В
Вори
Гостин
Денеска сум ОК!Стабилизиран.Школо бев главен.не смееше да писне никој!
ЧЕЛСИ ФОРЕВР!!!
ЧЕЛСИ ФОРЕВР!!!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во право си, всушност 2-1 за Јуве требаше да биди. Ама нокаут натпреварите се такви шо можи да се помини и со два нерешени натпреврари, па победа всушност значи пласман понатаму.
Хидинк вели дека тоа било страшен натпревар, вистински евро-тест, во кој морало да се постигне барем еден гол, што и било остверено. Првото полувреме, не цело, но претежно било под нивото на кое треба да е Челзи, но во второто полувреме било подобро. И тоа што било најдобро, е реакцијата на играчите на примените голови, нивниот победнички карактер (нешто што со Сколари го немавме, туку баш спротивно). Така, Гус вели дека не би коментирал повеќе директно за натпреварот, внимателно ќе го прегледа на DVD неделава, по спласнувањето на еуфоријата, без многу емоции; за да извади заклучок што е позитивно а што негативно во играта. Но најмногу го радува секако, победничкиот менталитет на играчите по примените голови.
Хидинк околу Дрогба вели дека е се подобар и подобар, ако си стопер не ти дава да дишиш, како резултат не неговото постојано залагање, и се надева дека така и ќе продолжи.
Лампард со изјава дека сега сите европски гиганти треба да бидат исплашени од овој Челзи.
Со Арсенал или Хул во полуфиналето на ФА играме на 18 април, во сабота, на Вембли со почеток од 18:15. Пренос се подразбира.
Околу Есиен да искоментирам, сметав(м) дека не требаше до почеток да игра, ама не беше многу лош (не ни в премногу добар), ама со постигнат гол во првиот натпревар во ЛШ после финалето, и тоа нокаут-натпревар, секако дека ќе има појќе самодоверба.
Добро бе Фантом, за кого навиваш, за Челзи или за Јувентус? И вчера те читав на фан клуб јувентус. Од кај извлече 2-1 за Јуве?
Ај сега вака, да бидеме реални и искрени, а не навиачки настроени. Најреално беше 2-1 за Челзи. Зошто? Првиот гол си го постигнавме фер, исто како и вториот. Вториот гол на Јувентус не беше фер постигнат. ОК, имаше пенал, ама немаше фаул за да има слободен поради кој дојде до пеналот. А ако го рачунаме голот на Дрогба, требаше да биде 3-1. Ама пошто НЕ сме навивачки настроени, ете, 2-1.
А според играта Јуве беше подобар, ама не заслужи да победи ради вториот гол. Затоа, кога ќе се земе се во предвид (и головите,т.е. кој како беше постигнат и играта), најреално е 2-2. :smir:
Без љутиш, само си кажувам мое мислење, а мислам дека така и е.
A што велите да ни падни Барса, па да ги видиме можностите на Катлонците....или со нив за во финале![]()
Според мене поубаво е со нив во финале да се сретнеме.