Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека Белети не треба да влегува денеска,зошто не играме со Рома,туку играме со Ливерпул,плус Белети и нема некоја голема улога во играта на Челси освен да шутира од 35 метри..Ај може ќе биде добар Малуда денеска али не очекувам!!

Ако треба смирување на игра, односно ако имаме добар резултат, Белети многу би придонесол пред се со искуството што го има.
Инаку да, не треба многу.
 
ајде доста коментари

да уживаме во натпреварот
 
лош старт... ај имате време

несреќно примен гол
 
Шо е ова бе ке ви прекине серија од 90 утакмици без пораз дома еден љиверпул??
 
Шо е ова бе ке ви прекине серија од 90 утакмици без пораз дома еден љиверпул??
Има уште цело второ полувреме.

Мислам а и се надевам дека ке заврши нерешено
(него сваќајте ова како провокација)
 
Се извлековте со нас, ама знаеме дека Ливерпул е тим со највеќе среќа па не можевте со нив во тој поглед. Факт е дека премногу фали еден напаѓач како Дрогба. Многу повредени имавте, а и вие газловциве се во форма. Но кажав и пак ке кажам, кога тогаш среќата ке им ја снема.
 
Тактички не уништија. Нема што друго да кажам.
А да, Сколари ако е дојден само жонглерство да „проповеда“, го згрешил местото...и времето. Некој бил в облаци, сега паѓа. Болно паѓање, ама повеќе од потребно.
Наздравје нека се, 86 натпревари во Премиер Лига без пораз! Неверојатен рекорд, ама да го цитирам Тони: Секоја бајка има крај. Искрено, очекував Арсенал да не победи дома сезонава, ама Ливерпул беше побрз.

Имаме и повредени играчи, и тоа доста битни. Особено Дрогба и Џо Кол. Заради тоа Сколари ииа помалку простор за маневри, ама не е тоа оправдување за да бидеме тактички разурнати, уништени, дмолирани...

Сега в среда, кај Хул. Ние штотуку „отрезнети“, тие максимално „опиени“. Нов пораз би бил покатастрофален од денешниов. Верувам дека сите во Челзи го знаат тоа, и нема да дозволат такво нешто.

Уште еднаш, честитки за Ливерпул.
 
Мислам дека пресудата за овој меч ја донесоа повредите на Челзи

Поточно на Дрогба и Џо Кол кој се клучни играчи на Челзи:helou:
 
И Торес не играше за Ливерпул, па Бенитез пронајде начин (тактика) за успех против Челзи. :toe: Ништо не го вади Сколари од ова, освен едно 10 победи по ред сега. :)
 
Па што да се каже... Имаа подобра игра, повеќе среќа и најважно покомплетен состав... Сепак тоа е тоа:toe:
Не знам како успеа Е. Кол да промаши кога му го намести Ди Санто:uvo::uvo::uvo:
Многу среќа имаше Алонсо кога го даде голот
 
Од нервоза не ми се пишува сега али ај да кажам збор-два за денешново...не знам како да го наречам..
Со еден збор ќе го опишам денешниов натпревар против Ливерпул СРАЊЕ!!!
Игравме катастрофа,ваква игра ни Ренова не покажува..Неповрзани пасови,безвезе шутови,милион фаули...Анелка не знам дали беше напаѓаѓ овој натпревар или беше играч за врска во среден ред,Босингва изигра ептен слабо да не кажам катастрофа,Деко,стварно за овој не знам што да кажа немаше никаква врска правеше безпотребни фаули,пасовите му беа тапа не знам што да кажам..Малуда и Калу исто така ДРВА,Белети не си знае на која позиција игра трча како мува без глава и мисли ако дал 2 гола од 30 метри секоја утакмица ќе дава..Не знам што да кажа,..Ливерпул не не победи со убава игра,туку не победи тактички Рафа е тоа..Склари може покажува убава и допадлива игра,но досега во два дерби натпревари не покажа ништо,ама баш НИШТО.Извлековме глава со Манчестер,Ливерпул не попари,и Арсенал се надевам дека ќе ни го стори истото,ако играме вака да не се надеваме на титула.Впрочем падот на играта на Челси се виде на мечот со Рома,али некако Тери не извади али сега нема спас..Сколари ако не подобри нешто против Хул во среда,слободно може да си замине дека во фудбалот не се гледа убавина туку се гледа ТАКТИКА,збор кој Сколари слабо го разбира..Иначе нека му е честито победа на Ливерпул!!
 
Па што да се каже... Имаа подобра игра, повеќе среќа и најважно покомплетен состав... Сепак тоа е тоа:toe:
Не знам како успеа Е. Кол да промаши кога му го намести Ди Санто:uvo::uvo::uvo:
Многу среќа имаше Алонсо кога го даде голот
Впрочем таква им е и цела сезона, ама ке биде не се секирај. Ливерпул најмалце ме плашат. Ке налета од негде екипа како Стоук и се ке биде во ред. :)
 
Дено да ти кажам најискрено очекував барем вие да ги победите да не дигаат чалами веќе,али тоа е!86 натпревари без пораз на домашен терен,податок за почит,али тој податок кој му го остави Жосе на Луиз Фелипе овој очигледно не го искористиии!!!!
 
Впрочем таква им е и цела сезона, ама ке биде не се секирај. Ливерпул најмалце ме плашат. Ке налета од негде екипа како Стоук и се ке биде во ред. :)

:pos2::pos2: Ne se plasis a?Ne ti dojdi denes umot...
A koga sme kaj srekata
Nemase chelsea sreka pri udarite na Gerard,Babel,Kujt,Alonso?Udar ne upativte so isklucok na Deko koj ednas se zakani pa uste mi lafis tuka za sreka
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom