Си загубивме и од Валенсија. Загубивме минимално со 1-0 во меч во кој можевме да примиме многу повеќе голови, но и да постигнеме израмнувачки гол откако Алварез промаши шанса подобра од пенал!
Но загубивме уште нешто од овој меч, а тоа е уште еден играч од дефанзивата. Покрај веќче поовредените Лопо, Фелипе и Ангуло, со нова тешка повреда се здоби и Писку. Лопо, Фелипе и Ангуло може ќе се вратат на два меча пред крај иако е доста возможно и воопшто да не се вратат во оваа сезона, додека за Писку сезоната е најверојатно завршена. Така да нашиот круг на дефанзивци се сведе само на играчите од Фабрил плус Колото и Мануел Пабло. Многу веројатно дуелот со Сарагоса на Риазор ќр го пропуштат и Хуан Домингез и Жука. По повредата Ласад повеќе не е истиот

Колку само полагав надежи во овој играч, а сега посакувам да си оди во следната сезона. Имаме вишок на неквалитетни играчи. Би направил една чистка од која може да се соберат малку пари, но проблемот е што никој не би купил играчи од типот на Миста, Бодипо, Рубен, Жука, Алварез, Зе Кастро и ред други.
Имаше само најави дека Спортинг Лисабон е заинтересиран за Зе Кастро. Се надевам дека ќе го продадеме овој играч. Во следната сезона многу извесно е дека ќе си замине некој од нашите најдобри ихграчи. Гвардадо или Фелипе???
Ако не се продаде некој од нив ондак ќе нема пари за нов играч

Кога би бирал клубот би го напуштил Фелипе. Но проблемот е кој ќе даде многу пари за него ако се знае дека имаше голема повреда. Единствена прифатлива опција за мене би била овој играч да се продаде на Реал во замена за некое милионче плус младиот напаѓач Москвера

Полагам надежи во овој играч затоа што е роден во Ла Коруња и ќе игра со срце за тимот. Во случај ако си иде Фелипе и оваа трампа се оствари ондак Гвардадо никако не смее да си оди, а од парите за Фелипе би требало да се откупи договорот на Брајан Ангуло кој е на позајмица од Лешоеш.
Притоа на левата позиција можеме да го испробуваме младиот Давид Рочела или Раул. И двајцата не се којзнае што али за резерви на Ангуло се задоволиви.Во еден ваков случај обавезно треба да се зачува Гвардадо. Можеби и единствениот играч кој би помогнал да се развие некаква игра затоа што сме трули на сите други позиции. Ако сакаме повисок пласман обавезно треба да се најде добро десно крило. Позицвија која дефинитвно мора да се пополни следната сезона. По заминувањето на Лафита, Хуан Родригез неможе да се снајде на оваа позиција. Пабло Алварез би требало уште одма да биде продаден! Катастрофа од играч. Можеби Иван Перез би требало да го задржиме како резервист, но обавезно мора да се доведе ново десно крило. Кај е само сега Вилхемсон:nesvest:
Ах да ги имавме лево Гвардадо и десно Вилхемсон :zlo:
Ама нема :bip:
Најверојатно Лендоиро ќе лови по оние играчи кои се со завршени договори, бидејќи пари за нешто посебно немаме, или па ќе се ловат играчи кои би ги добиле на позајмица. Ако не се најде некој квалитетен, ондак треба да се проба со неколку Мексиканци за кои сме заинтересирани или пак играчот на Елче, Саул.
Во средината достојно би требал да се носи Хуан Домингез, а пред продолжување на договорот е и Валерон, стариот лисец. Обавезно треба да се ослободиме од двете желки. Серхио е погазен од годините, а Жука после повредата е катастрофа жива.
Покрај десно крило ни треба и некој побрз десен бек. Ако се најде некој таков играч, ондак еден од лауре и Мануел Пабло, треба да си бара нова средина.
За нападот немам зборови. Можеби единствениот играч кој покажува нешто е Рики. Се молам да го продолжи договорот,а на работ е да се случи тоа. Нешто повеќе надеж полагам и во Адријан, додека Ласад, Бодипо и Миста, нема што да бараат во Депортиво. Добар играч кој би требало да го задржиме е Антонио Томас, а истото би требало да се случи и со Хуан Родригез. Значи овие двајца може да играат или како централни средњаци, или малку позади. Ако сакаме повисок пласман тогаш следната сезона, средниот ред го гледам во вакво светло: Гвардадо (стартер од лево), Хуан Домингез(централно), Валерон (резерва), Некој нов играч во улога на плејмејкер кој би се менувал со Домингез, Родригез и Томас би се менувале во формација 4-4-2, в местото до плејмејкерот, или пак во формација 4-2-3-1 би ги имале позициите позади средњаците. Обавезно ни треба десно крило, а Иван Перез би бил замена за за крилата затоа што може да игра и лево и десно. Адријан покрај шпиц би можел да биде и лево крило но и полушпиц. Во шпицот на нападот покрај Рики, сакам да го видам и Москвера

(како што кажав на кој начин би го добиле).
За во самиот шпиц ако остане некоја пара, би сакал да се доведе и некој брз играч. Ако отпадне Сарагоса, ондак мора да тргнеме по Колунга иако тоа се рамни со научна фантастика!
На голот секако би бил Аранзубиа, а за во самиот центар имаме повеќе дилеми. Покрај оваа година стандарните Лопо и Колото, би го задржал само и Писку. Од Зе Кастро мора да земеме некоја пара

Од позајмица се враќаат Ајтами и Алекс. На Алекс може да му се покаже вратата, а Ајтами вреди да биде задржан
ОВа е мојата визија за следната сезона
