брат види вака, јас во заграда ти го пишав аимар значи или афелај или овој не и двајцата шо ќе ни се?! нема ни кај да играат... а за налдо како партнер за гамберини, и евентуално тони ама ништо од тоа... сеа читам флокари се спомнува за натали/клолдруп + 5-6 милиони... а ете гледаш нема заинтересираност за тони а поефтина и подобра варијанта е,бидејки не го сакаат веќе во баерн и можно е и без пари да го пуштат...
и види друго тоа горе се или 17 или 25 милиони за 3 квалитетни и искуни играчи, многу ли барам?
и види друго пример уште подобро, за да не испадне дека претерувам, нека купат еден сега и плус тони, за 10 или 15 милиони ќе биде тоа а другиот на лето нека е... никој нема ни да се буни за тоа а нема да останеме без освежување во тимот... али гледам погрешно цело време ме сфаќате...
и види уште нешто најлошо,зашо од вас скоро никој не го сакаше панучи летово? ќе дојдеше без пари, ќе изиграше 1-2 сезони и ќе идеше и у пензија после фино, никој ништо немаше да рече... не за друго види го во парма како ги држи конците под своја палка во одбраната... нам ни го донесоа некој си анонимец натали, колку да се замачкаат очи еве ви бе играч во дефанзива, исто како со кастиљо а беше планирано напаѓач да се донесе на лето кога ги продадоа пацини и освалдо :uvo:
и како после да не пцујам по корвињо, кога ме заебава во здрав мозок... а инаку за некои млади играчи кои ги донесе секоја чест, ама не влеговме сега од 4та лига па да тактизираме милсма дека целиме напред, а и башка кога влеговме многу подобро се размислуваше за трансфери еве муту, тони, јоргенсен, ујфалуши, фреј, гамберини,наката.... се беа тоа искусни играчи со микс на младите како пацини, монтоливо, пасквал, донадели ... така се гради екипа и стигнавме до кај што сме сега... а сега на кој се размислува? тадеи,флокари,фелипе,катиљо,натали... и самиот прандели е веќе свесен за ситуацијата и знае што му фали на тимот, али човекот никогаш не се противел, и од ништо знае да направи резултати добри пр.колку повредени имавме на енфилд а на крај победивме?
али ок е нека биде во ваше,дека многу сум барал и дека не се разбирам, и дека не може така... дивете се на овие горе играчи кои според мене не се засилувања за тимот,туку само квантитет... и џабе фрлање пари...
поздрав и не ве веќе замарам,размислувајте позитивно не ко мене негативец... чао