Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас мислам дека одложувањето многу влијаеше врз тимот на Челзи пред натпреварот и мислам дека е тоа причината за слабата игра.Тоа бомби што ли уште не ќе измислат.Цел натпревар за својот живот ќе мисли некој или за тоа како ќе изигра.Се ова беше за да паднат на психолошки план играчите и мислам дека ова беше намерно направено.Толку слаба игра неможеше никој да очекува.Добро што и Манчестер киксна против Фулам инаку уште поцрно ќе ни се пишеше.Со среќа на другите натпревари особено во Лигата на Шампионите.
 
Kакви шанси имавме.....СРАМОТА. Не е толку до среќата, колку шо беа глупи овие нашиве. Ниедна топка не погодија како шо треба
Само Чех има пролазна оцена од мене(не е негова вина голот)...другиве , тапа - на чело со Лампард (па и човекот има право на слаба утакмица - само немаше кој да го смени овојпат)
Одбраната - неам зборови...Модриќ им се шета на 16м од голот - нив мува не ги лази......BTW
СИГУРНО ЗНАЕЈА ДЕКА МАНЧЕСТЕР ГУБИ....
Уште еден ваков кикс до крајот и збогум ТИТУЛА, ако не ја изгубивме уше сеа - ама ај имаме уште шанси се доека има теорија

Му рековме денес збогум на титулата.:helou:
 
Кога ќе речи математиката дека немаме шанси, тогаш е дефинитивно изгубена....:salut:
 
Момци кажете и ЧАО на титулата. Моите надежи се сведени на нула.
 
Момци кажете и ЧАО на титулата. Моите надежи се сведени на нула.


Не бе зошто?Нели викавте вие дека имаме шанси,како сега така наеднаш го менувате мислењето,бидете оптимисти имаме шанси(читај немаме).
Иначе сака некој кладба дека и со Њукасл нема да победиме?
 
Бак: Работиме со Хидинк за летните засилувања
Претседателот на Челзи, Брус Бак вели дека соработуваат со привремениот менаџерот Гус Хидинк околу засилувања.
“Ќе ги разгледаме мислењата на Хидинк кога ќе разгледуваме за летниот трансфер пазар.” – рече Бак за ТВ каналот на Челзи. “Дали сме направиле грешки при трансферите? Мислам дека немаме повеќе грешки од останатите клубови. Погледнавме за овао прашање во изминативе пет години.”
“Има многу субјективност во тоа кога купувате играч и што очекувате од него и дали тој ќе се покаже како доволно добар.”
“Понекогаш трансферите испаѓаат добро и можеме да добиеме кредит за скапите играчи како Дрогба и Есиен.”
“Но во летниот период немате кристална топка. Знаете каков е вашиот состав, потребно е да побарате замени и се обидувата најдобро да ги одработите.“
“Неможете да предвидите дали еден играч ќе биде повреден во Ноември или дали ќе биде во добра форма во јануар.“



Хидинк го советува Абрамович да го ангажира Рајкард
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи се обидува да го ангажира Франк Рајкард за нов менаџер по крајот на сезоната по препорака на Гус Хидинк.
Sunday Express повикувајќи се на свој извори вели дека Франк Рајкард ќе биде новиот тренер на Сините по крајот на сезоната.
Привремениот менаџер Гус Хидинк, кој го има врабетено претходно Рајкард како тренер за време на својот престој на селекторското место на Холандија, го предоложил својот сонародник до Роман Абрамович.
Како дел од новиот тренерски персонал на Стемфорд Бриџ треба да пристигне и главниот скаут на Ајакс, Ханс ван дер Зе, кој ќе работи со Франк Арнесен на носењето и развој на млади таленти.
Абрамович ја обнови својата љубов кон Челзи по доаѓањето на Хидинк и повторно ја врати страста кон клубот па ветил дека по крајот на сезоната ќе обезбеди добри сретства за оперирање на трансфер пазарот.
Тој сака Хидинк да остане како менаџер но знае дека шансите за тоа се минимални. Но е подготвен да го ангажира 46 годишниот Рајкард кој со Барселона освои две титули во Ла Лига и триумфираше во Лигата на Шампионите.
Frank_Rijkaard300.jpg
 
Davor Josifoski, има/имаше шанси, ама има разлика која ти очигледно неможеш да ја сватиш помеѓу оптимизам и песимизам.
 
Мене ЛШ ми е побитна да ја освоиме, отколку ПЛ или ФА купот(кои исто не се за занемарување ама ај, се трпи некако и без нив)...така да нема шо да жалам посебно..:salut:
 
Момци, изгубивме вчера. Е добро де. Што мора да значи дека тоа е крај на надежите во Премиер? Ма ич. Не гледате дека Манчестер се уфука во криза? Некни катастрофа со Ливерпул, вчера губат од Фулам, мислите дека тие не паднаа со форма и не влегоа во криза? Само, потребно овие нашите коњи да си сфатат озбилно, а кога тоа ќе го направат и било кој да е, нема да не порази. И уште нешто, се додека има шанси во теорија, нема откажување! Понекогаш тоа што изгледа недостижно и претешко, всушност излегува како што треба. Сетете се лани, колку немавме среќа да имаме двојна титула!
 
Биди појасен,не те разбирам.
Па чим ова не го разбираш, што има понатаму да го објаснувам.
Кога тепа Челзи те слушам ке освиме ова ке освиме ова кога ќе изгуби се праиш паметен ... ете киксна Манчестер, и Челзи можеше да му се доближи на само еден бод.
Тоа беа реални шанси, и само доказ дека ЕПЛ сеуште нее завршена.
И ајде сега ти песимистот „не се надаше дека Челзи ќе го победи Тотенхем“ нели? абе ајде ... али ете кога изгуби им се праеше паметен на Оптимистите т.е луѓето кој мислат дека сеуште има шанса. Тие лошо прават што веруваат дека Челзи сеуште има шанси?
 
Имам некое чудно претчуство дека и Ливерпул ќе загуби... Ќе се деси изглеа дежа ву на ситуацијата од пред неколку кола наназад кога сите тимови од Big 4 изиграа нерешено, и тоа неколку пати(ако не го земеме Aрсенал во предвид пошо си тепаа вчера)....

дајте бе луѓе не е крај на светот, ако сме изгубиле....од овој пораз треба само да ја научиме лекцијата и да излеземе појаки :helou:
 
Па чим ова не го разбираш, што има понатаму да го објаснувам.
Кога тепа Челзи те слушам ке освиме ова ке освиме ова кога ќе изгуби се праиш паметен ... ете киксна Манчестер, и Челзи можеше да му се доближи на само еден бод.
Тоа беа реални шанси, и само доказ дека ЕПЛ сеуште нее завршена.
И ајде сега ти песимистот „не се надаше дека Челзи ќе го победи Тотенхем“ нели? абе ајде ... али ете кога изгуби им се праеше паметен на Оптимистите т.е луѓето кој мислат дека сеуште има шанса. Тие лошо прават што веруваат дека Челзи сеуште има шанси?

Ајде најди само еден пост кај што викам така,ке те частам што сакаш..И што кој кур се мешаш во туѓ фанклуб кога не ти е местото овде..ебате провокаторот!
 
Ајде најди само еден пост кај што викам така,ке те частам што сакаш..И што кој кур се мешаш во туѓ фанклуб кога не ти е местото овде..ебате провокаторот!
Доволно читам, и секоја недела гледам различно нешто а да се замарам да барам твои мислења.... таман работа!
Незнам кај виде дека провоцирав, али јебига тоа е.
Бегам сега од тука, додека не сте ме убиле.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom