Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Рики и официјално не е дел од Депортиво повеќе ;)
 
Агентот на Ласад го понудил неговиот играч на Депортиво.
Истотака веќе е познато дека Депортиво му понудиле договор на Циско :)
Значи може доста добар напаѓачки тандем да имаме, истиот од преклани фактички.
Циско како дете од Ла Коруња особено со срце би играл за тимот, е сега орашање е дали стечајниот управник ќе ги одобри овие договори.
Сепак уште е на база на шпекулации.
И Саломао изјави дека би сакал да остане, од Спортинг Лисабон зависи дали ќе ни го позајмат пак. Мада јас мислам сдека треба веќе да си го откупиме.
 
Васкез ќе биде тренер на Депортиво и во наредните две години. Одличен потег.
Конечно годинава се рекле дека се фокусираат на работа со фудбалери од нашата школа.
Депортиво Б во моментов игра бараж за Сегунда Б (трета лига).
Го мина првиот противник, сега со вториот победија со 2-0 на домашен. Ако ги поминат, мислам дека има уште едно коло.
Има неколку солидни фудбалери кои се надевам ќе добијат шанса.

И една лоша вест, Саломао е земен да тренира со Спортинг Лисабон, така да тешко дека ќе го позајмат пак...
 
Мачни времиња во Депортиво во моментов.
Прашање е уште колку ќе опстојува клубот...
Ликвидацијата на Саламанка е само уште еден показател дека доколку во најбрзо време не се направи договор со кредиторите, истото ќе не снајде и нас.
Саламанка само година дена беше во стечај, и тоа за долг од околу 30 милиони (нашиот е 5 пати поголем).
Ситуацијата е статус кво, и Депортиво сеуштен не може да постигне никаков договор, бидејќи сите планови за враќање на долгот им се одбивани.
Многумина бараат заминување на Лендоиро гледајќи го како човек ради кој не влегуваат други спонзори. А и реално единствениот спас сите го гледаат само во Амансио Ортега, сопственикот на Зара, но он не сака да се меша во клубот додека е Лендоиро таму.

Се ми се врти дека клубот ќе се распадне и ќе се спои со вториот состав Фабрил.
Денеска Фабрил игра со Ел Пало, за влез во трета лига.
Ако не сезонава, тогаш веројатно следна сезона ќе се случи ова сценарио.

За сезонава се очекуваат да дојдат одвај 4-5 слободни играчи...
А костурот на екипата ќе го сочинуваат играчи од Фабрил и оние кои ќе останат.
Засега на голот го имаме Аранзубиа, во одбрана, Ажозе на лев бек, Лауре на десен, Мануел Пабло на десен, Зе Кастро, Кака и Ајтами како централни, Алекс Бергантињос, Хуан Домингез, Асунсао во средината, Бруно Гама на десно крило, и ниеден напаѓач :)
Така да обавезно ќе ни требаат крила и напаѓачи...
Досега е испратена понуда до Циско.
Неговиот агент го потврди ова но вели дека има други клубови кои давале поголеми понуди, сепак мислам дека Циско ќе го предводи нашиот напад.
Очекувам Ласад да биде вториот напаѓач :)
Други најави НЕМА.

Кој ќе речеше дека главниот играч од овие сезони Рики ќе замине од клубот, за да потпише во клуб од типот на Гранада :confused:
 
Фабрил-Ел Пало 4-2
Предност од 2 гола на Депор Б, пред гостувањето во Малага.
 
Само еден час го делеше Депортиво од селење во трета лига, а веројатно и од ликвидација и згаснување на клубот.

На крајот ќе испаднеше дека токму сегашните играчи на Депор ќе го згаснат клубот. AFE асоцијацијата која ги застапува играчите во Шпанија, заедно со сегашните играчи на Депортиво побараа конечно да се средат долговите кон играчите.
Им се должат 11 милиони севкупно...
Или во превод година дена немаат земено плати.
Тој ден (31 јули) беше последен ден за решавање на ова прашање. Договорот конечно беше склучен во 11 часот вечерта, и парите ќе се исплаќаат во иднината, а од играчите се бара да се откажат од 33% од своите барања...
Во меѓувреме навивачите се свртеа кон играчите за кои сметаа дека го изневериле тимот и дека го воделе кон згаснување, а особено критиките ги доби Мануел Пабло...
На денешната пресконференција играчите се извинија и рекоа дека медиумите лошо го претставиле настанот и дека играчите воопшто не се криви, договор бил постигнат од поодамна, но банките го кочеле...
Како што знаете Депортиво е под стечај, така да за неговите пари решава стечасјниот управник. Банките се согласиле да исплатат (да ослободат на некој начин) 6 милиони за играчите, а остатокот од 11-те милиони да го добијат во вид на обврзници. Играчите и AFE одбивале и сакале да го добијат остатокот во иднина, но со директна исплата. Банката барала некој да гарантира за парите и тука бил проблемот. На крајот Шпанската федерација LFP се јавила како страна која гарантира.

Многу шпекулации се вртат по медиумите во Галиција, се споменува дека има некоја заинтересирана страна за Депортиво, која напаѓа од сенка. Сите посакуваат тоа да биде Амансио Ортега, сопственикот на Зара. Наводно било побарано од Лендоиро да го напушти клубот и наводно паднал договор да си оди во јануари.

Битно е дека годинава СИГУРНО ќе играме во втора лига. Останува на нас да избориме опстанок колку и да биде тешко тоа.
Заминување на Лендоиро сигурно би значело и заминување на Мендес фудбалскиот менаџер што ни носи играчи од Португалија, кој ако си замине сигурно ќе го повлече и Бруно Гама со него кој ни е главна алка во тимот во моментов. А веројатно и Васкез би си заминал, а да останеме без тренер во моментов би било хаварија за нас. Затоа може е подобро да остане Лендоиро уште некое време :icon_mrgr:

Интересно беше што во моментите кога се решаваше ситуацијата и кога беше под знак прашалник постоењето на клубот, Депор играше пријателска со некој четвртолигашки клуб. Цело време идеа коментари дали сме свесни дека го гледаме можеби историскиот последен меч на Депортиво:icon_mrgr:


Meanwhile од ланскиот состав останаа следниве играчи: Аранзубиа, Лукс, Зе Кастро, Ајтами, Кака, Лауре, Мануел Пабло, Ажозе,Асунсао, Хуан Домингез, Алекс Бергантињос и Бруно Гама.
Досега Депортиво зема само еден играч кој е прилично задоволителен ако се земе предвид дека игра како напаѓач, а може и по двете крилни позиции да настапува.
Се работи за 24 годишниот Руди кој последно играл во Серкл Бриж.
4000162498179.jpg


И онака немаме НИТУ ЕДЕн напаѓач, Рики отиде во Гранада, Нелсон Оливеира во Рен.
Проблемот е што типов има некоја повреда и уште не тренира :pos:

Јебига на такво дереџе сме. Не успеавме ниту Циско да го донесеме :unsure: Остана во Кордоба... Депортиво пробуваше да ги придобие играчите родени во Ла Коруња и околината. Но покрај Циско не дојдоа ниту Хуан Карлос Пита, ниту Дени Мало. Ех играчи кои на времето ги гледав со потсмев, што можеа да сањаат да заиграат во прв тим, сега стигнавме да ги молиме да играат за нас :confused:

Се очекува во секое време клубот да го напуштат Дани Аранзубиа, некој од Зе Кастро и Ајтами, а ниту Асунсао не е сигурен...
Ако отиде и Бруно Гама, тогаш останавме без крила.

Клубот во моментов се состои од играчите на Фабрил и од кадетите, а од нив многумина имаат големи очекувања. Ќе видиме дали со овој состав ќе обезбедиме опстанок...
Испаѓање од втора лига би значело и крај за нас.

Во моментов на подготовки се следниве играчи:
Голмани: Аранзубиа, Лукс, Давид Гомез
Одбрана: Мануел Пабло, Лауре (десни бекови), Ажозе, Сеоане (леви бекови), Зе Кастро, Ајтами, Кака, Рочела, Инсуа, Уксио, Дик (централни бекови)
Средина: Алекс Бергантињос, Асунсао (дефанзивни средњаци), Сидибе, Телес, Хуан Домингез, Цани (централна средина), Ромеј (лево крило), Бруно Гама (десно крило), Бичо (Офанзивна средина)
Напад: Алваро Лемос (напад плус лево крило), Руди (напад плус крила), Дани Иглесиас

Црвените се од Фабрил, сините од кадетите.

Нормално дека нема сите овие да добијат шанса во првиот состав, но скоро сигурно е дека Инсуа, Уксио, Сидибе, Телес, Ромеј и Алваро Лемос ќе бидат избрани. Дани Иглесиас добро се покажува истотака, па веројатјно и он и Бичо ќе добијат некоја минута. Дик и Цани се земени колку да пополнат место...
Аранзубиа може да си оди, па Лукс би бил прв голман, а Давид Гомез замена.
Составот како што реков уште не е дефиниран, и ќе врши промени во наредниовб период.


Добрата вест ја оставив за крај :D
Најверојатно ново зассилување ќе биде повратникот Хавиер Аризменди кој доаѓа од Гетафе, и според медиумите утре треба да ги мине лекарските прегледи (објавено е и на страната на Депор). Одлично засилување во нападот ќе биде ако се оствари ова :)
 
Веќе и официјално Хавиер Аризменди ги помина медицинските прегледи во Депортиво и утре ќе биде претставен во медиумите :)

Наводно и Марчена се појавил на тренинзите на Депортиво, а некои шпекулации велат дека Диего Саломао, Андре Сантос (и вајцата досега играа како позајмени во Депор од Спортинг Лисабон), Гејхо (Удинезе) и Игало (Од Удинезе беше позајмен во Гранада) се на пат да потпишат за нас. Сепак нигде нема официјална потврда за овие шпекулации.

Наводно и нашиот екс капитен Скалони се понудил самиот сда се врати во тимот, а тоа е веќе играч кој со задоволство би сакал да го видам во нашиот дсрес.

Работиве тргнаа напред. Нов спонзор на повидок???
 
Сепак поголем дел од работиоте не биднаа...
И официјално Дани Аранзубиа после пет години повеќе не е дел од Депор и потпиша за Атлетико Мадрид. Лукс станува прв голман што е сосема добро, а вториот голман ќе се бара допрва. Најверојатно тоа ќе биде Иан Макај дечкото од школата на Депор кој последниве години ако не се лажам бранеше за Понтеведра.

Нови играчи на Депортиво се левото крило на Галатасарај, Кулио и средњакот на Висла Краков, Вилк.
juan-emmanuel-culio_176293.jpg
juan-emmanuel-culio_176294.jpg

Дракулио :D

Се најавува дека левиот бек и крило на Бенфика, Луизињо ќе потпише три годишен договор со Депор. Ќе видиме деновиве...

Се очекува од составот да отпаднат уште Ајтами или Зе Кастро како и Асунсао.
 
Шпанската федерација ни дозволи висината на платите да се зголеми од 3.4 милиони на 5 милиони, веројатно доволно за стечајниот управник да го дозволи потпишувањето на Луизињо и Алекс Гејхо од Удинезе.

Во меѓувреме неколклу клуба притискаат и за Бруно Гама, а задолжените за случајот Депортиво, притискаат играчот да биде продаден, што би бил преголем удар за нас :(
Се очекува и заминување на во моментов главната алка во одбраната Зе Кастро и на Асунсао.
Постои некоја мала шанса Марчена и годинава да настапува за нас што би било кец на десетка и комотно може и Зе Кастро и Ајтами да си одат :icon_mrgr:

Првенството почнува во сабота а нас не очекува тешко гостување против тимот на Валерон, Лас Палмас :)
 
На полувреме 0-0 на гостувањето во Лас Палмас. Не сме толку лоши со оглед на тоа што во екипата е хаос и секој ден некој од појаките може да си оди. Зе Кастро ќе си оди, а откако ќе замине стечајните управници ќе дозволат да се потпише Луизињо и некојси напаѓач Борха Гастон кој досега од Атлетико бил позајмуван на Хуеска...

Играме со 3-4 имиња од ланскиот прв состав.

Лукс

Лауре Инсуа Кака М.Пабло

Домингез Бергантињос

Б.Гама Кулио Аризменди

Луис


Луис е напаѓач од младинците, бидејќи Руди е повреден и немаме друг напаѓач. Аризменди би бил главен во нападот, ама се повреди Лемос и останавме без лево крило (се додека не дојде Луизињо).
Аризменди и Гама беа главните играчи во првото полувреме. Аризменди имаше сто процентна шанса со глава по нафрлање на Гама, а истотака имаше и соло продор и добар шут, како и одлично додавање до Луис, но овој лошо ја прими топката.
И Лас Палмас имаа некои прилики, но Лукс засега е сигурен.
Овој Кулио коси, заработи жолт, а се чини дека во секој момент може да добие и црвен :D
--- надополнето: 17 август 2013 во 20:12 ---
ГОЛАЗООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООО
0-1 Инсуа
Деби гол за младиот играч на Депортиво. Одлично нафрлување на Кулио од корнер, домашниот голман со лоша проценка, Инсуа натрча од позадина и со глава му носи водство на Депортиво.
 
Борха официјално е или? Читав негде дека имало објавено на веб-страната на Депор или така нешто ама не проверив.
 
Борха официјално е или? Читав негде дека имало објавено на веб-страната на Депор или така нешто ама не проверив.

Се чека одобрение од стечајниот управник за да се официјализира. Пошто отидовме под стечај, ништо не може да се официјализира без амин од управниците.
Во моментот кога ќе си оди Зе Кастро, ќе се официјализираат трансферите.


Лас Палмас-ДЕПОРТИВО 0-1!
Победа над екипата која реално е во слична ситуација како нас.
Валерон не се изнаигра денес против нас и мило ми е што неговото деби во Лас Палмас го завршува со пораз :D
Бевме подобар противник, откако поминаа првите 25 минути во кои бевме доста конфузни, до крај ги растуривме.
Победа која е од огромно значење во борбата за опстанок за почеток :D
Мада тимов и не ни е така лош, особено кога ќе се воиграат сите засилувања. Вака ептен сме тенки со играчи...
Гама-Кулио-Аризменди се цареви за лигава.
Руди влезе во последните 10 минути и имаше шанса, но многу чекаше и го блокираа. Се гледа дека за втора лига е одличен. Доста брз играч, со некои чудни потези во стилот на Еди од Текен :D
Кулио бескомпромисен. Неговото деби заврши со црвен картон во 60-тата минута :D
Имаше доста стартови и требаше Васкез да го извади од игра. Плус бајаги се бунеше, и судијата само чекаше некој старт за да му даде втор жолт. Стартот и не беше за втор жолт ама ајде...
Сепак имаше одлино деби, и плус го повреди нивниот лев бек кој ни правеше доста проблеми и кој откако излезе од игра, ги разгазивме :D
Одбраната одлична, супер деби со победеносен гол на младиот Инсуа, а Кака истотака беше одличен. Пабло и Лауре како бекови доста солидно, а и Бергантињос и Домингез си беа стандардни во средината.
Младиот Луис доста се бореше во нападот, ама се гледа дека сеуште не е дораснат за лигава :D
Дебитираа и Хуан Карлос и Бичо откако влегоа во вториот дел.

Со доаѓањето на Луизињо, и со целосното опоравување на Руди ќе бидеме уште појаки. Не знам каков напаѓач е тој Борха, ама се надевам ќе помогне доста во нападот.
 
И денес доаѓа најлошата вест :(
Управниците ќе го продаваат Бруно Гама, и тоа на Украински Днипро.
Договорот е готов, а Депортиво ќе добие само 2.5 милиони за најдобриот играч.
Многу глуп потег на стечајниот управник со оглед на тоа што во Бруно Гама во тимот Депор дури можеше да цели на промоција во прва лига, а тоа сигурно ќе значи плус 20-тина милиони од ТВ права и слично.
Вака без Гама преминуваме во просечен второлигашки тим...
 
После Кулио, Аризменди и Руди, Лузињо и Фабрицио се четвртото и петото засилување на Депортиво.
Екс голманот на Депортиво Б, Фаврицио, се враќа за да му биде замена на Лукс.
И он и Луизињо доаѓаат со три годишни договори.
Истотака како што споменав вчера, Бруно Гама отиде во Днипро за 2.5 милиони.

Се очекува деновиве Ајтами да го напушти Депортиво, а Марчена да се врати во составот.
Ако се случи ова ќе бидам најсреќен на свет :icon_mrgr:

Deportivo_Las-Palmas_049.jpg
 
јао Аризменди пак у Депортиво сега видов, еден од најлошите трансфери во историја на Валенсија, платен 12 милиони само за овој гол
:)

за во Сегунда ќе биде супер
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom