Депортиво заинтересиран за четири играчи.
Најголема можност од следна сезона да го облече сино-белиот дрес има десното крило на Елче, Саул Фернандез Гарсија. На 24-годишниот Шпанец договорот со второлигашот му истекува на крајот од сезонава, и веќе одби продолжување и изјави дека сака да игра за депортиво

Би требало да е некаде на рамниште на Хуан Родригез, но во една ваква кризна ситуација и он би бил поволно засилување. Оваа сезона има одиграно 26 меча и постигнал 3 гола.
Најзвучното име од сите 4 играчи е Џовани Дос Сантос. Одамна го имавме на мета овој играч, но не успеавме да го лапнеме во трката со Тотенхем. БНеговата цена е 6 милиони, цена која можеме само да ја сонуваме

Но, би требало Тотенхем да ни го позајми, како што го направи оваа година истото, бидејќи Сантос е позајмен во Галатасарај.
Следниот играч за кој Депортиво е заинтересиран е истотака Мексиканец, а тоа е 20 годишниот плејмејкер на Толука, Моизес Веласко. Настапувал во 2007 за репрезентацијата до 17 години и го освоил Светскиот куп

Проблемот со него во моментов е тоа што во Толука го играат на позицијата шпиц, и неможе да се пронајде баш, што е причина повеќе да дојде кај нас

И последниот играч што го следиме е Мексиканец.Едгар Пачеко е ол-раунд играч

Може да игра лево крило, десно крило, средина и како напаѓач. Има само 20 години и игра за Атлас. Неговата цена е 3 милиони. Е сега дали Атлас ќе се согласи повторно да продаде играч на Депортиво, откако Депор уше го нема доплатено целосно трансферот на Гвардадо од Атлас, е знак прашање
Сепак има време, и ќе видиме што ни носи летото

Моја желба за ова лето е Москвера, роден во Ла Коруња

, а играч на Реал Б. Ех бар да ни го позајмат...