Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Супер утакмица!!!
И најпрвин честитки за победата, а и за првенецот за Жирков:smir:
 
Фала..иако пак ќе кажам,ова беше пријателски меч..се чудам зашто не заврши нерешено.
 
Честита победата и првенецот на Жирков... ќе биди по се изгледа најголемото засилување оваа година :vozbud:
Играта не ме бендиса нешто посебно, ама ај... не е битно :helou:
 
Фала..иако пак ќе кажам,ова беше пријателски меч..се чудам зашто не заврши нерешено.


Чех > Калач

Поради ова не заврши нерешено.

Честито победа па здравје боже наредно у ЛШ да се сретнемо :smir:
 
Дрогбињо метла во глата. Само шо не знам шо форсират веќе втора пријателска со ред Анчелоти прв состав.
Веројатно да формира тим од топ 14-15 играчи кои ке ротираат во првите 11 (и на клупа)
Инаку и јас мислам дека требаше да направи уште неколку измени, на Ди Санто да му даде шанса, Деко,Малуда, Трнбул....

Дрогба, чудовиште какво само шо тој можи да е.
Лампард да излези под најитно, ем не му се трча, уствари сила ко да нема.
Чех исто да одмори.
Анелка - ко Лампард.
Жирков со оглед на улогата шо ја има на средината, врши одлична работа.
Оби има знаци на живот за плејмејкер, преминува од камен кон дрво, има надеж.

Второ полувреме:
--------------------Трнбул--------------------------
--Мансиен----Карваљо--Алекс--Жирков/Хачинсон---
----------------------Оби---------------------------
----Есиен-------------------------Малуда-----------
----------------------Деко--------------------------
----------Стуриџ------------Ди Санто---------------
(или Шева со еден од младиве)

:tv:
:pos2::pos2::pos2::pos2:

Ме нервира Карло со замениве...наместо Стариџ и Мансиен да ги стаи тој Пизаро и Шева манекенот.

Даворе, при нафрлувањето кон Лампард и претходно шутот на Шевченко (пред да го постигне голот Жирков) ме потсети на времињата кога играше во Милан. Очи во очи со противникот, чекор два на лево или десно и шут, јас сепак мислам дека Шевченко може да ја врати приближната форма од порано и допринесе со солиден број голови годинава (доколку игра, нормално)

Пизаро имаше добра кариера во Бундес, но за него сеуште немам конкретно мислење, денес не ми остави никаков впечаток, иако немаше доволно можност за тоа. Барем некој индивидуален потег да направеше, шут, дриблинг...

На крај краеви, Ди Санто и така не добива многу шанса, па нека иде да игра со вториот состав, подобро отколку да седи на клупа. Многу напаѓачи имаме (иако се бориме на 3 фронта) и треба да ги задржиме само ако планира Анчелоти поголеми ротации во куповите и сл



За другите:

Жирков - прва утакмица и одигра сосем добро, имаше пробиви, центар шутеви, постигна гол, сосема задоволително.

Белети - абе овој решил да научи да игра фудбал или само имаше добар ден:icon_lol:

Лампард - многу млитав ми се виде денеска, некако безволно играше. Се надевам само лош ден

Анелка - слично како Лампард. На почетокот тргна/а фуриозно па се смири играта. Сепак мислам дека подобро ке се снајде како класичен шпиц отколку на десната страна.

Дрогба - :vozbud:

Босингва - еден од најактивните играчи на теренот, даваше максимум во текот на целата игра.


За другите немам некои посебни забелешки, ми се допадна тоа шо имавме разновидност во играта.
Преку средината, нафрлени топки од страна, шутеви од далечина (од кои едниот влезе во гол) дриблинзи...:toe:
 
Честитки за победата,го победивте Интер,Милан...се гледа дека имате доволно силен состав за наредната сезона да атакувате на сите титули.Следнава сезона ке биде богами интересна:vozbud:
 
ај честиот победа нека ви се множат
 
супер победа супер гол на дрогба и на жирков и чех беше мн.добар за голо неможеше повеќе играта на моменти добра но некако и споро ми делуваше па малцетреба и лампард да одмара да се игра деко или некој млад играч со цел да добие малце искуство
сума сумару задоволен сум:aplauz:
 
синоќа не ми се допадна што босингва многу ја држи топката и ги забавуваше акциите во неколку наврати. многу ризикува да му ја одземат и да направат контра.

оби изигра одлично, железо да стават пред него, тој ќе го скрши.

дрогба беше одличен.

одбраната беше коска, сите 4ца.

штета што не влезе даниел, баш сакав да го гледам како ги меле.
 
Голов на Дрогба е екстра ако дава вакви голови во Премиер Лига супер ке биде .А сакам да прашам дали има некои шпекулации во врска со нови играчи на Челзи.Дали пишува нешто пошто слаб ми е нетов не ми отвара ништо.Напред Челзии!!!
 
Голов на Дрогба е екстра ако дава вакви голови во Премиер Лига супер ке биде .А сакам да прашам дали има некои шпекулации во врска со нови играчи на Челзи.Дали пишува нешто пошто слаб ми е нетов не ми отвара ништо.Напред Челзии!!!
Сега за сега нема...веќе долго време се шпекулира за Пирло,ама изгледа ке остане во Милан...:toe:
 
Дечки мене ќе ме нема едно 10 дена(на одмор во Охрида)..па за тоа време,да даде Господ да се зајачаме со уште некој играч.Поздрав и се читаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom