Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
интересна ждрепка за Металург баш ке ме интересира како ке се покажат азербеџанциве ако се знај дека во последно време почнаја да вложват доста пари во фудбалот,инаку лани Карабах го победиле Розенборг и поминале 2кола во лига Европа
 
Мислам дека ова и не е баш најповолна ждребка за металург. Азербејџанците вложуваат многу во своите клубови, и мислам дека се за нијанса подобри од нашиот преставник. Очекувам Металург да постигне барем еден гол на гостувањето и потоа во Автокоманда да стигне до победа. Ќе биде неизвесно, и ако Минчо сака да постигне нешто повеќе со својот клуб треба да купи некои посоодветни играчи.
Инаку ако Металург го мине својот противник понатаму ќе игра со победникот од Северно Ирскиот Портдаун и Сконто Рига. Така да ова е голема шанса за Металург да влезе во третото коло.
 
Се прави патот за да дојдат Манчестер Сити или Јувентус на Железарница :)

За ждрепката, не знам дали имаше некое дополнително ограничување кој може да падне, а кој не, ама во носителите беа и Калмар од Шведска, Рандерс од Данска, Нитра од Словачка, Рух корзов Полска, Турку од Финска, Динамо Тбилиси .... имаше незгодни екипи како за во прво коло.
Може да се рече дека е добра ждрепката. Азербејџан можеби вложува во фудбал, ама имаат и појаки клубови од Карабах.
Прв настап на Металург, многу ме интересира како ќе заврши. Се надевав дека првата ќе се игра во Скопје. На 08.јули нема да можам да ги гледам. Здравје, во второ коло :)
 
Гледајќи го ростерот на Карабах па и немаат некои интернационалци како некои од другите екипи во Азербејџан,така да тимот се склони на азербејџанци.Неможе да се негира дека азербејџанскиот фудбал е во подем,дека многу се вложува,впрочем и доста македонски фудбалери вадеа “парче леб“ во оваа земја,али реално гледано мислам дека Металург би требало да го помине првото коло.Во второто коло исто се наиде на посакуван противник со оглед на тоа кој се можеше да падне,реално Сконто е доста поквалитетна екипа од Портдаун и доколку Металург го мине Карабах треба да налета на летонците.Мал минус може да биде тоа што во Летонија првенството е во тек и се во натпреварувачка форма,а воедно Сконто е прв на табела со учинок 8-1-1.Али првин да се мине Карабах па после ке му ја мислиме на Летонците.
 
ejupi povredn i ne samo so ke gi propusti natprevarite vo evropa tuku i polovina od sezonata :pos2: :pos2::pos2: se povredil na podgotovkite u ohrid :nesvest:
 
Каде играше тој Клечкароски? Мислам дека Металург го земале и него.
 
Каде играше тој Клечкароски? Мислам дека Металург го земале и него.

„Металурзите“ се договорија со Клечкароски

Потрагата по напаѓач за новата сезона скопскиот фудбалски прволигаш Металург ја заврши со потпишан договор со Никола Клечкароски, поранешен играч на дисквалификуваната Македонија ЃП. Корпулентниот напаѓач им се придружи на „металурзите“ на подготовките во Охрид, каде се подготвуваат за првиот меѓународен испит со азербејџанскиот Карабах.

- Со Клечкаровски завршивме работа, но за првиот меѓународне меч нема да биде во комбинација, вели Жикица Тасевски тренерот на Металург.

Него, на нашиов стадион ќе се игра или на градски ?
 
На Филип 2.
Затоа Работнички првиот меч ќе го игра дома, а ревеншот на гости. Првично требаше и Металург и Работнички да играат во гости, ама УЕФА со еци пеци пец одлучила Работничи да го смени распоредот. Затоа што делат ист стадион, нели.
Ќе биде интересно ако поминат во второ коло. Тука ќе дојде и Тетекс. Да видиме како тогаш ќе го делат стадионот :)

Иначе, во четврток Металург ќе игра во Баку, од 18:00 часот (најверојатно според нивно локално време). Судија е некој романец.
http://www.uefa.com/uefaeuropaleague/matches/season=2011/round=2000124/index.html

Со среќа.
 
Поразов иде на душа на наркоманон...кј го најдовте него бе!
 
metalurg deneska mora da odi na sve ili nisto dokolku saka plasman ponatamu

Што стиганвме кога овај тим ние главен конкурент за шампионска титула а губи како грчка од трето разреден клуб од бог иза леџа господ знае од кај се и дома не можат да ги победат изиграа само 1-1 што сакаме ние искрените навивачи на другите клубови
резили невидени сме на чело со ффм нивната поставеност на позициите кој дава пари ќе успева само и за некој ќе рпогледува низ прсти
се надевам дека минчо нема лесно да се откаже и ќе волжува во спортото и во други клубови со традиција и навивачи а вака со металург се гледа до кај ќе стигни :smir:
 
Следна година поише среќа :)
 
Металург е клуб во сопственост на Минчо. Тој не само што вложува во клубот, туку клубот е негов. Тука има разлика, ако може да ја приметите.
Вложување во „клуб со традиција“ во македонски услови значи да фрлаш пари на сите страни, да плаќаш нечии хипотеки и на крај ништо да не е твое.
Минчо има негов стадион и помошно игралиште, негова школа за младински категории, многу слободен простор околу стадионот каде што се наоѓа неговата болница и простор на кој може во секое време да изгради што сака. Е сега, кажи ми пријателе во кој клуб со традиција и навивачи треба да вложува Минчо? И што може тој некој клуб да му понуди на Минчо? Само еден уште поголем платен список во кој ќе влезат и водачите на тие верни навивачи.
Минчо си има јасно зацртана цел и полека ја остварува. Не му е целта само да одигра 2-3 кола во Европа и да го напушти клубот. Има подолга визија.

Ќе речете, Минчо скапо ги плаќа фудбалерите, а нема успех во Европа. Така е. Оваа година така испадна. И Ренова, шампионот наш фрла пари, па помина бетер од Металург. Секоја година имаме по некој дебакал во Европа. Оваа година беа Металург и Ренова, (Тетекс барем дојде до 2-ро коло) лани беа други, догодина некои трети ... проблемот е во слабата лига, не се виновни клубовите.
 
Што стиганвме кога овај тим ние главен конкурент за шампионска титула а губи како грчка од трето разреден клуб од бог иза леџа господ знае од кај се и дома не можат да ги победат изиграа само 1-1 што сакаме ние искрените навивачи на другите клубови
резили невидени сме на чело со ффм нивната поставеност на позициите кој дава пари ќе успева само и за некој ќе рпогледува низ прсти
се надевам дека минчо нема лесно да се откаже и ќе волжува во спортото и во други клубови со традиција и навивачи а вака со металург се гледа до кај ќе стигни :smir:

Karabakh се вика клубот. За нас е трето разреден клуб и се наоѓа богу иза леџа т.е. во Азербејџан. „Сиромашките“ имаат буџет околу 7 милииони годишно. Хаџиевски неколку пати на телевизија зборува за Азербејџан и за нивната професионалност, ама очигледно тие зборови не стигнале далеку.
Патем речено, треторазредниот клуб Karabakh е на добар пат да го помине и третото коло од Лига Европа. Во гости ја победи Висла Краков со 1:0, па сега треба дома да игра. И лани имале долг настап во Лига Европа.
По се изгледа имаат многу голема среќа, трето разреден клуб да игра две години по ред така долго во Европа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom