму е Златан на Барса не и треба Анри.. а со Меси не може да се вклопи? Како тоа не може? Не можеа да се вклопат Адриано и Виери.. двајцата големи и корпулентни.. ама Меси и Златан.. тука грешиш.. Анри во тој случај не е потребен.. Замислата на Барса за иднината е Меси и РИбери по страните.. со еден добар напаѓач во нападот од типот на Златан.. верувај да го имаат Златан тие.. Ето на клоци ќе го избркаат..

и моето и твоето мислење се во рамки на што би било кога би било ....... ибра е на сосема ново ниво ... и е најдобар на својата позиција но не можеш ибра да го затвориш во 16 метри да чека топка. ибра меси .... кој ќе има слобода во играта ? кој ќе биде задолжен за голови а кој да организаира игра. златан во никој случај не би можел да се фиксира во 16 метри како класичен напаѓач. тоа е и една од причините за неуспехот на 4 - 3 - 3 формацијата на мурињо
 
Ибра да не те цитирам.
мислиш дека Ибро е тимски играч?
јас не би рекол така!Можеби има некои асистенции но во многу ситуации е себичен и не внимава спореди ги неќна двете шанси со реџина кога промаши две чисти а можеше секако да комбинира!

Да, покрај тоа што сака да дава и сам голови.. тој е доста тимски играч.. има некои асистенции? Па тој го потврдија статистички дека е напаѓачот во италија кој најмногу асистира.. последниве сезони.. како тоа не е тимски играч? на кого да му асистира? на Мунтари? :tapp: кој шанси го промаши со Реџина.. онаа кога погоди статива? Што требаше да прави? Шутираше од 20 метра.. нешто што малкумина го прават.. другата која мислиш? онаа од 3 метри? па види ја снимката.. тој сеуште се враќа наназад додека топката се движи кон него од Балотели.. и едноставно немаше време да се намести.. што требаше да прави? да ја подаде од 3 метра не некој кој е на 1 метро од голот?

и моето и твоето мислење се во рамки на што би било кога би било ....... ибра е на сосема ново ниво ... и е најдобар на својата позиција но не можеш ибра да го затвориш во 16 метри да чека топка. ибра меси .... кој ќе има слобода во играта ? кој ќе биде задолжен за голови а кој да организаира игра. златан во никој случај не би можел да се фиксира во 16 метри како класичен напаѓач. тоа е и една од причините за неуспехот на 4 - 3 - 3 формацијата на мурињо

Е тоа е она кое го велат сите колимнисти.. Ибра премногу време губи кога излегува надвор да ја земи топката.. кога ќе се ограничи на 20 метра од голот.. ќе трча помалку, ќе има поголема свежина.. и секако тоа се оние + 20 % од него.. другите ќе ја работат онаа работа за асистенции..
 
Ај вака.. ти најди ми факт колку гола дај тој за Интер во нокаут фазата.. колку му помогнал.. ама те молам најди ми исто така колку гола дале Интер за време на тие мечеви.. па дојди ќе правиме муабет.. да видиме дали е до него.. или до некој друг.. обично кога на некој не му оди дава гол некој друг.. и викаат за овој првиот да.. тој не го бива.. ама кога никој не дава гол.. тогаш нешто друго е проблемот..
Кака сам ја донесе титулата? Тој се издвои и беше најзаслужен.. ама пресуден факрот беше пожртвуваноста на цел тим на Милан.. сите играа како тоа да им се последните утакмици во животот.. каде беше тој истиот Кака со Баерн Минхен? Тогаш Сидорф беше најдобар.. Каде беше Кака во финалето додека го чуваше Маскерано? Тогаш Пипо даде два гола.. значи не бил само Кака.. Милан играше како еден фудбалер.. и секако.. Анчелоти.. со онаа тактика која тогаш ја смени и почна да игра со 1 напаѓач.. која потоа за жал му ја прочитаа.. знаеш викаат за се има прв пат.. така и оваа негова формација.. само штета што не можите да видите дека Златан досега не можат да го прочитаат во Италија.. еве веќе 4 сезони.. грми и пали.. а Лигата на Шампионите јас стојам на тоа дека проблем е Интер.. не Златан..

