Знајме шо се деси на Вембли, и се надевам дека извлекле поука од то...
Изгледа не...
Прво, тие шо велееа, Челзи не заслужува да биди прв, не игра убаво, не игра атрактивно, а многу беа такви, да молчат и да не кажуваат многу оти ПОЈМА СИ НЕМААТ!!!
Второ, се надевам газдата е радосен, сепак Мурињо си замина заради „неатрактивната игра“. Еве му сега атрактивна игра, ама ако не освои Челзи трофеј да не го брка Аврам. А сигурен сум дека во таков случај, Аврам ќе лета. За второ место, шо е поарно отколку трето, имаме шанси, ама за први тешко... Па ќе кажам, по кознај кој пат, се надевам на ЛШ.
Трето, за натпреваро, честитики за последнио гол на Кин. Браво! Друго за Тотенхем не коментирам. Сега вака, Кудичини, на двапати здраво го спаси Челзи, ама за вторио гол тој е крив. Голман грешно да процени лет на топка директно во гол... На гол линија беше, ко виде каков лет има топката, почна да мавта со рацете, пошто виде дека е грешно поставен. Одбраната, многу пасивна. Карваљо тотално отсечен од натпреваро, Кол се спаси од црвен на крајо на првото, Фереира дрво како и секогаш. Тери солидно. Среден ред, Макелеле стандарден, силен воин на средината. Лампард, не се приметуваше многу, ама доста истрча, и тој солиден. Есиен добар беше. Кол одличен! Немам друго шо да кажам. Калу, се трудеше, арен беше мошеже и поарно. И Дрогба, доста добар, даде гол, го имаше и во напад и во одбрана. Малку беше себичен ко напраја контра, ама добро.
Големо браво за Аврам! На 20 минути до крајо, вади играч од нападо и клава централен дефанзивец. МОЗОК!!! И на крајо, за да се орасположам, влегува Шевченко место Фереира! Браво!
То е то, појче не коментирам, следно во недела со Арсенал дома.