Не би рекол дека е слаба Фиорентина.Колку тима пропаднале по влегувањето во ЛШ,не можат да се избројат.Засега Фиорентина се држи прилично добро во ЛШ и лигата
Муту ветува дека ќе се врати во форма
Романскиот интернационалец, Адриан Муту ќе настапи за Фиорентина на гостувањето против Палермо во недела и ветува дека е блиску до враќање на формата.
Поранешниот фудбалер на Челзи се бори со повредата на лактот уште од почетокот на сезоната.
По 90 минути во игра против Баерн Минхен, Муту изгледа спремен да игра против Палермо.
"СЕ чусвствувам добро и ќе играм против Палермо"- рече Муту.
"Против Баерн не го носев заштитникот за лактот првпат што значи дека комплетно сум излекуван"- додаде тој.
"Што се однесува до коленото, доколку ми требаше операција ќе одев, но се подобрувам со специјален начин на тренирање"- коментира уште романецот.
"За мене сезоната започна со натпреварот против Баерн и сега сакам да се вратам на стариот јас"- заклучи.
Па убавп би било да тепаме и да останеме горе!Со 16 бода би имале 1 помалце од другите!Така да мотивирано ќе ги пречекаме Интер во среда!Ама да почекаме да видиме!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.