Ибра и во Јуве не даде гол во нокаут фазата, а таму покрај него имаше колку што памтам неколку добри креативци од типот на Недвед, Каморанези, Дел Пиеро па и Виеира. Иначе, Бојан ти збори за шансите во кои Ибра влезе, не е битно како, битно му беа пружени но тој не успеа да ги реализира . Со Ливерпул ако добро се сеќавам излезе сам пред Реина, но потфрли во реализацијата, а тоа беше моментот кога Бурдисо беше исклучен во вториот дел па шансите на Интер и онака ке беа реткост во остаткотот од мечот па и онаа најмалата ке мораше да се реализира ( резултатот беше сеуште 0-0 ) . Неговите ремек дела со Реџина, со Фиорентина, Сиена, Палермо би ги заменил со негов гол против Јунајтед или Ливерпул, макар истиот бил постигнат и до 15 . . . . . .cm .

Едно се обидувам да ти објаснам, Интер, значи ИНТЕР, сеедно со кого, наредната сезона ке го има најдобриот тим во последните 10 години, а тоа е и најбитно за нас, фановите на Интер .
Од што почнавте вени да сечете за Ибра, ја пропуштивте и веста која ја постирав, а истата велеше дека наредна недела челници на Интер одат во Бремен по Диего, една од целите кои Мур ги договори со Морати за време на '' тајниот '' состанок . Мурињо веќе не е оној Мурињо кога дојде за прв пат во Милано, ја најде формулата за успех во Италија така да грешките од претходното летос нема да бидат повторени .

И пак, пред да почнете со нови шпекулации, прво запрашајте се дали на оваа Барса и е потребен Ибра, и второ, информирајте се за нивната политика која трае доста долг период, а тоа е дека не трошат големи суми за играчи, поготово не за нивните плати .

И правиме муабет за почит, респект, јас Интер можам да го замислам без Ибрахимович, но никогаш без Занети, а ова што сега го велам вреди повеќе и од еден мочан трофеј во ЛШ . Занети ги одби и Барса и Реал во своите најдобри фудбалски години, истиот имаше еден друг приоритет во својата фудбалска димензија, а тој не беше нит трофеј во ЛШ нит Скудето, едноставно тој приоритет се нарекуваше . . . . Интер . :wink:
 
Златан оваа година во серија А е гол играч но предходните не беше лани имаше 17 гола 9 од пенал.
Во ЛШ не го бива на пример Адриано има 18 гола во ЛШ сезона 2004 9 меча 10 гола.
Златан има 6 гола во ЛШ.Адриано и оваа година има повеќе од него 2.Да не станеше пијаница преку 20 ќе имаше втор е мислам во историјата на Интер а решил Адриано многу натпревари и за Бразил и за Интер посебно ми е драг овој по 5 години порази беше овој

Реши и златан лани со парма но многу се преценува човекот.
 
Мала исправка SYn!
Занети немал најдобри фудбалски години на Занети целата кариера му е златна испишана со дијамантски букви!:smir:
и ќе влезе во историјата како еден од најголемите капитени и предводници на тимови не само во интер туку и во светската фудбалска историја!
 
Да ќе биде најдобар Интер ако купат играчи од средниот ред од калибарот на Диего и Рибери! Ама познавајќи колку сме добри во трансферите.. искрено се сомневам. Жалам но тоа е.. не верувам.. Мурињо кажа во последното интервју.. ни фали оној број 10.. оној плејмејкер.. сега колку сериозно ќе го сфатат тоа Бранка и Морати прашање е.. Во прилог на мојот песимизам оди и потфрлувањето на Кваресма.. значи јас сеуште мислам дека не згреши Мурињо.. едноставно овој Кваресма го изневери.. не е оној Кваресма од Порто.. еве го и во Челзи игра.. ист е како во Интер..
А зошто сум песимист.. па.. Диего е Диего.. ама сеуште сум разочаран за Лампард.. не е истото.. овој вториов е искусен, докажан на големата сцена.. Диего можи и да потрфли.. игра сјајно во Вердер.. а во Бразил ја грее клупата.. го стави Дунга мислам дека беше таму на првенството на Јужна Америка.. првата утакмица тоа.. и повеќе до крајот не влезе.. слабо изигра.. се изгуби покрај сите тие големи имиња.. исто како во Интер.. а во Вердер е друга работа..
Песимист сум заради оваа глупава трансфер управа која ја имаме.. толку години да не се купело нити еден јак плејмејкер.. се земале само јаки напаѓачи.. никако фудбалер од средината на теренот.. го имавме Верон и го продадовме на Челзи.. нити еднаш не го побаравме Рикелме.. зошто? Мислам дека беше идеален.. шутира слободни како будала.. знае да ја задржи топката.. не успеавме во обидот за Лампард.. и што сега? До пред ова со Диего најбарани од наша страна беа Агуеро, Тевез, Милито.. зошто ни се овие? цело време погрешни трансфери.. голем песимист сум.. зошто не го зедовме РИбери од Марсеј? Зошто не го зедовме Роналдињо од ПСЖ? Бранка беше очаен пред Калчополи, очаен е и после него.. едноставно Златан го купивме од Јуве.. не го ни пратевме во Ајакс.. Бранка заслужува отказ! Треба Мурињо да именува некој друг задолжен за трансфери.. не Морати и Интер..
 
Хипотетички

...да претпоставиме дека сезоната 2008-09 започна со Ибрахимович на трибина, повреден, во аут до денес. Вторник, 24 март.

Прв натпревар
Сампдорија - Интер 1-0

Втор натпревар
Интер - Катанија 2-1

Трет
Панатенаикос - Интер 0-0

Четврт
Торино - Интер 0-2

Петти
Интер - Лече 0-0

Шести
Милан - Интер 0-0

Седми
Интер - Вердер 1-1

Осми
Интер - Болоња 1-1

Деветти
Рома - Интер 0-2

Десетти
Интер - Анортозис 1-0

11 натпревар
Интер - Џенова 0-0

12 натпревар
Фиорентина - Интер 0-0

13 натпревар
Реџина - Интер 2-2

14 натпревар
Анортозис - Интер 3-3

15 натпревар
Интер - Удинезе 1-0

16 натпревар
Палермо - Интер 0-0

17 натпревар
Интер - Јувентус 0-0

18 натпревар
Интер - Панатенаикос 0-1

19 натпревар
Интер - Наполи 2-1

20 натпревар
Лацио - Интер 0-2

21 натпревар
Вердер - Интер 2-0

22 натпревар
Интер - Киево 1-2

23 натпревар
Сиена - Интер 1-2

24 натпревар
Интер - Каљари 0-1

25 натпревар
Интер - Џенова 2-1

26 натпревар
Аталанта - Интер 3-0

27 натпревар
Интер - Рома 1-1

28 натпревар
Интер - Сампдорија 1-0

29 натпревар
Катанија - Интер 0-2

30 натпревар
Интер - Торино 1-1

31 натпревар
Лече - Интер 0-2

32 натпревар
Интер - Милан 1-1

33 натпревар
Болоња - Интер 1-1

34 натпревар
Интер - Манчестер 0-0

35 натпревар
Интер - Рома 3-3

36 натпревар
Џенова - Интер 0-1

37 натпревар
Манчестер - Интер 2-0

38 натпревар
Интер - Фиорентина 0-0

39 натпревар
Интер - Реџина 1-0

Или да ви преведам, нула сме без тој играч. Целиот тим зависи од него, целиот тим игра за него, целата игра се врти околу него. Статистички без Ибрахимович немаше нити да бидеме во зоната која конкурира за Европа. Неблагодарно е вака да се коментира за човекот кој не донесе на тронот на Италија, сам. Буквално.

То е то, а вие залажувајте се и посакувајте да видите во црно-синиот дрес... други вундеркидови кои ги купувате на ФМ09 или пак МНОГУ надежни дриблери кои имаат 12 475 клипови на јутјуб, плата од 5 милиони, знаат да нафрлат со надворешна и се цареви на ПЕС09.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom