Значи успеал една убава песна да ја уништи! Момава од Косел не ја бива, Надица Богеска треба да ја земе у спот, таа е единствената фатална девојка. :smir: Инаку Косел, единствениот активен вулкан кај нас, станал `ко Чернобил. :ija:
П.С. Сепак, најдобра песна од Драганче е: „На маса ќе дремам“
Малце пофалби не само исмејување.
Добар е Драганче, супер е. Заедно работевме на еден објект секој ден ми правеше концерти во живо, најфер е од сите наши ''естрадни уметници''. Ова што го плукаат сите и сеир го фаќаат со интервјуата е наместена работа- благодарение на идиотот Шапкар, луѓето мислат дека е ретардиран или дека му фали некоја даска во главата, а напротив како личност е кул и многу добро размислува не е фрик како што вие го етикетирате. На пролет ќе има нови 2 хита, само не ми ги откри деталите. Тој е свесен дека неговата музика е хумор и сеир за народот, само тоа не го паѓа, напротив го бодри и прави среќен и задоволен. И за задоволството на народот, поголемиот дел од неговата плата го инвестира во музиката.
Пс. Ако не сте биле на негова свирка задолжително кога ке имате можност да појдете- цепки е.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.