Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување Време на започнување
Вечерва има многу важни два меча, Булс гостуваат кај Индијана, а Хјустон го пречекува Бостон. Очекувам поволен расплет за Чикаго и заземање на првото место во Истокот :))
Goo Bulls! :D
 
Од 00:00 играме со Индијана на гости. Е овој натпревар ќе биде потежок од претходните али би требало да тепаат и да ја продолжат добрата серија.

--- надополнето ---

На полувреме губиме со 62-48, сеа за сеа ни го плескаат газето, а изгледа и така ќе биде до крај, затоа што како и со сите тимови кои имаат висок центар сме слаби и не пунат....

--- надополнето ---

Утакмицава ЛУДНИЦА ! Продолженија се играат, на 5 сек при крај му досудија фаул на Роуз од тројка, овој ги погоди и идемо даље....

--- надополнето ---

Kрај 115 - 108 !!! Оноа дрвото Гибсон не можам да го смислам, за 39 минути игра 8 поена дава, ебати трупецот. Роуз го заврши натпреварот пред време ради 6та лична и со 42 поена... Денг и покрај 21 поен прикажа слаба игра кога беше најпотребен, Ноа исто слабо, старецот Томас да не го коментирам... Многу се приметува отсуството на Бузер, да се надеваме дека наскоро ќе се врати........... И пред да легнувам да дополнам само дека Бостон губат на гости од Хјустон со 20 разлика, така и нека заврши бар да имаме уште некоја шанса за да обезбедиме прво место. Позз
 
Каков натпревар човече, ова ти се вика враќање од мртвите... :) Дефинитивно Булси го заслужуваат првото место на Истокот. Браво за Роуз, едноставно мора дечково да биде МВП!

--- надополнето ---

Добро бе, само јас ја видов информацијата дека Чикаго тепаа вчера? :kesa:

Ебате глупиот телетекст, на крај таму чекав резултат и покажаа победа на Булс.
 
prv poraz vo devizija, steta, trebase da go iskoristime kiksot na boston
 
ајде последниве 2 недели од месецов мислам дека имаме полесен распоред така да не очекувам кикс
 
Утре му е мајката да ги поминеме Бостон. Моментално они се во слаба форма а гостуваат кај ЊЈ, очекувам пораз. Додека пак ние играме дома со Сакраменто кои нормално ќе ги утепаме.
 
Сакременто се очајни годинава на гостински терен, затоа очекувам рутинска победа,
па уште ако и Њујорк ги тепа на Бостон ќе биде одлично,
оваа сеезона меѓусебниот скор Бостон - Њујорк е 2-0, важно да се напомене е дека двата меча Бостон ги доби тесно со 2-3 поени разлика
 
Нови играчи на Булс се Џорџ Лукас Трети (имево:pos:) и Џанеро Парго.
pargo_110320_0.jpg

Моментално водиме против Сакраменто 52:34 /// Полувреме 64:47
 
Победа против Сакраменто со 40 поени разлика (132:92)

11300761174.jpg
 
Бостон губеа цела утакмица со ЊЈ али во 4/4 изиграа многу јако и ги добија, иначе ке си бевме сега на првата позиција на истокот..... на кој датум играме против педерчињата?
 
Утре му е мајката да ги поминеме Бостон. Моментално они се во слаба форма а гостуваат кај ЊЈ, очекувам пораз. Додека пак ние играме дома со Сакраменто кои нормално ќе ги утепаме.

погодување...:pos2:
со бостон играме на 7 април а дотогаш не очекувам да направиме некој кикс
 
Пипен добива бронзена статуа
020EF3C77E6D92408F84F529375FBE56.JPG

Раководството на Чикаго Булс донесе одлука на специјален начин да му оддаде почит на еден од најголемите кошаркари во својата историја - Скоти Пипен
Заедно со Мајкл Џордан во 90-тите тој ги однесе "биковите" до шест шампионски титули во НБА, единствени од постоењето на овој клуб и тоа не смее да остане незабележано.
Станува збор за бронзена статуа со ликот на Пипен која ќе биде откриена на полувремето од натпреварот против Бостон идната недела. Планирано е во таа пригода самиот Пипен да им се обрати на навивачите во Јунајтед центарот кои ќе имаат можност на големиот екран да проследат дел од најубавите потези на својот поранешен миленик. Потоа статуата ќе биде сместена пред арената на Булс заедно со онаа на Мајкл Џордан.
Инаку, Пипен покрај шесте НБА титули, седум пати беше дел од Ол-стар натпреварите и дури осум пати член на најдобрата одбранбена петорка во лигата. За Булс играше од 1987 до 1998 година и во својата проштална сезона 2003/2004. Неговиот дрес со број 33 е надвор од употреба, односно подигнат во Јунајтед центарот заедно со уште неколку на клупските легенди. Минатата година заедно со комплетниот дрим-тим од 1992 година беше примен во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.


Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=97545EDC1AB1CD459F118D0D7ABB2EE4
 
Овие Атланта ни се мачкина кашлица, 29 разлика водиме на полувреме. Одлично игра целата екипа со се резерви, али све мислам дека клучот за успехот на Чикаго е бодрењето на Скалабрини хахахаха :salut:
 
Back
На врв Bottom