Многу слаба игра на Фени, максимално заслужена победа на Работнички.
Не ми е криво шо изгубивме, редно беше некој да му одржи лекција на Рајкович како се води тим во волку важен натпревар, не сакам да испадне дека изгубивме и одма го критукувам Емил ама низ текот на целата сезона прави некои несфатливи потези, барем за мене се несфатливи.
Јасно е дека на секој натпревар оваа сезона Фени форсира шут за 3, а и зошто не би кога има одлични шутери во тимот, ама финтата е шо не на секој натпревар ќе ти фаќа шутот од дистанца и токму тука паѓаме ние, Емил нема план Б, Симич и Трајковски комплетно ги растурија Гоцевски и Кол под обрачите, сега немам точна информација ама сигурно Фершпед имаше преку 10 офанзивни скока, тоа едноставно не смее да се дозволи.
И сеа гледа Емил дека уште на почеток не фаќа шутот и упорно тие истите (Самарџиев, Прекович, Попович) се печкаат за 3 у текот на цела утакмица, па добро бе човек ич ли не ти текна дека на клупа го имаш Дарко Радулович, па кога на овие ашлаците не им одеше можеше да го испробаш човекот, он е еден од подобрите тројкаши у Фени ама не, зошто он кога може Преката да ја "реши" утакмицата со непромислени шутеви од 9 метри.
Но сепак мислам дека утакмицата се реши под обрачите, Mr. Superstar Доналд Кол се изгуби или беше изгубен од страна на Бојан Трајковски, кој многу "пријатно" ме изнанади и играше со огромна самодоверба, браво и за него.
Од Гоцевски да бидам искрен не ни очекував многу ама пак затоа мислав дека Кол ќе го растутри Трајковски али....
Чемата пак ја бодеше главата у земјата и не беше ни на приближно ниво да се носи со расположениот Мираковски, едино Браун малку им ги посокрши кичмите со неколку добри влеза ама тој пак многу тапа шут има ама подобро го чуваше Мираковски.
Прекович беше доста заангажиран ама многу шутеви за 3 промаши, Ѓуров барем половина од тоа што ги изигра во одбрана да го одиграше
во напад мислам дека ќе победевме.
Кај Попович ми се допаѓа борбеноста ама за да погодиш 3 у клучен момент ти треба мирна рака а не да се траќаш на паркетот како будала, ама сепак секоја чест за играта на Владо.
Како и да е очекувам огромно подобрување на играта на следниот натпревар и уште сум оптимист дека Фени ќе игра финале, па ако сака да биде нека бде а ако не јбг.