Факти.
Прво тука ако не разбра зборуваме за Интер и Манчестер и нивните сегашни менаџери и зборуваме за тоа што постигнале.За Мурињо еве ќе бидам добар и ќе прифатам да зборувам и за тоа што направил со претходните клубови бидејќи според стажот е дете за Фергусон.
За првите две точки од твојот коментар си во право со математиките.
За третата точка еве ти да не се мачиш
Sir Alex Ferguson
Manager From: 06 Nov 1986 Years as Manager: 22
Premier League 1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2000, 2001, 2003, 2007, 2008 FA Cup 1990, 1994, 1996, 1999, 2004 League Cup 1992, 2006, 2009 UEFA Champions League 1999, 2008 FIFA Club World Cup 2008 UEFA Super Cup 1992 UEFA Cup Winners Cup 1991 Inter-Continental Cup 1999 FA Charity / Community Shield 1990 (shared), 1993, 1994, 1996, 1997, 2003, 2007, 2008
Друже, Ферги ако не се лажам е тренер во Манчестер од 86та, како менаџер својата кариера ја започнува во далечната 1976, и сега, споредуваш успеси на менаџер кој е повеќе од 30 години на таква функција, и повеќе од 20 години во МЈ, со тип, кој својата менаџерска кариера ја започнал во 2002 година и е менаџер скоро 7 години .
Ферги од 86та до сега, има две титули во ЛШ, Мурињо од 2002 до сега има една, и тоа со Порто ( каде беа тука парите ) а во наредните 20 години не верувам дека ке остане само на таа .
Е сега кога си кај парите и Абрамович, само да те потсетам, кој беше тренер на Челзи кога Абрамович дојде за газда во тој клуб ? Не мора да се мачиш, тоа беше Раниери, тој во тимот донесе играчи како Муту, Креспо, Maкалеле, Вејн Бриџ, Џо Кол, Верон, Глен Џонсон, Скот Паркер ( важеше за голем талент и беше донесен за 10 милиони фунти ) , СЕ НА СЕ склопено, Раниери потроши точно 120 милиони фунти плус во екипата беа Лампи, Галас, Тери, што освои ? Еве ти еден убав податок и факт кој говори дека не е се до парите . :smir:
Факт, дека Ферги е еден од најдобрите менаџери во својата историја, али да си тренер од 2002 година, и за тој период да има луѓе кои ке прават некакви споредби помеѓу Мур и Ферги, и да ги ставаат во една иста реченица кажува доволно за Мурињо, до 2006/7 јас немав сретнато личност од фудбалскиот свет кој бил ставен во ист кош со Ферги . И самиот Фергунсон пред неколку месеци кажа дека Мурињо би бил идеален негов наследник, тоа е факт, нешто слично кажа ако не се лажам и Рио, а зборовите на оној првиот доволно говорат, ме газат мене, тебе и било кој друг кој ке земе и безпотребно ке дели некои смешни префикси за Мурињо .
Баталете го вие неговиот арогантен карактер, начинот на однесување, гледајте што Се прави за екипата која ја води, јас не верувам дека некој фан на Манчестер би земал во предвид некои забелешки кои се однесуваат на Ферги како карактер или начин на кој се однесува со судии, на прес конференции,
тоа што нив ги интересира е начинот на кој тој го води својот клуб, а тоа го прави перфектно, т.е. приближно до зборот перфекција .
Јас како фан на Интер, истото го гледам кај Мурињо, едноставно прави Се за доброто на целиот тим, од тренинг режим, до градење на еден и единствен тимски дух и имплементирање на победнички карактер во истиот, што во една ваква екипа која ја наследи од Манчини беше претешко .
И реално, објективно, Манчестер моментално е подобра екипа од Интер најмногу поради играчкиот кадар во средината, која е може и еден од најважните фрагменти од онаа тројна врска одбрана - средина - напад . Затоа и мечот со нив е претежок, можеми најтешкиот испит за Интер во последните 10 години, не претерувам .
Не би можел да опишам колку би бил среќен доколку во Среда Интер успее да го помине англискиот, европскиот и светскиот првак, но дури и доколку се случи спротивното, не би бил разочаран, баш поради моменталната екипа која реално е скалило подоле од оние кои можеме да ги ставиме за освојувачи на Европа .
Причината за тоа е бројот на играчи на кои наиде Мурињо пред да започне сезоната, плус проблемите за имплементација на 4-3-3 форматот во Италија . Минатата сезона играа буквално со истата екипа, т.е. со ист тип на играчи со оглед на тоа дека главните засилувања сезонава не вродија со плод, но сепак, ние се надеваме на успех против Јунајтед, а како за споредба, со Манчини уште од Јануари минатата година го предвидовме исходот од дуелот со Ливерпул . . . и да, ке се согласам со дел од членовите овде, најсилното моментално оружје на Интер и против Јунајтед и во борбата за Скудетото, е Мурињо, зашто со овој ИСТ играчки кадар со тренер како Манчини, Интер ке се бореше за ЛШ, факт . :smir: