Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Имав нешто обврски и не ја гледав. Сега гледам хајлајти и ми изгледаат малку подобри. Головите се ок, нешто што ни фалеше е голови против екипи со низок блок. Тоа го направиле вчера.
Не видов само како се повредил Џејмс. Па да му се серам во среќата. Па не морало да го стартува...
Автоматски споено мислење:


Јооооо каква глупост ќе се случи ако ова е точно....
Стварно не ми е јасно. Уште имаме реактивни panic-buy потези. Јунајтед и Ливерпул понудиле 120, ај сеа Челзи ќе понуди 120+10.
Какви се овие глупости не ми се верува...
Дај и 70/80 на Вест Хем и земи го Рајс и дај уште 60/70 на Барса за Де Јонг и ќе имаме средина за наредните 10 години.
Нели овој Енцо имаше 120м евра откупна клаузула? Која е поентата да понудиш 10 милиони повеќе од тоа? :D

Прави малце хајп новинаров од Аргентина, нема шанса да е ова точно.
 
Нели овој Енцо имаше 120м евра откупна клаузула? Која е поентата да понудиш 10 милиони повеќе од тоа? :D

Прави малце хајп новинаров од Аргентина, нема шанса да е ова точно.

За да избиеш малку пред останатите од тој аспект, а уште поважно, за да имаш поволности при плаќањето. На пример, на толку и толку рати, а не кеш. Додека пак, Бенфика бара кеш за откуп на клаузулата и тука настанува проблем.

И за Нкунку на идентичен начин преговараат новиве газди, тоа им е некој метод. Французинов имаше некоја клаузула од шеесеттина милиони евра, Челзи ќе плати околу 70, за да го договори уште на зима за следна сезона и под одредени поволности при плаќањето.

А дека се рециклира, мама му ебаа денес. :)
 
За да избиеш малку пред останатите од тој аспект, а уште поважно, за да имаш поволности при плаќањето. На пример, на толку и толку рати, а не кеш. Додека пак, Бенфика бара кеш за откуп на клаузулата и тука настанува проблем.

И за Нкунку на идентичен начин преговараат новиве газди, тоа им е некој метод. Французинов имаше некоја клаузула од шеесеттина милиони евра, Челзи ќе плати околу 70, за да го договори уште на зима за следна сезона и под одредени поволности при плаќањето.

А дека се рециклира, мама му ебаа денес. :)
Да, има смисла да одат на таа опција за да плаќаат на рати. Ама од друга страна и на Бенфика повеќе и одговара да земе одма 120м, него на рати 130..

Како и да е, моментално се поврзано со Енцо го земам со резерва. Би сакал да дојде во Јунајтед, ама не верувам дека некој би дал толку пари зимава.
 

Како и секогаш, Челзи е поврзуван со сите играчи, и на крај завршуваме со Дринквотер и Баркли.
 
Исто така, да не летаме премногу со слаткоречивоста на новиве газди и нивните гласила кои објавуваат само позитивни новости.

Си ебале мајката и тие. Сега ќе речат, еве, ние се обидовме за Енцо, дававме и повеќе од 120 милиони, во борба со Ливерпул и Јунајтед, ама што да правиме кога не сака Бенфика да го даде. Затоа ќе го доведеме Коне од Менхенгладбах, или некој сличен. Високо стрелаат од старт, за да имаат посебно алиби при евентуален неуспех. И за јак ПР.

Мое лично мислење е дека Челзи максимум само ја има исконтактирано Бенфика и ништо повеќе. Ако сака некој да активира клаузула, носи кеш во Лизабон и за еден ден тоа го финишира.
 
Точно, се согласувам.
Али па од друга страна, се надевам дека нема да го земат, премногу е 120м а две години се тегнат за Рајс толку да дадат. Ни Рајс, ни овој не вредат толку, и искрено мислеам Енцо е малце оверхајпнат и погрешно проценет, кој е овој луд потенцијал што го има за 120м.
На овие пари јас пре би го земал Рајс, дефанзивно е подобар, адаптиран на лига, има лидерски потенцијал. Енцо, не знам баш како ќе се снајде во ПЛ.
 
