Boom Shaka Lakka
Silence!! .. I kill you!
- Член од
- 29 август 2008
- Мислења
- 10.982
- Поени од реакции
- 8.917
чекај малку, нешто не ми е логично тука, банката ги подмирува долговите на сенси што таа ги напрвила против неа? хм....
највероватно јас не сум разбрал добро, ќе те замолам да ми објасниш!
пошто сенси нема пари да ги подмири долговите кон банката, таа го зима тимот но не значи дека банката е сопственик на тимот, само чека трето лице да ги подмири долговите,а сенси ако нема у недвижнини што и да е треба да си оди у затвор! така си ги разбирам јас работите, освен ако банката не решила да влезе во фудбалот што е апсурдно.
според мене рома треба да се лиши од сите натпреварувања, се додека не се подмири долгот и токму од овие причини УЕФА имаше најавено дека тоа ќе им го прави на сите тимови кои имаат долгови .... што тешко дека ќе се спроведе у пракса, кога тука спаѓаат реал, барса, манчестер, челзи, арсенал, од италјаниве мислам дека у долг се и милан и интер али не толку колку овие другиве.
и плус 15М кај ги наоѓаат париве бе, од никаде се појавуваат, ебати фудбалот што бизнис стана и тоа прљав бизнис.
види вака, додека фамилијата Сенси беше сопственик на Рома направи долг некаде околу 350мил евра спрема банката... кога веќе банката си ги побара парите(ова лето) Росела немаше од каде да и ги врати, па затоа мораше клубот да го даде во рацете на банката со тоа и да го подмири долгот... сега клубот Рома е во сопственишто на банката Уникредит, а Росела веќе нема никакви долгови но го изгуби клубот!!!! така сега банката од свои пари го финансира клубот додека не се најде нов купувач... затоа Рома моментално нема никаков долг
велиш дека сеуште не е подмирен долгот, но банката со Росела се договориле клубот да припадне на банката, а со тоа и сите долгови да бидат подмирени!!! сега банката може да ќари од продажбата на Рома, зависи за колку пари ќе ја продаде, можеби парите кои ќе ги земе од Рома ќе имаат поголем износ од долгот, но тоа е тоа!!! тоа ти е исто кога вадиш кредит и потоа ако немаш пари да го вратиш, банката ти зема секаков вид на имот кој има вредност!!!
ги заборавив тие 15мил... тоа се пари кои Рома ги заработи со самото 2-ро место во Сериа А и финалето од Купот на Италија, јас не гледам ништо сомнително овде, ниту во тие 15мил, ниту во продажбата, се јасно како ден!!!!