Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Ви избега Ескудеро. Изгледа и официјално отиде во Шалке.
 
Ви избега Ескудеро. Изгледа и официјално отиде во Шалке.

Токму така, за жал Серхио Ескудеро се одлучи за Шалке. Здравје, ќе најдеме некој друг се надевам, во спротивно ќе настапува Раул на таа позиција, а можеби и брзиот Десмаретс.
Инаку Лендоиро ги демантираше сите преговори за Серхио Гарсија :(
Истотака изјави дека нема да се бара нов напаѓач, и Рубен Кастро најверојатно ќе остане во Депортиво и ќе ја игра првата сезоина, после 6 години минати на позајмици :nesum:
Лошата вест е што најверојатно до почетокот на сезоната нема да се опорави Дани Аранзубиа. Со оглед на тоа што резервистот Дани е хаварија, ќе ни се ебе мамата во првите кола :salut:
 
Хмм, излезе дека работата околу Ескудеро сеуште не е завршена. Како кандидат за негов потпис се појави и Реал, и можно е да го купат па да го позајмат кај нас :raz:
Инаку вчера Депортиво конечно стигна до првата победа од подготвителните мечеви.
Кардиф-Депортиво 0-1
Стрелец на единствениот гол бил играчот на Фабрил, Диони, кој влегол во вториот дел како замена за Рики кој бил очаен дотогаш.
Deportivo: Manu - Manuel Pablo, Colotto, Ze Castro, Seoane - Antonio Tomas (Rubén Pérez 46’), Juan Rodríguez - Urreta (Valerón 73’), Michel (Aythami 86’), Desmarets (Saúl 46’) - Riki (Dioni 57’)
Еве го составот со кој настапил Лотина. Прекрасно деби имал Рубен Перез, кој бил еден од најдобрите на теренот. Најкатастрофални на утакмицава биле Рики и Зе Кастро. Португалецот по којзнае кој пат правел кардинални грешки. Другите од одбраната биле на стандардно ниво. Во средината разочарал Урета, а најдобри биле Десмаретс и Саул. Десмаретс сепак покажува некаков потенцијал на пријателскиве, и скоро секој меч има истакната улога, иако кога го гледав со Твенте можам да кажам дека иако се труди сепак не е класа играч. Просечни биле сите останати, и добро е што конечно стигнале до првата победа во истотака просечен меч :)
 
И сепак Рубен Кастро си замина од Депортиво и тоа во Реал Бетис. Сумата сеуште не е официјално кажана ама се шпекулира околу 500 000 евра. Инаку вчера беше подмирен долгот кон Серхио.
Вечерва се игра турнирот на градот Ла Коруња, Тераса херера, а противник на Депортиво во единствениот меч е Њукасл. Во Ла Коруња, се враќаат Циско и Колочини. Првиот им е понуден на Депор, на позајмица заедно со нивниот лев бек Енрике.
Инаку сагата за Ескудеро заврши и тој сега е во Шалке 04.
Еве ги и оние кои ќе настапат вечер Deportivo: Picked players for the Teresa Herrera: Manu, Diego Rivas; Manuel Pablo, Laure, Seoane, Stopira, Lopo, Colotto, Ze Castro, Aythami; Juan Rodriguez, Ruben Perez, Juan Dominguez, Valeron, Michel, Guardado, Pablo Alvarez, Urreta, Saul; Lassad, Riki and Dioni.
 
И повторно пораз на пенали...
Депортиво-Њукасл 0-0 (3-5 на пенали).
Одново меч кој го губиме на пенали. Депортиво беше подобра екипа на теренот али откако не искористија неколку шанси го загубија мечот. Лотина стандардно почна со формација 4-2-3-1. Повторно се експериментираше со ихграчите па, на голот беше Ману, десно Мануел Пабло, лево Стопира, и централно Лопо и Ајтами. После нив играа Родригез и Рубен Перез, десно крило Саул, лево Урета, во средина Мичел и напред Рики. Депортиво одново имаше проблеми по левата страна иако не ја засилиме нема шанси да имаме добра сезона во лигата. Стопира е доста просечен таму, а и Урета не се снаоѓа по таа страна (се надевам нешто ќе се смни со играњето на Гвардадо). Десната страна со Саул беше совршена, а стварно одлично засилување добивме во Иван Перез. Одбраната истотака солидна...
Најдобрата шанса за депор вчера ја имаше Мичел кој ја погоди стативата откако Саул ја одработи целата акција. Лошото е што на крај ја напушти играта поради повреда, и можно е да отсуствува некој период. И Њукасл за кој настапија Циско и Колочини имаше свои шанси особемно преку Енди Керол. На крај немаше голови, а Њукасл победи со 5-3 на пенали.

MATCH STATISTICS
Deportivo: Manu - Manuel Pablo, Aythami, Lopo, Stopira (Laure 46') - Rubén Pérez (Zé Castro 70’), Juan Rodríguez (Juan Domínguez 46) - Saúl (Valerón 66’), Míchel (Pablo Álvarez 51’), Urreta (Guardado 46’) - Riki.
Newcastle: Harper (Krul 45’) - Coloccini, José Enrique, Barton, Guthrie (Nolan 45’) - Carroll, Routledge, Perch - Xisco (Jonás 45’), Taylor, Best (Lovenkrands 73’).
Penalties: 0-1: Lovenkrands,1-1: Zé Castro, 1-2: Nolan, 1-2: Riki missed the target, 1-3: Carroll, 2-3: Aythami), 2-4: Taylor, 3-4: Guardado, 3-5: Barton.
Referee: Ramírez Domínguez. He showed yellow card to Manu ; Taylor, Barton, Perch and Nolan.
Venue: Riazor (8,000)

Истотака да се поправам себеси околу претходниот пост. За Рубен Кастро, бетис ни платил цели 1.5 милииони евра. каков договор :vozbud::vozbud:
God bless you Ruben :vozbud:
 
После две недели оправдано отсуство да пишам нешто и за мојот омилен клуб од странство...
Значи вакааа...
По мечот со Њукасл изигравме уште две пријателски. Екипата на Понтеведра беше совладана со резултат 1-3, а стрелци беа Саул, Валерон и Рики, одново изигравме 0-0 овој пат со Вест Хем и како по навика изгубивме на пеналим а со ист резултат заврши и последната пријателска со Олимппијакос на Грција, само што таму не се играше на пенали.
Тимот одново ја има старата мака, а тоа е неможноста да направи акција по која би реализирале. Истотака многу се испробуваше на левата поозиција, те со Стопира, те со Сеоане (кој е десен бек), те со Раул, и конечно овие денови ќе го добиеме засилувањето на оваа позиција. Се изибираше помеѓу двајца играчи, Кнуд Олав Ридерој од Молде, и Клаудио Морел 32 годишниот Парагвајски репрезентативец кој е слободен играч. Според весникот Депор Спорт, Депортиво веќе постигнал договор а истото беше објавено и на официјалната страна, па деновиве треба и да се обелодени трансферот, т.е. позајмицата на 25 годишниот Норвежанец Риндерој кој ќе дојде на позајмица од една година од Молде, но ваљда ќе има бај аут клаузула по што би го купиле на крај од сезоната. Станува збор за најдобриот лев бек од Норвешкото првенство и замена на Рисе во репрезентацијата.
Добро ќе ни дојде пошто ќе се оптовари малку Гвардадо кој на пријателските моираше да се враќа назад да помага и не можеше да го даде очекуваниот максимум. Незнам само што правиме со очајниот нмапад, бог нека ни е напомош особено што веќе 5-6 играчи се повредени. На пријателскиве резервниот голман Ману беше одличен, и ќе брани во првите неколку кола поради повредата на Аранзубиа. Истотака на 5 години потпишавме со бладиот Серхио гарсија од Реал Б, кој ќе биде трет голман во екипата и најверојатно сезонава ќе настапува во Фабрил исто како и Стопира левиот бек кој дојде од Санта Клара.
Депортиво сезонава има солкиден тим, но знаеме дека се подложни на повреди., Нема да типувам сеуште, а само ќе најавам дека на 22 имаме пријателска со Лацио во Рим :)
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Какво изненадување од таборот на Депортиво. Потпишавме и со двата леви бека. Од утре и официјално нови играчи на Депортиво ќе бидат 32 годишниот лев бек на Парагвајската репрезнтација Клаудио Морел како и најдобриот лев бек во Норвешката лига Олав Кнуд Риндерој .
Првиот доаѓа како слободен играч и потпиша на две години а вториот доаѓа на позајмица од Молде, но сигурно ќе има опција да го купиме на крајот за поволна цена. Два одлични договори и морам да кажам дека оваа сезона Лендоиро многу ме изненадува и тоа позитивно. Ги покривме дупките од ланската сезона, на секоја позиција сме добро покриени, вишокот играчи отидоа на позајмици е сега остана уште да се донесе еден добар напаќач но најверојатно тоа нема да се случи. Денеска играме пријателска со Лацио и ова ќе биде одлична можност да се види до каде сме. Имаме многу појак тим од лани и можам да кажам дека би можеле да се вмешаме во битката за Европа. Напред Депооооооооооррррррр :vozbud:
 
Jas ne znam zosto se buni ze castro sto ne go pustat vo prviot tim.Ete mu najubav odgovor.Depor prima 3 gola so nego vo odbrana.KAko muva bez glava e.Dobro e sto na stranata na deportivo procitav deka ova odbrana protiv lacio se smeta za vtora se razbira posle lopo i koloto kako centralni odbranbeni.
 
Тој е Зе Кастро е трагедија од играч... Најомрзен ми е од Депортиво дефинитивно...
Али за волја на вистината вчера поголем кривец за головите беше Ајтами, еден од моите омилени дефанзивци :icon_mrgr
Тоа е тоа, сме одиграле добро прво полувреме, и второ катастрофално, но цел меч игравме со втората дефанзива (Лауре, Сеоане (кој не е лев бек), Ајтами и Зе Кастро) а на голот беше третиот голман Серхио Фелипе...
Конечно и Адријан дал гол, а најдобри на теренот заедно со него биле Гвардадо и Десмаретс кој играл на десната крилна позиција.
Завршија подгоовките, имаме добар тим, и за една недела не чека почетокот на првенството. Очекувам победа во дуелот со Сарагоса, и одлично почнување на сезоната. Инаку вчера и официјално Клаудио Морел е наш играч , а конечно се добиени и документите за Риндерој, па денеска доаѓа на медицински преглед по што ќе потпише за нас, а договорот ќе биде истакнат деновиве.
 
Конечно беа презентирани новите три засилувања, двајцата леви бекови Олад Кнуд Риндерој и Клаудио Морел, како и голманот на Кастиља Фелипе Рамос
presentationsaug25001.jpg
. Првиот доаѓа на едно годишна позајмица, а Лендоиро успеал да склучи одличен договор. Па така, ако 25 годишниот Норвежанец се покаже добро во оваа сезона, имаме бај аут клаузула со која би го откупиле за помалку од милион евра. Парагвајскиот репрезентативец 32 годишниот Морел, потпиша две годишен договор, откако му истече договорот со Бока Јуниорс. И Рамос кој ќе биде трет голман потпиша на пет години. Истотака од последните вести од трансфер пазаорт, Лендоиро изјавил дека има понуда за Зе кастро за едногодоишна позајмица и најверојатно истата ќе биде прифатена. Истотака Адријан Лопез Писку кој се нема појавено на ниеден тренинг, изјавил дека во недела ќе заигра за неговиот нов клуб, а се шпекулира дека тоа е Виган. Колку ќе добие Депортиво за раскин нанеговиот договор ќе видиме... Ако воопшто се случи ова. Тоа значи дека конечно ќе ја заокружиме бројката од 4 централни дефанзивци (Лопо, Колото, Ајтами и Давид Рочела). По лево ќе играат Морел и Риндерој (додека Раул и Стопира ќе настапуваат за Фабрил иако се очекува во првите мечеви некој од нив да го носи дресот на првиот тим на депор пошто новациве не се воиграни толку). Десно ќе бидат Мануел Пабло и Лауре, а не е лош ниту Сеоане кој се покажа добро на неколку пријателски но најверојатно и оваа година ќе настапува за фабрил. Интересна е борбата за позицијата ДМ. Го имаме младиот Перез кој дојде од Атлетико Мадрид и игра извонредно, но ги имаме и Томас и Родригез кои најверохјатно ќе стартуваат со Сарагоса во првото коло. Тука е и Хуан Домингез кој може да ја покрива и позицијата на која сме многу тенки, централна средина, во која го имаме само Мичел кој ќе биде сигурен стартер во недела, пошто Хуан е повреден 6 месеци...
Тука негде е и Жука кој истотака влече повреда... На левата крилна позиција ќе настапи Гвардадо, а како замена ќе му биде Уретавицкаја (кој моментално има повреда), кој може да игра и по десно. Скоро сигурно местото во првиот тим си го зацементира Саул, кој ќе игра како десен бек, а резерви ќе му бидат Десмаретс и Пабло Алварез за кого има заинтересираност и ништо чудно да си оди уште сега...
Најтенки сме во офанзивата. Како АМЦ го имаме Валерон, па и Адријан би можел да игра тука, а како шпицови Рики, Ласад (исто повреда има мала), и нормално како што кажав Адријан.
Горе доле финалната верзија на составот на Депор е оваа. Нови засилувања може да има, пошто Лотина бара уште еден напаѓач, а може да не напуштат Писку, Зе кастро и Пабло Алварез, и тоа најверојатно на позајмици...
Инаку Бодипо не се снашол во Романија и го отпуштиле после 5 меча. Каков проптаилтет, па се врати во Депор, али одма ќе биде трансфериран некаде (најверојатно во Елче)...
 
Players for the game: Manu, Felipe Ramos; Manuel Pablo, Seoane, Laure, Colotto, Lopo, Aythami; Morel; Antonio Tomás, Rubén Pérez, Juan Rodríguez, Saúl, Urreta, Guardado, Desmarets, Míchel, Valerón; Riki and Adrián.

* Injured man: Aranzubia, Juca, Juan Domínguez & Lassad
* Not picked: Zé Castro, Pablo Álvarez & Rindaroy


Probable lineup:

Manu
Laure - Colotto - Lopo - Morel
Juan Rodriguez - A Tomas
Saul - Michel - Guardado
Adrian
 
Ми скурчи од Лотина.Типот едноставно не е тренер за високи дострели.Тоа го кажува и неговата биографија.Жими еден куп во толку мечеви во примера и толку.А ништо ново не очекувам ни оваа сезона за разлика од тебе рајдер.Очекувам да завршиме помеѓу 9-13 место.
 
Ми скурчи од Лотина.Типот едноставно не е тренер за високи дострели.Тоа го кажува и неговата биографија.Жими еден куп во толку мечеви во примера и толку.А ништо ново не очекувам ни оваа сезона за разлика од тебе рајдер.Очекувам да завршиме помеѓу 9-13 место.

Знам, го мрзам бајаги. Сарагоса е многу подобар противник досега. Ние ја имаме истата игра како и во вториот дел од сезоната. Очајно е мал збор :(
Кретенов не знае да постави тактика во случај кога противникот ни се брани. Слаба игра од сите, можеби само Уретавицкаја игра на ниво. И гвардадо беше слаб, па сега во игра влезе Саул на негово место...
Мичел не ја пипна топката па се повреди во 35-та минута и сега на негово место игра Валерон кој е исто така очаен...
Одбраната спора како и секогаш, ману на ниво но знае да прави киксови. Лотина мечот го почна со Морел кој како да му фали натпреварувачка форма, а можеше да стартува со Риндерој кој веќе изигра многу кола во Норвешкото првенство и е во полна форма. Господ нека ни е на помош!!!
 
Катастрофално прво коло...
Депортиво-Сарагоса 0-0!!!
Тоа што загрижува е играта. Мислев дека нешто ќе се смени во оваа сезона ама очигледно тоа нема да се случи, па ќе бидам презадоволен ако избегнеме испаѓање во оваа сезона. Толку од амбициите за погорните места со овој состав. Вината ја барам кај Лотина со таа негова проклета формација. Типот ја игра истата формација со секоја екипа, без разлика дали треба да се нападне или пак да се браниме.
Противничките екипи лесно не читаат и оние кои доаѓаат на Риазор за да не загубат лесно успеваат во тоа. дноставно се затвораат и ние не успеваме да постигнеме гол со тактиката на Лотина. Двајцата играчи во делот меѓу средината и одбраната се тотално непотребни кога треба да се нападне. Лесно е со ваква формација да се дојде до 0-0, но тоа воопшто не ни е во корист. Плус одамна е очигледно дека ниту еден наш напаѓач неможе да игра сам во нападот. Единствена светла точка беа крилата. Но и тука има лоша новина за разлика од ланската сезона. Морел одлично ги заврши дефанзивните задачи, но го нема квалитетот на Фелипе кој знаеше да отиде наред и да одигра маестрално заедно со Гвардадо. Едноставно Гвардадо нема со кој да одигра, и неможе да се покаже во најдобро светло. На другата страна иако се очекуваше да игра Саул, сепак настапи Урета. Беше еден од подобрите на теренот, но сето тоа напразно. Всушност во целиот меч ние немавме ниту една сто процентна шанса за разлика од противникот кој иако исто така изигра летаргично сепак створи две убави шанси но благодарение на нашиот резервен голман Ману резултатот остана 0-0.
Така со овој бод требна даа да бидеме задоволни...
Што се однесува до засилувањето во нападот, тешко дека ќе го добиеме до крајот на преодниот рок (вечер во 12 истекува...), така да ќе мора да се задоволиме со тоа што го имаме...
Бодипо откако се врати веднаш потпиша на една годишна позајмица со Елче, а потоа е слободен играч, а вчерва се очекува трансфер да направи и Зе кастро...
Вредно е да се каже дека до првиот бод стигна и Фабрил во третата лига откако во последните моменти даде 2 гола и успеа да дојде до 2-2 во дербито на Галиција против подобриот Луго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom