Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.683
- Поени од реакции
- 49.104
..
Ако Интер не губи ништо со заминувањето на Златко во овој момент, во момент кога имаме една анемична средина, еден напад составен од старците Круз и Креспо, и немирните деца Адриано и Балотели.. тогаш јас ќе дојдам во Скопје и ќе се фрлам во Вардар, а ти ќе снимаш со мобилен.
За Ето сега.. гол машина? Стварно ли Ето ти е гол машина? Единствено со тебе се согласувам за брзината.. или изгледа тебе те лажи она што тој дава по 30 тина гола во сезона, а Златан по 15-20.. Нека дојди Ето нека игра во Италија ќе видиш колку ќе даде.. Јас сум убеден дека Златан ќе даде преку 35 ако игра за Барселона на местото на Ето.. и дали си видел кажи ми гол на Ето некој добар како оние на ЗЛатан? Паметиш ли таков гол? Некој да ти оставил впечаток.. едноставно преку 50 % му се допуцани топки од 5-6 метра.. И за крај.. нешто што највероватно не си го знаел.. имаше една статија за Ето.. во странски весник.. која пресмета дека тој е најголемиот потрошувач на топки од страна на сите напаѓачи во врвни клубови според бројот на шансите кои ги добива.. Нешто слично пресметување како она со Рибери кои беше.. за најкорисен играч статистички.. Ето едноставно му требаат 3-4 шанси за да даде гол.. а дека ќе добива на натпревар во Интер по 10, исто како во Барселона.. тоа е прашање на векот... а мислам дека ќе ти текне одговорот.. доволно си голем..
Кој збори за моменталнава ситуација, ако збориме за денешниов Интер, истиот тим губи и со неиграњето на еден Матераци или Бурдисо . . . а не камоли со Ибра . Зборам за наредниот трансфер период кога ке имаме големи претумбации во екипата .
И да, стојам на тоа дека Интер со заминувањето на Ибра нема да изгуби ништо, само поради фактот што ке дојдат класа играчи и во средниот ред, и во нападот . Глупаво е да ставаш некои смешни префикси за Ето кој сезонава даде се на се 29 гола до овој момент .
На крај краева, колку шанси му беа потребни на Златан да даде гол во вториот меч со Ливерпул минатата сезона, или на вториот со Јунајтед ? Уствари, зашто го поставувам ова прашање кога истиот имаше се на се вкупно 5-6 100 % шанси за гол, а ниедна не погоди . . . ако одиме по некои статистики или натписи по медиуми, тогаш погоди пред кој играч стои префиксот big game floop . . . да, да, тоа е Ибра .
И знам сега ке кажеш/кажете, па Интер нема средина, Интер нема креативец, али никако нема да го демантирате фактот дека Ибра во вториот меч со Јунајтед, и во оној со Ливерпул влезе во неколку 100% шанси а не успеа во ниту еден наврат да ја погоди мрежата . . . . . со други зборови потфрли, или па средината на Интер е крива поради истото, поради тоа што типот има очајна реализација во мечевите со големите екипи .

Замена Ибра - Ето, во никој случај нема да му наштети на тимот, кажи што сакаш, али самите статистики на кои се повикуваш говорат дека Ето оваа сезона ја игра каде - каде подобро од Ибра, и во домашното првенство, и во ЛШ која патем кажано ја има и освоено . :smir:
Да лепиш некои етикети дека Ето бил оваков или онаков е смешно, во ништо не е полош од Ибра и во една ваква екипа како Интер и те како ке се снајде, баш поради брзината и лесното влегување во шанси за гол, таков играч Интер во моментов нема .
Можеби не памтам дека Ето дал некој преубав гол против Алмерија или Гетафе, но знам дека дава голови во ЛШ, дава голови во нокаут фазатa . . . од 130 настапи за Барса има дадено 100 гола, во тим кој ке добие креативност од наредната сезона во средината и во тим каде е тренер Мурињо ( знаеме што прави од секој прв напаѓач што го поседува ) Ето ке уништува, што значи, Интер ке изгуби еден добар напаѓач, ке добие друг или . . . . тимот ништо нема да загуби, факт .
п.с. Фан на Интер сум, не на Ибра, го познавам овој клуб доста добро и знам, убеден сум, дека наредната година бар јас ке го гледам најсилниот Интер ( зборам од моментот кога сум почнал да навивам за нив ) без разлика дали Ибра ке биде дел или нема да биде дел од тимот .
п.м.с. Пишав и ке повторам, услов Ибра да отиде во Барса е Ето да замине од истата, причини за второто нема, со што паѓа во вода и евентуалниот трансфер на Ибра во Барса .