Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа година дечките ќе го донесат 7от трофеј во Јунајтед Центарот, само гледајте.
Многу, многу тешко иако се борат како бикови.

Ајде вечер нека ги изгазат Бруклин и да гледаме епски натпревари со Мајами, па којзнае можеби ќе заигра и Роуз како што се шпекулира. :sneaky:
 
Многу, многу тешко иако се борат како бикови.

Ајде вечер нека ги изгазат Бруклин и да гледаме епски натпревари со Мајами, па којзнае можеби ќе заигра и Роуз како што се шпекулира. :sneaky:
Вечерва не игра Хајнрих а Денг и Гибсон се game-time поради настинка.Кај Нетс Џо Џонсон игра со повреда на петната жила а Блатче има повреда на листот.Ќе летаат кошеви денеска над 100 и двата тима даваат.
 
Штом е настинка ништо не им е, а и Мохамед е тука да го замени Гибсон. :icon_lol:
Е сега тоа што Хајнрих нема да игра е хендикеп за тимот, али вечерва не кикснуваат макар играле и со 3та постава.
Инаку да не имаш информација за Хамилтон кога се враќа или day to day e ?
 
Ништо не му на Хамилтон, не го игра Тибс пошто Џими и Бели ги делат минутите за 2ка.На крајот има тимска опција т.е да го задржи тимот или да го отпуштат и да заштедат 5М.По се изгледа Рип си оди на лето а со тие пари најверојатно ќе го вратат Корвер или ќе вложат повеќе за О.Џ Мајо.Инаку не се надевајте на Роуз, здравје на денот на вештерките би требало да заигра, 18 месеци откако се повреди, ептен ќе биде изладен и ќе му треба месец-два за да ја истресе коризијата.
 
ОНАКА БАШ "СРЦЕ НА ТЕРЕН"
photo.php
 
Батлер каков напредок има сезонава ни самиот не е свесен. :cuc:
 
Годинава можеби не, ама вгодина Булси ите како има шанса за трофеј....со здрав ростер, со трампа на Хамилтон за некој друг бек шутер (се спомнувал пак Корвер), со одличен Белинели, Батлер, Гибсон, само треба уште една промена на центарската позиција место Нази Мохамед да се земе некој друг центар и мислам оти имаме шамппионски тим....

Инаку прекрасна победа вчера, ама не се залетувајте многу, Мајами е ите како голем фаворит сеуште, ама одиме чекор по чекор па што ќе биди нека биди

LET'S GO BULLS!!!!!
 
раднаскела дај инфо за вечер за повредениве, има шанса Денг да игра барем, да ги растерети малку бековите...

Него, вчера ми текна мене, ај ако сака некој нека постира на кој му завршуваат годинава договорите?
Ако не се лажам Бузер, Мохамед и Хајнрих се слободни агенти
Во тој случај:
Да му се продолжи договорот на Бузер, место Мохамед да се земи нов центар, и најважно, Хајрних и Хамилтон за некој бек шутер...
Во тој случај би имале одлична екипа: Ноа, Бузер, (новиот бек/Батлер), Денг, Роуз
Клупа: нов центар, Гибсон, нов бек/Батлер, Белинели, Робинсон, Тиг...

Ако не се лажам салари капот ќе дозволи да имаме ваков ростер бидејќи, Батлер е сигурно на мал договор, Белинели заработува негде накај 3.5м годишно, новиот центар ќе зема слично колку Нази, Бузер нормално е да очекува намалување на платата, и ќе се ослободи место од прескапиот договор на Хамилтон....
 
Денг е пратен дома.Имал обична настинка на се покажало на нешто посериозно па морал да прави и тест за менингитис кој за среќа испаднал негативен.Исто имал тест за истек на мозочна течност кој исто бил негативен.Вечерва не игра и постои голема веројатност да одмори една недела или повеќе.
Хајнрих имал подобрување со листот ама уште му претставувало проблем трчањето, се сомневам дека ќе игра вечерва и ќе биде одлука пред играта да почне.Доколку игра не би рекол дека ќе игра повеќе од 6-7 минути.
Инаку за договорите, на Мохамед,Белинели и Нејт им истекуваат договорите бидејки потпишаа ветерански минимум од 1 година, значи со вредност не поголема од 1 милион.Белинели има 1.1М, Нејт 800К и Мохамед околу 1М.Рип Хамилтон има тимска опција од 5М, односно доколку тимот сака може да го задрже уште една година со плата од 5М, но 98% дека нема тоа да се случи и ќе му дадат 1М како откупна клаузула.Хајнрих има 2 годишен договор, значи има останато уште една година од договорот кој изнесува 2 М од сезона.Батлер исто како Гибсон има 4 годишен договор со опција на крајот ако сака да го продолжи за уште една година.На Бузер му истекува договорот во 2015 и има плата од 15М значи премногу му понудија а не игра на неговото ниво од Јута.Можат да пробат да го амнестираат но така би го загубиле во офсезоната, исто како хјустон што го загуби скола минатата година.Денг има договор до 2014 година со 12 М плата кој монотоно расте од година во година.Значи 2014 година е најверојатно најважната година од оваа ера на булс.Ќе претставува година во која ќе се одреде јадрото на тимот за неколку наредни сезони.Дали ќе го пуштат да си оди Денг, дали ќе го амнестираат Бузер или ќе го трејдуваат, како ќе се покаже Миротич кој го земаа 2011 година на драфтот, значи ќе постојат голем број прашања што таа офсезона ќе морат да ги реши управата на Булс, односно Гар/Пакс.
Според мене наредната година да им се понуди договор на Белинели, Нејт, трејд на бузер ако е можен, и со платата од 5 М на Хамилтон да се врати Корвер.Значи тоа е сценарио ако не драфтуваат бек на драфтот.Ако драфтуваат бек на драфтот тогаш со платата на хамилтон да се земе бек ап центар за Ноа.Самуел Даламберт, Џермејн О'Нил и слично.
Како најверојатни драфт таргети се Кентавиус Калдвел-Поуп 40% за три шутер и атлетичен дефанзивец, или Руди Гоберт чудото од Франција со 220 височина и распон на рацете од 240 см.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom