Валерон после 13 сезони повеќе не е дел од Депортиво

Не става крај на кариерата, само го напушта клубот.Најверојатно некој Катарски клуб или неговиот матичен Лас Палмас е неговата следна дестинација. Би било интересно ако оди во Лас Палмас, да го гледаме на гости на Риазор но во спортивен дрес во нареднава сезона

Каква легенда

Покрај одличната техничка поткованост, во својата кариера имаше заработено само два жолти картони и двата беа досуденио по грешка во последниве две сезони. Првиот жолт судијата му го додели иако Валерон воопшто не беше играчот што направи фаул, а вториот жолт му беше доделен при еден фаул кој воопшто и не беше фаул...
Со среќа во кариерата!
Следен играч кој се збогува е Пици, можеби нашиот најдобар играч сезонава.
Истото се очекува и останатите позајмени играчи, Саломао, Оливеира, Силвио, Евалдо, Камуњас и Абел Агилар.
Додека од клубот скоро 100% е сигурно дека си заминуваат и Марчена и Рики.
Бруно Гама и Аранзубиа се двајцата најдобри играчи кои имаат сдоговор до 2014, но од кои истотака се очекува дека ќе си одат.
Ваљадолид веќе испратил понуда за Бруно Гама, а можно е стечајниот управник своеволно да ја прифати и да се продаде можеби нашиот најдобар останат играч.