ах... муки...
погледнав пак натпеваров и никако јас самиот да разберам, т.е. да видам дека сме толку лоши, односно камења како што викате. имавме пак добри акции и си викам колку само малку фали од пораз до победа. на пример да не ни го поништија чистиот гол и тоа џилата да погодеше кога беше сам пред гол или да влезеше таа на љаич или монтоливо да не беше толку камен немаше ни ефтин гол да примиме. али ај да не хипотетизирам...
имаме игра немаме некоја реализација. тоа се должи на тоа што џила е камен и јас стварно би го продал сега во јануари. тој нема да даде гол со нога па што сака нека биде, ќе даде максимум 8 гола со глава и толку. ако го изземеме џила-каменот, тој ми е нов надимак за него, тогаш и немаме некој напаѓач. черчи што дојде пред 2 дена ни е најдобар играч, еее како бе!
значи крив е дела вале, не би рекол корвино. ова е ретка ситуција кога можам со прст да покажам кој е кривецот. дел од вината иде и кај михајлович, што и тие малку пари не ги потроши рационално, со купување на уште еден голман, немасто на дефанзивец.
останува фиорентина на децата, пошто и монто и џила и фреј и филипе сите би ги продал веднаш, ама веднаш.