Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Сте го земале и Петар Баснарков :)
Дете на Вардар ако не се лажам, барем беше тука уште во сезоните пред 2000 али никако не доби место пред Зекир и Гого Јовчев :)
Иначе после бранеше во Шкендија Арачиново, Алумина, Локомотива а лани бранел во Шведски нисколигаш.
Според спорт, сте потпишале и нов двегодишене договор со голманот Андреј Ефремов кој е од школата на Работнички, а ланскиве сезона и пол беше позајмен во Славија Пржино во трета лига.
Ваму пишале дека е млад и надежен, според мене е дрво невидено. Голман висок 2 метра а прими најмалку десетина гола оваа сезона на негова вина и тоа со лобови од пола терен, или со шутеви во висина која лесно можеше да ја достигне. Голем киксер, а единствена придобивка му се дуелите еден на еден :)
 
А да не си грешка,голманот што беше во Славија е Ефтимов,додека Ефремов изминатава полусезона настапуваше на двојна во Тиквеш.Воедно имаше неколку настапи за младата репрезентација У21.
 
А да не си грешка,голманот што беше во Славија е Ефтимов,додека Ефремов изминатава полусезона настапуваше на двојна во Тиквеш.Воедно имаше неколку настапи за младата репрезентација У21.

Да, да грешка сум имавме двајца голмани со слично презиме Евфремов и Ефтимов :)
Овој беше Стефан Ефтимов, моја грешка :)
Али сега ви го вративме и пак е кај вас, освен ако не сте го зашуткале негде :)
 
"Металурзите" ќе се возат со "Форд"
38D3C7D33DCE3D45A789804528F6667E.JPG

Обете страни искажаа големо задоволство за меѓусебната соработка, надевајќи се дека истата ќе биде долгорочна
Вчера, во просториите на "МИ-ДА Моторс" во Скопје и официјално беше потпишан договорот за соработка меѓу оваа компанија и ФК Металург. Со тоа еден од спонзорите на Лигата на шампионите во Европа стана спонзор и на нашиот тим, а логото на автомобилите "Форд" од сега ќе стои и на дресот на Металург.
И двете страни искажаа големо задоволство од соработката, со надеж дека ќе трае долго време.
 
Настоски се врати во Металург!
77165236FC47A04896D61A8007BFA48B.jpg

Поради задоцнето комплетирање на документацијата, Настоски до јуни ќе го носи дресот на Металург
Металург, сепак, во своите редови ќе го има и Климент Настоски на располагање за пролетниот дел од сезоната. 23-годишниот фудбалер од средината на теренот не успеа да направи трансфер во Сирија, во тимот на Ал-Итихад, и се враќа во тимот со кој беше и на подготовки во Негорски Бањи.
Настоски од Кршко дојде во Металург, беше на подготовки, играше пријателски, но пред враќањето на експецијата во Скопје замина за Сирија за да потпише со Ал Итихад. Но откако стана јасно дека од договор нема ништо поради проблеми со документацијата, сега "металурзите" го вратија Настоски, кој во својата кариера настапуваше за Динамо Врање, Победа, Олимпик Сарајево, а ги мина сите младински категории на белградски Партизан.
 
Смедерево го напушти теренот!!!
Во 42. минута Смедерево не сакаше да го доигра натпреварот, револтирани од досудениот пенал за Металург од страна на судијата Крстевски
Пријателскиот дуел меѓу Металург и српскиот прволигаш Смедерево не го дочека својот крај. Истиот е прекинат во 42. минута, затоа што гостинот од Србија го напуштил теренот, револтиран поради досудениот пенал за Металург од страна на главниот судија Љубомир Крстевски. До таа фамозна минута, Смедерево имал водство, меѓутоа откако било покажано на белата точка, од таборот на српскиот тим се одлучиле да не го продолжат натпреварот.

МЕТАЛУРГ - СМЕДЕРЕВО 0:1 (прекин 42')
Стадион: Билјанини Извори во Охрид. Гледачи: 100.
Судија: Љубомир Крстевски (Битола).
МЕТАЛУРГ: Ников (20' Баснарков), Кралевски, Вајс, Мемеди, Петковски, Митрев, Крстев, Начевски, Џуриќ, Ејупи, Илијоски.
 
Со победа кон "дома"
A390E3BFBF6E644580443403D2A5A47D.JPG

Почна Илијоски, а потоа убавиот гол на Кралевски ја донесе победата на Металург. На крајот Нически успеа само да го намали резултатот
По едниот нерешен резултат, Металург победнички ги заврши подготовките во Охрид. Падна и тимот на Охрид 2004, а творци на победата беа Баже Илијоски, кој со голот стана најефикасен на пријателските, а триумфот го запечати стоперот Игор Кралевски, кој постигна убав гол со глава по асистенцијата на Медиќ. На крајот тимот на Охрид успеа преку Нически само да го ублажи поразот. Сите голови "паднаа" во второто полувреме, откако во првиот дел и покрај неколкуте прилики, сепак, мрежите мируваа.

МЕТАЛУРГ - ОХРИД 2004 2:1 (0:0)
Стадион: Билјанини Извори во Охрид. Гледачи: 100.
Судија: Марјан Маркоски (Охрид).
Стрелци: Илијоски 65', Кралевски 75' (М) - Нически 90+2' (О).
Ц. Картон: Вајс 70' (М).
МЕТАЛУРГ: Ефремов, Петковски, Кралевски, Вајс, Мемеди, Настоски, Блажевски, Љамчевски, Џуриќ, Илијоски, Начевски.
Уште играа: Ејупи, Тенекеџиев, Костенцовски, Митрев, Медиќ, Илиевски, Додевски, Симоновски.
ОХРИД 2004: Карамачоски, Велески, Мартиноски, Митрески, Шокоски, Ѓорески, Џалески, Нически, Д. Клечкароски, И. Клечкароски, Толески.
Уште играа: Капрически, Илоски, Китрозоски.
 
како можете Андреј Ефремов да го смешате со некој си Ефтимов, Андреј е ѕвер за него, еве сега ќе биде прв голман за Металург и тој потекнува од школата на Вардар, не од Работнички, сега треба да биде и прва алтернатива во У21, моментално најперспективен голман во Македонија!!!
 
^^ Точно така, и е потенцијален прв голман за Сениорската репрезентација на Македонија... прв голман е во репрезентацијата до 19 години веќе 2-3 години и оваа година тие изборија наредни квалификации што им успеало само на генерацијата на Пандев мислам... а, и има неколку настапи за У-21 во квалификациите и Бабунски сериозно смета на него... од оваа полусезона ќе биде и прв голман на Металург :)
 
Не ширете дезимформации Андреј ќе брани за Тиквеш :tv:
 
како можете Андреј Ефремов да го смешате со некој си Ефтимов, Андреј е ѕвер за него, еве сега ќе биде прв голман за Металург и тој потекнува од школата на Вардар, не од Работнички, сега треба да биде и прва алтернатива во У21, моментално најперспективен голман во Македонија!!!

Ги смешав по презимињата, не ни прочитав од каде е и кој е. Видов Ефтимов и го смешав со Ефремов...
Фала што ни кажа кој е, незнаевме :)
 
Не ширете дезимформации Андреј ќе брани за Тиквеш :tv:

Изгледа толку од Тиквеш, барем за почетокот на првенството... се надевам дека и до крај ќе биде така, односно прв голман во Металург... ако не дај Боже испадне нешто да му фатат место за прв голман, тогаш може Тиквеш :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom