Сколари мора да смисли нешто ебаго, две победи во низа не можиме да врзиме.
Можи уште да се извај од Дрогба, туку крилен играч треба. Малуда колку и да трча и да се труди неговото залагање е неспорно), нема некој посебен ефект ебаго. Џо Кол две утакмици игра, следните пет е повреден. Калу не е константантен ама ич. Само како џокер можи да се користи. Ако веќе Синклер не добива шанса, треба некој друг. Очигледно Сколари не е будала шо го бара(ше) Робињо.
Ама во меѓу време...
Манчестер Сити нуди 60 милиони фунти за Џон Тери
Сопствениците на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Абу Даби Јунајтед Груп, продолжува низ европскиот фудбалски пазар да нуди мегаломански цифри на играчите.
Откако подготвија понуда за Џиџи Буфон, 'тешка' 150 милиони евра (75 отштета за Јувентус и исто толку за голманот), која ги натера раководните луѓе на "старата дама" да размилсат за продажба - што не сакаа да го сторат ни кога клубот беше исфрлен во втората лига - сега тргнаа и во избор на најдобрите меѓу најдобрите за останатите линии од тимот.
Сити е подготвен да понуди 60 милиони англиски фунти на Челзи за Џон Тери. Причината е едноставна: сопствениците на клубот од Манчестер се согласија дека Тери е најдобриот светски одбранен фудбалер и како таков пожелно би било да го носи дресот на нивниот клуб. Раководството на Абу Даби Јунајтед Груп отиде и малку подалеку, па се подготвени на Тери да му плаќаат десет милиони фунти по сезона, со што овој би станал најплатен фудбалер во светот.
Другата, онаа лондонската страна, засега не реагираше околу Тери, но го фрли тежиштето на друга страна. Тренерот на Челзи, Луис Фелипе Сколари го затресе Манчестер Сити со изјавата дека го сака Робињо во својот тим. "Нека дојде Робињо во Челзи и тогаш ќе стане најдобар играч во светот" - изјавил Сколари.
(ова е превод од goal.com, ама морав да го постирам)
Да беше за Лампард, Чех, Карваљо, Ешли Кол, итн, итн......искрено ќе разберев, ама Тери?! :pos2: Ако се спремни за едно 300 милиони фунти, би можело да се напрај муабет, ама вака не.