Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Чекор по чекор ...
Ај честито прв трофеј за клубот. Нека се множат.
 
Двајца млади и талентирани фудбалери го ставија својот потпис за верност на екипата на Металург. Бојан Ѓорѓиевски има 19 години и дојде од Вардар, игра на десната страна во одбраната и го сметаат за еден од најперспективните македонски млади фудбалери. Настапува во репрезентацијата до 19 години.
Неговиот врсник Петар Љамчевски дојде од Битола, од редовите на Пелистер за да му се приклучи во тимот на Металург на својот брат Благоја. Со своите игри во дресот на битолчани го сврте вниманието на стручњаците од Железарница и трансферот дојде како логичен развој на настаните.
Со овие двајца млади фудбалери Металург најавува сериозно подмладување на екипата, а наскоро ќе бидат познати останатите имиња кои се очекува да пристигнат во редовите на актуелниот освојувач на купот.
 
Металург стартува в среда
88A93159E464D54CB7228F311AA01471.jpg

Подготовки во Скопје и во Маврово, пријателски меч со белградски Партизан

Миодраг Мицковиќ
Фудбалерите на Металург имаа малку подолг одмор по завршувањето на успешната сезона во кој стана победници во Купот на Македонија и се пласираа на второто место во изминатото првенство.

Шефот на Стручниот штаб Жикица Тасевски за 15 јуни ја закажа првата прозивка кога ќе почнат и подготовките за новата сезона во која тимот на Железарница стартува со големи амбиции и со желба да постигне и нови успеси, пред се', да го одбрани Купот, конечно, да ја освои титулата шампион на Македонија и да мине барем две-три кола во натпреварите во Лигата на Европа.

Според планот на подготовките Металург до 21 јуни ќе се подготвува во Скопје, а потоа ќе замине на десетдневни подготовки во Маврово. Во овој период е планирано Металург да одигра и пријателски меч со Ренова на 23 јуни, во Тетово или на игралиштето во Маврово.

За 6 јули е закажан пријателскиот меч со шампионот на Србија Партизан во Белград, а веќе на 14 јули го очекува и првиот меч во второто квалификационо коло за Лига на Европа. Кој ќе биде противникот на „металурзите“ ќе биде познато на 20 јуни кога во Нион ќе биде извршена ждрепката за европските купови.

За новата сезона Металург ги засили своите редови со младите фудбалери Петар Љамчевски, кој досега играше за Пелистер, и со Бојан Ѓорѓиевски од Вардар. Во новата сезона Петар Љамчевски ќе игра заедно со својот постар брат Благоја, кој во изминатата сезона беше стандарден првотимец на Металург.

Според зборовите на техничкиот директор на Металург, Никола Ѓошевски, клубот е во преговори со уште два-тројца фудбалери, кои би требало до петок да го стават својот потпис на договорот со Металург. Нивните имиња засега се кријат, но како што дознаваме, двајца од нив ќе бидат фудбалери од Србија.

Инаку, на крајот од оваа сезона, клубот го напуштија Милан Илиевски, Милан Ѓуриќ и голманот петар Баснарков, на кои иако не им завршуваа договорите, клубот им дозволи да си заминат. Во меѓувреме, договорот го продолжи талентираниот Нинослав Додевски.
Надежите ремизираа и со Саудијците
По ремито без голови со Бугарија во Сандански, фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено 1:1 и со Саудиска Арабија во пријателскиот натпревар одигран во австриското гратче Илц. Саудијците поведоа со голот на Ахмад во 57 минута, а израмни Трајковски, кого го погоди топката по изведениот слободен удар од Спировски. При резултат 0:0 не реализира пенал Несторовски.

Контролната средба со Арапите најверојатно беше и последната проверка пред есенскиот старт во квалификациите за Европското првенство.

извор: Утрински Весник
 
Капитенот Мирослав Вајс и Бојан Михајловиќ не се повеќе дел од тимот на Металург.
 
Ветеранот Захариевски го засили Металург!
3210E8CE59092D46B0F67A8EFE155307.JPG
Искусниот 37-годишен Захариевски е петото засилување за "Железарците"
Откако ги ангажираше младите фудбалери Петар Љамчевски и Бојан Ѓорѓиевски, екипата на Металург почна со ангажманот на искусни играчи за следната сезона. Завчера потписот на договорот со "металурзите" го ставија 29-годишните Срби Горан Драговиќ и Игор Павловиќ. Едниот игра во одбраната на стоперската позиција, додека другиот е голман и е добро познат на македонската јавност поради тоа што играше во битолски Пелистер пред две сезони. Но она што е најважно сега во овој момент е тоа што од вчера нов член на Металург е искусниот, 37-годишниот Срѓан Захариевски. Ветеранот доаѓа од тимот на Тетекс, каде што беше и капитен на екипата од Тетово.
 
Хммм, Горан Драговиќ? Мислам дека нема поквалитетен штопер од него во нашава лига. Браво, вистинско засилување.
 
пред малку заврши пријателскиот натпревар силекс 0-2 металург
 
Ќе си збирам после топки, не викам не.
 
Металург сака подолго евро-лето
E0D0DB0C74E6344AB9B254FD5DCCDBC6.JPG
"Имаме силен мотив овој пат да го минеме 2. квалификациско коло во Лигата на Европа, за разлика од минатата година, иако знаеме дека Локо Софија е фаворит", вели Тасевски
Максимално мотивирано "железарците" на второто свое евро-претставување во Европа вечерва на националната арена "Филип Втори Македонски" од 20:45 часот против бугарска Локомотив Софија ќе ја бараат можноста и за првиот триумф на европската сцена.
Минатата година Металург уште на самиот почеток од евро сезоната беше елиминиран од азербејџански Карабах, поради што сега со засилени мотиви за вистински позитивен впечаток пред домашната фудбалска јавност му приоѓаат на дуелот со Бугарите, очекувајќи за себе и за Македонија подолго европско лето...
МЕТАЛУРГ - ЛОКОМОТИВ СОФИЈА
Национална арена "Филип Втори Македонски". Капацитет: 32.580. Почеток: денеска, 20:45 часот. Главен судија: Лук Вилмес (Луксембург).
МЕТАЛУРГ: Павловиќ, Петковски, Драговиќ, Кралевски, Мемеди, Крстев, Митрев, Захариевски, Ејупи, Илијоски, Начевски
Тренер: Жикица Тасевски
ЛОКОМОТИВ СОФИЈА: Пеиков, Атанасов, Савиќ, Добрев, Лахчев, Горанов, Иванов, Божинов, Романов, Јорданов, Писаров
Тренер: Диан Петков

извор:Македонски Спорт
 
Koга гостуваа во Скопје против МЃП им играше овој Добрев само тој е стар во тимов доста искусен играч другиве гледам се се нови !!! Среќа за Металург што не игра Цветан Генков што ни степа гол тука за 1-1 дечкото е метро и жилет, поранешен атлетичар и ни даде гол со глава сега гледам играл во Висла Краков :oops::) !!! Има некое инфо дали ќе има навивачи од Татарија :D ???
 
ја гледав утакмицата мѓп-локо софиа но сега е друга песна сите се нови играчи
а за татари можеби ќе дојдат во мал број но нема информација дали сигурно ќе доаѓаат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom