Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Сајбер колку време се молеше за утакмицава да не примите многу голови:)
 
Ја местат, ќути само не кажуј на никој. :wink:

Гвардадо у стилот на Меси сеа ќе им дае еден, и на крајот у 90 Рики ќе ги реши. :vozbud: :zlo:

Штета што не го избраа Бодипо за мечов, сигурен сум дека ќе го дадеше својот прв гол сезонава :pos: Битно колку толку стекнаа искуство дечкивве од Депортиво Б, како е да се игра во примера. Можеби тоа искуство ќе биде решавачко за идната сезона кога ќе се бориме за опстанок :)

Сајбер колку време се молеше за утакмицава да не примите многу голови:)

Сега ќе видиш кога ќе ви полеснеме 4 :pos:

Сега треба да влезе Адријан на местото на Серхио и да играме со 4-1-3-2 али на кој ќе му текне дека за да стигнеме до бод треба и да тргнеме кон противничкиот гол :jaj:

EDIT: Ах Рики Рики, како можеше да утне нешто вакво :(

Таман му текна на Лотина да стави втор напаѓач и примаме гол од поола терен :pop: Сега му е мајката :pos:
 
Воопшто не бевте лоши. :smir:

Па не баш:) Првиот дел беше срамен, али од 50-65 минута бевме подобар противник и можеби ако дадеше гол Рики ќе стигневме до бод. Сепак казнивте и се понатаму е само рутинска игра. Инаку ми се чини дека при третиов гол имаше игра со рака :toe:
 
Дали е време конечно да се вратиме на победите. Е време е !!!
Денес не очекува меч со Алмерија. Противник по мерка ако бевме комплетни, но во една ваква ситуација дефинитивно се апсолутни фаворити на овој меч иако ние сме домашна екипа :kesa: На веќе одамна повредените играчи, им се придодадоа уште неколку. Мечот со Алмерија ќе го пропушти најдобриот наш дефанзивец лопо, и единствениот бек кој преостана а кој на почетокот на сезоната беше регистриран како играч на Депортиво, а не на Депортиво Б, Мануел Пабло. Сегашната цел е, што е можно повеќе искуство да стекнат играчите на Фабрил, за лесно да го минат баражот за трета лига, откако веќе и 99% се шампиони во четвртата лига. На голот сигурно ќе биде Аранзубиа. Одбраната ни е калакурница :) За бековските позиции конкурираат 3 играчи на Фабрил, и еден од кадетите на Депортиво. Сеоане, Лауре, Раул и Давид Рочела конкурираат за бековските позиции, а најверојатно десно ќе стартува Лауре, а лево Раул. Лотина изгледа ќе ја смени формацијата во 4-4-2. Па во оваа формација сигурно е дека напред ќе се најдат Рики и Адријан, нашите единствени напаѓачи во моментов со оглед на тоа што Бодипо, Миста и Ласад се повредени. Во средината нема дилеми дека лево ќе настапи Гвардадо. А во самата средина Антонио Томас. Покрај него би требало да биде Хуан Домингез или Валерон (само да не е Сехио, кој неможе да се придвижи во последо време :pop:), а за десната крилна позиција ќе конкурираат Пабло Алварез и Иван Перез. Незнам само зашто го запоставува Хуан Родригез :toe: Сепак би требало да изиграат нашиве еден добар меч и по подолго време очекувам да покажат некоја борбеност, а победата е сепак далеку :jaj:
 
Deportivo od tim za respekt stana epten autsajderski tim.Eve gleam so alemrija ne mozat 3 pasa da svrzat.Moj tip deportivo -almerija 0-2.I ne znam koj k*r faktor e Antonio Tomas vo ovoj tim.

Katastrofa...najkatastrofalniot deportivo,pokatastrofalen i od onoj deportivo koj se borese za opstanok.Togas barem imaa zelba da igraat a sega...zalno e da se gleda.So podprosecni igraci od tipot na ivan perez,antonio tomas,juan rodrigez...ze kastro,laure i da ne nabrojuvam.Zalno:toe:
 
ННеможев да го гледам мечов затоа што бев на Вардар али колку сме биле бедни кажува самиот факт што на форумот на деортиво никој и не отвори тема за овој меч, и мислам дека вакво нешто е случува прв пат. Тотална разочараност од фановите. Тотално неинтересен меч во кој го изгубивме Гвардадо уште во 13 минута. А главен виновник за ова што ни се случува е само Лотина и неговите шугави тактики. Како намерно да сака да изгубиме:toe:
Мечот го почнал со Серхио:tapp::nesvest: И повторно со вошливата формација 4-2-3-1 со Аранзубиа-Лауре,Колото,Зе Кастро,Раул-Томас,Серхио-Гвардадо,Алварез,Родригез-Рики. Волку слаба одбрана сигурно немал никогаш ниту еден тим од примера. Но сепак станува збор за играчи на Фабрил со исклучок на Колото. Како може да го игра Серхио???
Поспор е дури и од желката (Жука):nesum: И најдебилниот потег доаѓа кога во вториот дел место да почне со 4-4-2 и да го стави Адријан во игра, и да ја промени формацијата, тој ја задржува депримиачката 4-2-3-1 и на местото на најдориот Рики (кој имал некои шанси) го ставил Адријан. Кукавица од тренер, кој нема муда да стави два напаѓачи и да тргне похрабро. Срамота, катастрофа!! До крај на сезона нема да освоиме ниту еден бод!
Лотина по мечот изјавил дека идна сезона ќе имаме 4 зсилувања, па ќе видиме колку е вистина!
Инаку Депор Б и дефинитивно стана шампион во четврта лига:helou:
 
Уште едни трагични вести. Го загубивме Гвардадо заради повреда и за него сезоната е веќе завршена. Го испратиле во Мексико на рехабилитација и се надевам ќе настапи за репрезентацијхата на СП. Сосреќа нека му е, па од идна година пак да го гледаме во дресот на депортиво. Ново и позитивно е што се враќа Фелипе, и можно е да го видиме на утакмиците за едно-две кола :):)
Ни следува дерби меч со Валенсија. Ќе се спротиставиме со комбиниран тим од Б играчи кои им треба искуство за квалификационите мечеви за трета лига и неколку протимци. и така веќе не се бориме за ништо. Останува само надежта за добра утакмица и солидна игра (нешто што не е баш за очекување).

look:21066


Fabril (Депортиво Б) и дефинитивно шампиони во четврта лига:baklja:
Одлична сезона за момците со оглед на тоа што носеа огромен товар и во прволигашките мечеви. Покажавме дека и со ваков крпен тим можеме да се спасиме од испаѓање од Примера :)
Инаку Лотина најавува 3-4 нови играчи за идна сезона, со СИГУРНОСТ!!
Јас го посакувам само Москвера, играчот на Реал Б роден во Ла Коруња. Лендоиро те молам донеси ни го :cuc:
 
Вечер во 22 часот не очекува нов дерби дуел, во кој очекувам да примиме 7-8 гола :nesum:
Покрај тоа што лопо е повреден а и немаме бекови, поради суспензија ќе отсуствува и Колото :cigla:
Што значи одбраната ќе ни биде Мануел Пабло-Зе Кастро-Писку-Лауре, и овие четворица треба да го спречат Давид Виља, и средњаците на Валенсија. Колку и да сум вечен оптимист, не гледам надеж дека ќе ја одбраниме нашата мрежа вечер. Ниту се способни да изиграат со глава, ниту пак имаат некаква брзина да ги спречат налетите на противникот. Ова е убедливо најлошата дефанзивна линија што некогаш настапила во Примера :cigla:
Лотина најверојатно ќе настапи со 4-3-2-1, фрмација која некогаш и ни носи по некој бод од мечевите со фаворитите. Пред нашата одбрана ќе се најдат Хуан Родригез, Серхио (WTF Лотина дали си нормален :pop:) и Антонио Томас од кого очекувам многу на овој меч. Во средината истотака бескорисност. Десно Алварез лево Адријан и во самиот напад Рики. Господ нека им е на помош. И така немаме никаква амбивција, па се надевам ривалитетот со противникот ќе ни биде некаква мотивација за вечер:back:
 
Си загубивме и од Валенсија. Загубивме минимално со 1-0 во меч во кој можевме да примиме многу повеќе голови, но и да постигнеме израмнувачки гол откако Алварез промаши шанса подобра од пенал!
Но загубивме уште нешто од овој меч, а тоа е уште еден играч од дефанзивата. Покрај веќче поовредените Лопо, Фелипе и Ангуло, со нова тешка повреда се здоби и Писку. Лопо, Фелипе и Ангуло може ќе се вратат на два меча пред крај иако е доста возможно и воопшто да не се вратат во оваа сезона, додека за Писку сезоната е најверојатно завршена. Така да нашиот круг на дефанзивци се сведе само на играчите од Фабрил плус Колото и Мануел Пабло. Многу веројатно дуелот со Сарагоса на Риазор ќр го пропуштат и Хуан Домингез и Жука. По повредата Ласад повеќе не е истиот :(
Колку само полагав надежи во овој играч, а сега посакувам да си оди во следната сезона. Имаме вишок на неквалитетни играчи. Би направил една чистка од која може да се соберат малку пари, но проблемот е што никој не би купил играчи од типот на Миста, Бодипо, Рубен, Жука, Алварез, Зе Кастро и ред други.
Имаше само најави дека Спортинг Лисабон е заинтересиран за Зе Кастро. Се надевам дека ќе го продадеме овој играч. Во следната сезона многу извесно е дека ќе си замине некој од нашите најдобри ихграчи. Гвардадо или Фелипе???
Ако не се продаде некој од нив ондак ќе нема пари за нов играч:(
Кога би бирал клубот би го напуштил Фелипе. Но проблемот е кој ќе даде многу пари за него ако се знае дека имаше голема повреда. Единствена прифатлива опција за мене би била овој играч да се продаде на Реал во замена за некое милионче плус младиот напаѓач Москвера :) Полагам надежи во овој играч затоа што е роден во Ла Коруња и ќе игра со срце за тимот. Во случај ако си иде Фелипе и оваа трампа се оствари ондак Гвардадо никако не смее да си оди, а од парите за Фелипе би требало да се откупи договорот на Брајан Ангуло кој е на позајмица од Лешоеш.
Притоа на левата позиција можеме да го испробуваме младиот Давид Рочела или Раул. И двајцата не се којзнае што али за резерви на Ангуло се задоволиви.Во еден ваков случај обавезно треба да се зачува Гвардадо. Можеби и единствениот играч кој би помогнал да се развие некаква игра затоа што сме трули на сите други позиции. Ако сакаме повисок пласман обавезно треба да се најде добро десно крило. Позицвија која дефинитвно мора да се пополни следната сезона. По заминувањето на Лафита, Хуан Родригез неможе да се снајде на оваа позиција. Пабло Алварез би требало уште одма да биде продаден! Катастрофа од играч. Можеби Иван Перез би требало да го задржиме како резервист, но обавезно мора да се доведе ново десно крило. Кај е само сега Вилхемсон:nesvest:
Ах да ги имавме лево Гвардадо и десно Вилхемсон :zlo:
Ама нема :bip:
Најверојатно Лендоиро ќе лови по оние играчи кои се со завршени договори, бидејќи пари за нешто посебно немаме, или па ќе се ловат играчи кои би ги добиле на позајмица. Ако не се најде некој квалитетен, ондак треба да се проба со неколку Мексиканци за кои сме заинтересирани или пак играчот на Елче, Саул.
Во средината достојно би требал да се носи Хуан Домингез, а пред продолжување на договорот е и Валерон, стариот лисец. Обавезно треба да се ослободиме од двете желки. Серхио е погазен од годините, а Жука после повредата е катастрофа жива.
Покрај десно крило ни треба и некој побрз десен бек. Ако се најде некој таков играч, ондак еден од лауре и Мануел Пабло, треба да си бара нова средина.
За нападот немам зборови. Можеби единствениот играч кој покажува нешто е Рики. Се молам да го продолжи договорот,а на работ е да се случи тоа. Нешто повеќе надеж полагам и во Адријан, додека Ласад, Бодипо и Миста, нема што да бараат во Депортиво. Добар играч кој би требало да го задржиме е Антонио Томас, а истото би требало да се случи и со Хуан Родригез. Значи овие двајца може да играат или како централни средњаци, или малку позади. Ако сакаме повисок пласман тогаш следната сезона, средниот ред го гледам во вакво светло: Гвардадо (стартер од лево), Хуан Домингез(централно), Валерон (резерва), Некој нов играч во улога на плејмејкер кој би се менувал со Домингез, Родригез и Томас би се менувале во формација 4-4-2, в местото до плејмејкерот, или пак во формација 4-2-3-1 би ги имале позициите позади средњаците. Обавезно ни треба десно крило, а Иван Перез би бил замена за за крилата затоа што може да игра и лево и десно. Адријан покрај шпиц би можел да биде и лево крило но и полушпиц. Во шпицот на нападот покрај Рики, сакам да го видам и Москвера:) (како што кажав на кој начин би го добиле).
За во самиот шпиц ако остане некоја пара, би сакал да се доведе и некој брз играч. Ако отпадне Сарагоса, ондак мора да тргнеме по Колунга иако тоа се рамни со научна фантастика!
На голот секако би бил Аранзубиа, а за во самиот центар имаме повеќе дилеми. Покрај оваа година стандарните Лопо и Колото, би го задржал само и Писку. Од Зе Кастро мора да земеме некоја пара :) Од позајмица се враќаат Ајтами и Алекс. На Алекс може да му се покаже вратата, а Ајтами вреди да биде задржан:)

ОВа е мојата визија за следната сезона:)
 
Може некој да ми каже на Гвардадо договорот до кога е ??
 
Може некој да ми каже на Гвардадо договорот до кога е ??
До јуни 2012.

Инаку Рики го продолжи својот договор до 2013 година, а преговори се водат и со Валерон, Антонио Томас, Аранзубиа, Лопо како и се водат преговори за целосно откупување на Брајан Ангуло.
 
Валерон потпиша нов петгодишен договор и со тоа му положи верност на клубот до крајот на неговата играчка кариера :cuc::cuc::cuc:
Депортиво истотака истакна дека е заинтересиран за напаѓачот на Црвена Ѕвезда, Дејан Лекиќ, но најверојатно Сантандер ќе го лапне бидејќи се подготвени да дадат 6 милиони евра, сума која што Депор може да ја сонува :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom