Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вака....да бидеме реални друштво

Ни треба очајно лев крилен напаѓач - еден од овие : Робињо, Јанг, Агбонлахор, Зирианов па зошто да не и Пандев
Одбрана - Не фала.....еве и Бане се повампири сега
Еден класа напаѓач по можност(не е најпотребно), ама мислам дека нема да ни треба ако се разигра Дрогбава и ако остане Анелка. Сеа ќе речете стари се тие треба да се подмладува нападот полека, ама тоа и не ни е така слаба точка како шо ни е левата крилна позиција.
Со оглед на тоа шо сметам дека Ван Дер Варт после неговата изјава дека би му било чест да игра за нас, веќе мислам дека си го есапи Абрамовиќ :toe:

Значи....

Лев крилен напаѓач
Офанзивен везни играч
Класичен напаѓач
 
Џабе си правиме планови зависи се од тоа дали Хидинг ќе остане(колку сакам ауу)или ќе дојде некој друг(недај боже) и зависи од Абрамович и Питер Кенјон така да џабе полемики и дискусии:toe:
 
Доста ми е веќе од шпекулации за трансфери. Само нека остане Хидинк, па тој ќе дотера се под конец
 
Ако мислиш дека Павличенко нема да се избори за прв тим, зошто мислиш дека Пандев ќе се избори?!?

Дај не зезај, друго е да си ѕвезда во Лацио, друго во Челзи.
Затоа што Пандев може да игра и крило, а токму тоа ни треба.
Напаѓачи имаме, лево крило немаме!

Не ни треба Павличенко стар е 27 или 28 години има ни треба некој млад како Бензема или Агуеро.
:smir:

Ама разликата е во тоа што на овие ги бараат 50 екипи а на Павличенко можеш да го земеш кога сакаш.
И 100 да ги бараат, незначи дека ако некој играч е многу баран и не треба да пробаме треба уше од почеток да се откажеме од трката по него.
Ако гледаме кој најлесно можеме да го земеме, другите тимови ке земаат добри играчи ние... Шо ке остане, фејк роба

Не дека не го бива, али има и подобри опции од Павличенко.
 
Гус Хидинк негира интерес за Виља и Павличенко
Привремениот менаџер на Челзи, Гус Хидинк ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа Челзи со ангажман на Давид Виља и Роман Павличенко
Хидинк негираше дека за веб сајт од Русија дал изјави со кој го критикувал Хари Реднап поради изоставувањето на Павличенко од првиот тим и сугерирал дека напаѓачот ќе се снајде подобро во Челзи. “Не сум дал никакви коментари за Павличенко.” – рече Хидинк. “Не давам коментари за играчи на други клубови.”
“Во овој случај Хари Реднап точно знае што треба да прави со своите играчи. Тој е респектиран професионалец.”
“Јас немам ништо спомнато за Павличенко, можеби треба подобро да пребарате по веб страната и да најдете нешто друго, да речеме некоја изјава од мене.”
“Павличенко е со Тотенхем и се надевам ќе се избори за место во Спарс. Тоа е важно за него.”
“Доколку сакте да преживеете во Англија потребно е да се борите и да ја добите вашата позиција.”
Хидинк исто така ги негираше и шпекулациите дека Синте се заинтересирани за напаѓачот на Валенсија, Давид Виља.
“Тоа мора да е од некоја шпанска веб страна! Добро го познавам предолот Валенсија и сите ја знаат економската состојба во Валенсија.”
“Убаво е да се работи таму и да се биде таму но тоа можеби е само приказна од некој веб сајт од Валенсија, не знам.”
:pos::pos:
 
Доста зборење за трансфери.....:helou:

Во сабота со Болтон играме на Стемфорд Бриџ од 16h.....нема да пренесуваат овие од А1 - штета.....инаку не ми се верува дека Хидинк ќе одмори некој, освен ако го пушти Анелка а го остави Дрогба на клупа....и би било добро да почни во старт со Карваљо на место на Алекс, малку да го уигра за во вторник евентуално тој да го замени Тери ако не се опорави до тогаш Босингва па да мора повторно Бане да покрива на крилна позиција.
Болтон, би требало да го победиме посебно во овој период кога сме во добра форма. Кај нив изигравме 0:2 ама во 2008 и 2007 кај нас извадија нерешено...
сепак мислам дека не треба да не загрижува ништо....јас очекувам добар резултат:toe:
 
Затоа што Пандев може да игра и крило, а токму тоа ни треба.
Напаѓачи имаме, лево крило немаме!

:smir:

И 100 да ги бараат, незначи дека ако некој играч е многу баран и не треба да пробаме треба уше од почеток да се откажеме од трката по него.
Ако гледаме кој најлесно можеме да го земеме, другите тимови ке земаат добри играчи ние... Шо ке остане, фејк роба

Не дека не го бива, али има и подобри опции од Павличенко.

Пандев се губи во Лацио, а не па во Челзи. Играме со Манчестер и му се става Фердинанд, кај ќе иде?!? Играме со Ливерпул Маскерано му иде „фластер“, а Карагер на воздушни. Да не ќе ги надигра/надскока?

Очекувам дека ќе ги спомнеш головите против Реал, ама јас би рекол дека тоа е повеќе среќа. Против Исланд 100 пати излезе сам пред голман и не даде гол. Или еве ти друг пример. Се сеќаваш ли во 2004 кога Рајкард ни го извади тој младичот (Макси Лопез ми се чини се викаше) што не искина? Каде е сега? Не го гледам да игра во Барса или во некој друг голем клуб!

Затоа, Пандев кај сака нека иде, само не во Челзи. Ако го дадат за 5 милиони, тогаш ок, не се жалат тие пари, а за повеќе :nenene:
 
Па ќе се губи кога 2-3 тројца во цел тим играат и сите нив ги чуваат исто и во Македонија.Најнова информација дека ќе замине во Интер наместото од Адриано.
 
Пандев се губи во Лацио, а не па во Челзи. Играме со Манчестер и му се става Фердинанд, кај ќе иде?!? Играме со Ливерпул Маскерано му иде „фластер“, а Карагер на воздушни. Да не ќе ги надигра/надскока?

Очекувам дека ќе ги спомнеш головите против Реал, ама јас би рекол дека тоа е повеќе среќа. Против Исланд 100 пати излезе сам пред голман и не даде гол. Или еве ти друг пример. Се сеќаваш ли во 2004 кога Рајкард ни го извади тој младичот (Макси Лопез ми се чини се викаше) што не искина? Каде е сега? Не го гледам да игра во Барса или во некој друг голем клуб!

Затоа, Пандев кај сака нека иде, само не во Челзи. Ако го дадат за 5 милиони, тогаш ок, не се жалат тие пари, а за повеќе :nenene:
Има повреда (на коленото или на прстот, незнам точно) и затоа и слабата игра. Со евентуален оперативен зафат тоа би се санирало, но Лацијаните не му дозволуваат пошо треба сезоната да се спаси а тој е клучна фигура во нападот.
Ако игра лево крило нема да има потреба да скока на високи топки, туку истите да ги дистрибуира кон шпиц напаѓачите.
Фердинанд е 2 пати побавен од Пандев, и неможе да спомнуваш 2 екипи и заради тоа некој играч да не треба да дојде во Челси, пошо имале добри дефанзивци.
Ај кажи ми искрено дали мислиш дека Малуда е подобар од Пандев?
Не ни планирав да ги спомнам головите со Реал, но ајде ти ги спомна.
И ако мислиш дека 3голови против Реал се среќа... ајде не го коментирам ова
 
Искрено Малуда не е подобар, па затоа ни едниот ни другиот. А и ние лапнавме 2 или 3 гола од Макси Лопез. Ако се сеќаваш.

А за надскокувањето, нели има корни, нели некад он ќе излезе во напад, а не како крило?
 
Кога ке има корнери тој може да ги изведува од левата страна, или да стои на 16 метри (заедно со Есиен) па да се воигра некоја таква комбинација...
Има кој да скока на корнери во Челси:smir:
(Тери,Дрогба,Анелка,Алекс,Иванович,Балак... Будалана Белети ако е во игра, Карваљо...)
 
Еве потврда за тоа од а1.ком.мк

Челзи повторно ќе се врати со своите милионски трансфери веќе во овој летен трансфер период.
Според пишувањата на англиските весници, прва трансферна цел на „сините“ ќе биде шпанскиот голгетер Давид Виља, за кого Роман Абрамович е подготвен да даде цели 40 милиони фунти.
Британците се уверени дека сопственикот на лондонскиот тим ја решил финансиската криза и решил да инвестира нови средства во играчкиот кадар. Со новите ѕвезди кои ќе бидат доведени во јули, Абрамович планира нов обид да го „покори светот“’.
Ако Челзи успее да го реализира трансферот на Виља од Валенсија за 40 милиони фунти, тоа би бил нов трансфер рекорд на Островот, откако минатото лето рекордот го постави Робињо со преминот од Реал (М) во Манчестер Сити за 32 милиони фунти.
Валенсија веќе се знае дека нема друг избор освен да добие што подобра цена на крајот на сезоната за својот најдобар фудбалер.
На телтексо од А1 е уште појако....Абрамович бил спремен пак да го „освојува светот“1. (да, да со кец...)

Bo Право си сеа Абрамович траба да купува некој брз играч со Дрогба да е во многу добра комбинација ако сака да има многу успех за тимот и за нападот нормално ке има повеќе голови од страна на Челзи и истото вреди за Ранкот односно се сеќавате на мината сезона со Манчестер имаа ист број бодови но Јунатед имаше поголем број на постигнати голови,чекаме тие да одлучат..We Hope SO!
Да бе, баш така, ко Шевченко на пример, во комбинација со Дрогба.

Тешко дека ќе почне да паѓа во форма бидејќи 26-30 години се полна фудбалска зрелост, напротив може само да напредува :helou:
Максимум уште две сезони ќе ги игра на високо ниво, барем во клупскио фудбал. Се кладам за ова. А не вреди за толку. Бензема за толку ќе си ој од Лион (можи и помалку), ние по Виља...

Што ти значи Хидинг ако останеше Сколари Бане на лето ќе си одеше од Челзи и така еден голем талент ќе го испуштевме од пред нос.
на лето аут:Белети,Микел(нека го земе мурињо за 25 милиона колку што се Шпекулираше,тој како прво не ни сакаше да дојде во Челзи омилен клуб му бил Манчестер така да мрш) и Деко или Балак(ја би за првиот):helou:
Кој гарантира оти Бане ќе остани? Како то ќе игра тој? Таков играч не вреди да го држиш на клупа, голема гужва е вака. Сепак се ќе зависи од ебанио нов менаџер, кој и да е...
На Микел договоро му истекува в лето, кои црни 25 милиони? :smir:

Ај да ти правам демант :)
Павличенко е играч на Хидинг, Хидинг дури го критикуваше Реднап зошто не го игра во нападот а навистина типот заслужи мислам дека им пикна на мачестер гол за победа на Тотен:nenene:
Каде тоа Хидинк коментирал? Некаде, па тоа го пренесол руски весник? Абе ај... Немаше на шо да мисли Хидинк овај период, па до критикување на Реднап му дошло. :toe:

Ама разликата е во тоа што на овие ги бараат 50 екипи а на Павличенко можеш да го земеш кога сакаш.
А дали тоа не ја дава вистинската слика за нивните карактеристики и квалитети???

Кој црн Пављученко, шо ви е бе?
Царуваше во Руската, ама Англиската Премиер Лига е „малку“ поинаква.

“Me to Chelsea? Mr Galliani spoke clearly during the week and for me there is no need to say more,” Ancelotti told the Italian press.
“On March 17 I met with Chelsea? But was I not in Geneva having lunch with [Real Madrid presidential candidate] Florentino Perez? You need to agree.
Reports in Italy have claimed that Milan are already lining up Cagliari manager Massimiliano Allegri as Ancelotti’s replacement but the incumbent has warned his rival that he will not be vacating the San Siro any time soon.
“Allegri? If he wants to coach here he has to wait,” Ancelotti added. “He could train Chelsea.

Абе ќе почнам да го засакувам ломбаков за тренер... :je:
 
Ај добро жити све не гледаш дека не се заинтересирани за Банзема барем никаде таква информација нема така да оладете за него :salut:
 
Ај добро жити све не гледаш дека не се заинтересирани за Банзема барем никаде таква информација нема така да оладете за него :salut:
А каде има информација дека сме заинтересирани за Пављученко; барам информација која не е напишана само во стило „Хидинк е тренер, а Пављученко е негов играч“ и напишана од некои „интернет-медиуми“ за кои Хидинк наводно дал изјава, и информација која не е демантирана од Хидинк (кој цело време кажува оти нема врска со трансфери во Челзи, барем засега) по некој час и истото е објавено на Сетанта, Скај и на chelseafc.com

Јас не гледам шпекулации за заинтересираност на Челзи за Бензема, (а и те како гледам како игра тој во Франција) од причина шо тој вели „Примера пред Премиер“ (бар засега). Од друга страна, Алекс Фергусон вели дека Жан Мишел Ола минатата година ко играа Лион - Јунајтед во ЛШ го прашал шо мисли за понудата на Челзи за Бензема која изнесува 50 милиони фунти. :toe:

Јебига...:smir:
 
Ај добро жити све не гледаш дека не се заинтересирани за Банзема барем никаде таква информација нема така да оладете за него :salut:
Виде ли ти заинтересираност за: Босингва, Карваљо, Тиаго и други да не ги набројувам ко се убаци Мурињо?:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom