Aко мисли вистина Гус да игра со Мансиен у одбрана на Меси, уште денес мора да го убаци у прв тим(барем второто полувреме да не ризикува уште од почеток со него) - да видеме како ќе реагира младичов, иначе ништо од планот нема да излези. Иако ја би и со фластер Есиен на Меси
Да не ги потценуваме Евертон - си е**ле мамата тие, опасни се + А.Вила нерешено одигра некни можат уште повеќе да им се доближат ако не и да ги престигнат
..................................................................................................................
Хидинк: Клубот ќе одлучи за мојот наследник
Привремениот менаџер на Челзи, Гус Хидинк инсистира дека тој нема влијание околу одлуката кој треба да го наследи него на Стемфорд Бриџ
Вчера Хидинк ја повтори својата намера да замине од Челзи по крајот на сезоната и да се насочи само на Рускиот национален тим. Голем број на ѕвезди на Сините повикаа Холанѓанецот да остане и по 31 мај, но Хидинк нема намера да го продолжи краткиот престој.
Се шпекулира дека тој треба да има голема улога во избирањето на неговата замена, но поранешниот тренер на Реал Мадрид вели дека тој не ги соопштил неговите гледишта на управата на клубот.
“Тоа е одлука која треба да ја донесе бордот, луѓето кои ги донесуваат последните одлуки во клубот.” – рече Хидинк.
“Дури и да имав некои идеи тогаш јас ќе ги адресирав до личноста која е задолжена за одлуките. Но тоа не се случило до сега.”
Хидинк одби да коментира за шпекулациите кои велеа дека неговиот сонародник, Франк Рајкард, кој моментално е без работа може да биде негов наследник.
“Го познавам Франк, но го знам и Карло Анчелоти како и другите кандидати чии имиња се појавија во весниците.”
“Неможам да давам коментари за ова. Тие како и останатите имаат искуство во големите клубови.”
Хидинк исто така инсистира дека нема да има проблем да замине од Челзи и покрај молбите и убавите зборови кои ги добива од играчите.
“Стануваме многу сентиментални сега. Ова е тежок бизнис, иако има и човечки сентименталности.”
“Ми се допаѓа работењето тука – тоа не е тајна – и некои играчи говорат за тоа, но потребно е да се размисли за она што беше прво во овој однос.”