Не е прехајпнат, си се водат по она колку бараме, толку вреди. Кога Реал дава 70 милиони за 16-годишно дете, зошто ние да не бараме толку и толку.

Рајс е поразличен играч од Енцо иначе. Енцо е играч во два правци. Има добар пас (долг особено), добар шут, преглед, а видливо е и физичко присуство на терен кога тој игра. Најидеално би било нивно спарување. Нема или-или, бидејќи двајцата би биле комплементарни.

Сто и дваесет милиони не вреди, во оној систем на вредности кои ние го негуваме навивачите. Но, не само тој, не вреди никој денес искрено. Само Мбапе и евентуално Халанд за година дена.

Нека не се трипаат, нема да дадат толку. Фокусот на десен бек и средњак (кој и да е) уште во првите денови на јануари. Плус Бадиашиле. Тоа е и повеќе од доволно за зимски преоден рок. Ако се избаци уште некој шпиц за евтини пари/позајмица, одлично.
 
Ерава на Тод може многу лесно да заврши како најлоша ера во историјава на клубов.

А можеби и не, нели, глупо е да правиме претпоставки после пар месеци.

Сепак, од ова што го гледам до сега...ми делува како да немаме некој конкретен план за тоа каде треба да оди екипава, и дека оваа сезона е многу веројатно отидена по ѓаволите, па потоа, здравје-боже ќе започне планот од следната сезона.

А тој план може и да не донесе никаков резултат и не само што нема Челзи да напредува, туку мислам дека нема ни да тапка во место.

Оваа сезона, мене многу веројатно ми изгледа дека ќе треба да навиваме за една од топ 6 ПЛ екипите во ФА Купот ако сакаме да играме во Европа догодина.

Првите шест екипи одат во Европа ако не се лажам, така? Шесто пласираната игра Конференциска лига, а може и седмата, во зависност на победникот во ФА Купот?

Да не се лажеме, во моментов Челзи делува крајно безидејно и објективното мислење, во овој момент е... Челзи нема да игра ЛШ догодина, освен ако не ја освои истата оваа сезона.

Едноставно премногу заостануваме зад добрите екипи во лигава.

Арсенал и Сити се сигурно во топ 4 на крај. Јунајтед се сосема добри годинава, а тука се и екипи како Њукасл и Тотенхем кои ако не паднат ептен би требало да се во борба за топ 4-5 места во лигата.

На наша среќа Ливерпул исто така се тапа годинава, ама и во таква ситуација, сметам дека Ливерпул се малце подобри од нас во моментов и се ако ништо друго.. барем во помалце хаотична позиција од нас.

Во овој момент пред нас на табелата се и Фулам, Брајтон и Брентфорд, екипи што очекувам да паднат. Ако било која од овие екипи заврши кај нас на табела....

Ако изгубиме утре ќе заостануваме 10 поени зад топ 4, што значи полека ќе може да се прифати реалноста.

Сметам дека судбината на овој тим ќе ја знаеме до крајот на овој месец.

Ова се натпреварите:

дома против Сити
на гости против Фулам
дома против Кристал Палас
на гости против Ливерпул

Би рекол дека математиката е ваква:

9-12 поени: Се уште има надеж за топ 4
6-8 поени: Се уште има надеж за Лига Европа
0-5 поени: Многу веројатно ќе играме Конференциска лига догодина освен ако другите екипи се бетер од нас или освен Фулам/Брентфорд/Остали изиграат маестрално во остатокот од сезоната и завршат над нас

Па добро, све имаме освоено, уште Конференциска лига остана, што да не...
 
Изгледа пропадна трансферот на Енцо во Челзи. И ако. Оверхајпнат, преценет, како сакате негувајте, премалце искуство има во Европа за да има ваква цена, и онака сезонава е отидена во курац, подобро нека се фокусираат на лето, на млади таленти и нека проработи новава управа, не ни требаат вакви коцки како со Енцо.
Од друга страна трансферов на Бадиашил ми се многу свиѓа, вакви трансфери треба и во средина, напад, паметни трансфери, не прескапи.
Секако не очекувам следни две сезони ништо озбилно, клубот е првпат во ваква ситуација од 2001 наваму, се работи за сериозна реконструкција на цела управа и клуб, не гледам како трансфери како Енцо ќе ни сменат нешто за сезонава или следна. Ебана Бенфика го земаа пред непуна година за 17м со паметен скаутинг, ова што го прават после едно светско е рамно на кражба и не треба да подлегнат затоа што секој нареден клуб вака ќе не дупи, за Рајс се тегнат што е докажан во ПЛ за 100м, за овој ќе дале 120м, нема грешка.
 
Премногу е 120м за Енцо, млад е, потенцијал, ама сепак е премногу. Ако сакаат да земат некој играч што изиграл добро на светско и да е играч од средниот ред нека пробаат со Ounahi од Мароко, одлично изигра на првенството, нема да е скап, ако го биде биде ако не никому ништо. Од 20 - 25м не би требало повеќе да кошта.
 
Генерално кога се зборува за играчи и се зборува за преценетост/преголем хајп, не се прави разлика помеѓу квалитетите на самиот играч и цената која треба да се плати/ја бара неговиот матичен клуб, односно колку тој е проценет на пазарот.
Енцо Фернандез не е преценет фудбалер, напротив. Во моментов е еден од најдобрите средњаци на негови години со сериозен потенцијал да биде играч ипол.

Ова го кажувам во ситуација кога Челзи ги загуби сите шанси за негово доведување. Го мислев и претходно, го мислам и сега. Дали Енцо Фернандез е прескап? О, да. И тоа ми создаваше непријатност ептен, иако нели не се наши парите и пазарот е таков. Кога веќе се појавија навидум посериозни шпекулации, ме фати некоја мини-возбуда, бидејќи и на 21 година и недоволен број натпревари за да се афирмира на клупско и репрезентативно ниво, Енцо ќе беше statement signing, без никакви сомнежи.

Околу неговата позиција, уште еднаш. Не е Енцо или Рајс, туку е Енцо и Рајс/било кој DMC на светот, затоа што тој не е првиот играч пред одбраната во тимот. Дали Енцо ќе го подобреше инстантно тимот? Верувам минимално. Дали Енцо со aсален DMC ќе го трансформираше и средниот ред и целата екипа? Верувам дека да.

Туку, откако прописно се посрамотивме уште еднаш, вредно е уште еднаш да се издвојат неколку работи. Прво, не верувајте (и за мене важи, ако просеравам овде) во тоа што се пишува на интернет, особено не на „Тwitter“. Eден куп новинарчичи во обид, еден куп ITK акаунти, особено сега за сагава со Фернандез. Од Аргентина, од Англија, насекаде. Почнувајќи од Романо, Енцо е договорен, па Енцо е при крај, па сака во Челзи, па договорени биле личните услови, па Челзи бил подготвен да плати 120 милиони клаузула, па само ситни детали останале, па еве го уште лекарски, за да на крај...

Челзи воопшто не ни пуштил официјална понуда до Бенфика, а имал намера да плати максимум 85 милиони. И од сите лаги и глупости што се шират, единствено верувам во изјавата на тренерот на Бенфика, Роџер Шмит, кој предмалку изјави дека (следејќи и други информации, а знаејќи го и газдата и неговиот мизерен начин на преговарање) Челзи дискутирал со Бенфика и ВЕРБАЛНО му соопштил на клубот дека е подготвен да плати 120 милиони откупна клаузула (не е ни важно дали на повеќе рати или директно), за да после неколку денови, Тод и овој другиот дебил Егбали, бараат од Руи Коста преговори. Значи, му го поматиле умот на Енцо, тој се запалил за трансфер во Челзи (што не е во ред, доколку немаш прво договор со клубот, манипулативно и бедно во секој случај) и на крај рекле „епа ние само 85 можеме да понудиме“.

Ем не го добиваш играчот, ем ги расипуваш можеби и трајно односите со Бенфика, ем се срамиш пред цел свет. Овие методи на преговори околу трансфери врескаат аматеризам, шарлатанство и несериозност. Непочитување кон другата страна. Следен пат, кога ќе тропнат на врата кај било кој друг клуб, ќе бидат ставени на чекање, или па нема да добијат повратен одговор. Заслужено.

Баш ме потсети прееска некој по интернетов, дека слична работа се случи и летово со Кунде. Мончи зборуваше дека Тод начелно го договорил трансферот за Французинов, вербално во суштина, документите скоро и да биле потпишани, а потоа се повлекол. Не знам која му е поентата, веројатно не знае ни сам. Да го сврти играчот против клубот, за да добие помала цена? Да извади добар ПР, ете, ги бараме најјаките фудбалери во светот, ама нешто во меѓувреме излезе и не успеавме да се договориме? Апсолутно немам поим што се случува, а нема поим ниту еден фан на Челзи, исто така.

И сега, се истроши време околу Енцо, ќе се копрцаат уште некој ден, ќе помине половина јануарски преоден рок и ќе останеме со куси ракави, повторно. Панично ќе се бара некој Фофана, Закарија и Обамејанг. Дај шта даш. Наместо да направиш стратегија, да имаш во секое време алтернатива, рационално да искористиш средства и пополниш позиции, ти избираш да бидеш кловн и да ти се потсмеваат сите.

Искрено, одвај и да може човек некаква позитивност да издвои откако станаа сопственици. Во ред, некоја иницијална желба за трошење пари (што е и нормално, таман работа ако не одврзат ќесе во првите месеци од газдувањето), промената на структурата и начинот на работа (Вивел како технички директор, овој од Брајтон, Стјуарт од Монако итн.), иако од тоа засега нема ефекти, рано е ете и идејата за долгорочност на тренер, а не менување често (ма да, идејата е добрa, а колку е добар Потер како наследник на таа идеја, тоа е навистина прашање за милион долари).

Тод вети спортски директор на есен, ништо. Вети спортски директор до крајот на годинава, по завршувањето на Светското, ништо. Вети спортски директор таман за јануарски преоден рок, ништо. Ги смени сите, од скаутинг служба до хигиеничар, арно ама спортски директор не доведе. Очигледно, комфорен си е со тоа тој да ја извршува таа функција и како говедо неотесано да оди од место до место по светов и да се лигави.

Капак, тој Егбали пред некое време гледам фрла дрва и камења по претходниот режим и Абрамович. Па чекај бе пријателе, фурни и фурни леб треба да изедете за да стигнете до тоа ниво. Со сите маани и предности, Челзи со Роман стана клуб од прв ешалон, ги освоите сите можни трофеи и постави некое високо скалило. Овие шарлатани, би требало да почнат да ги слушаат советите од луѓето кои ги поставија (првенствено Вивел) и да не се мешаат во фудбалски работи. Бидејќи фудбал, не разбираат.

Во однос на Потер, останувам на истиот став. Погубно би било да се промени, особено во овој дел од сезоната. Но, не си помага себеси ликот и не си помага. Од однесувањето на прес-конференции, до однесувањето на терен. Мртав се кише не боји. Па друже, не си уште во Брајтон. Не може бод со Нотингем да е добра работа, не може палец горе да креваш кога ќе ти промашат играчите зицер и кога ќе одиграат добра акција. Едноставно, не може. Не знам, од сите тренери досега што продефилирале во клубов, во последните дваесеттина години, овој единствено никако да се поврзе со фан-базата, со навивачите на стадион. Ништо, табула раса. Клише и досадни изјави, скоро па никаков напредок во играта, никаква визија, замисла. Шуплива приказна. Во ред, некои не манифестираат јавно чувства. Не барам јас да трча како Конте по аут-линија, да се тепа со противнички тренери, што и да е. Само, кога ќе види на пример Закарија, до кое дереџе е Потер и како изгледа, какви му се гестикулациите и фацијалната експресија, ќе се откаже од животот, каков црн фудбал.

Сезонава е пропадната, да не се лажеме. Уште од септември, во моментот кога некој реши да му даде отказ на Тухел. За да нешто се спаси и постави темел за во иднина, треба (освен некој нов играч месецов): да се исфрлат сите играчи од прв тим кои играат на стара слава, а да стартуваат сите кои тоа го заслужиле на тренинг и на натпреварите и да се исфрлат сите играчи чија иднина е неизвесна (Обамејанг, Пулишиќ, Зијеш, Азпиликуета, Жоргињо). Штом немаш потпишано нов договор, или ти виси статусот – ќе седиш на клупа. Не смее да игра Пулишиќ затоа што е Пулишиќ, а некој Омари Хачисон да дреме на клупа.

Од јасни причини, неквалификување во ЛШ ќе биде разочарување, нема збор. Дотолку повеќе што тоа беше некој минимум претходно и дотолку повеќе од финансиски аспект (за нас навивачите поради други причини, нели).

Ама...ама. Нема да е крај на светот, затоа што на овој клуб му треба едно јако потресување на тлото. Неиграње во ЛШ (по можност и во било кое друго натпреварување), ќе значи повеќе време за регрутација, адаптација, помал притисок и можност да се стартува од почеток. А на Челзи му треба еден нов почеток, следствено на тоа дека клубот е во реална транзиција. Арсенал игра во Европа Лига, фокус на Премиер, супер им оди. Ние со Конте освоивме Премиер, токму кога бевме сезона пред тоа десетти и не игравме никаде.

Најважно, играњето во ЛШ следната сезона (како и освојувањето со Тухел), само ќе направи поголема белја. Аха, добри сме, играме ЛШ, ќе се засилиме реда-ради, не мора многу да купуваме, да размислуваме, да се трудиме. Целта првична е исполнета. Тоа не е во ред и неуспех во оваа кампања би требало да го промени тој мајндсет, надежно. Односно, пласман во ЛШ = илузорност = долгорочна штета.

Ние, патем, тука сме, во Премиер или Чемпионшип, еби му мајката. Влегла чивијата.
 
Последно уредено:
И покрај резултатот, солиден перформанс, барем играа без страв да изгубат. Имаше интересни моменти.
Азпи, Силва, Ауба, Жоржињо, Зиех, Кукуреља и Кулибали аут.
Силва не ради перформанс, ради години, џабе троши минути на Чалоба/Бадиашил/Колвил и онака нема да мрднеме од 5, 6то место, барем нека се учат децава, нека биде тренер или нешто, не знам.
Кукуреља и Кулибали, едноставно, превара од играчи. Преспори и двајцата, првиов апла ограничен ама значи апла, како ни го увалија од Брајтон алал вера, со ништо не се истакнува во игра, подпросечен играч, играч без муда, тип на играч што највеќе мразам, backwards passing, класика Барселона, мрш у Еспањол таму да играш. Кулибали, фриждер, горење оние старите, со метални рачки.
За другиве не би трошел ни време, ни куцање, едноставно не вреди, све е кажано.

Закарија одличен меч, Хал и Галагер откако влегоа, исто 10/10. Хачинсон истото како и за Кукуреља, не бива играч од овој.

Лош резултат ама не ни очекував подобро, барем ме изненадија со игра.
Тимов и Потер ќе ги судам после лето, откако ќе се исчисти ѓубрето од тимот. Во него би го додал и Хаверц.
 
Кукуреља беше причината зошто Силва беше заменет прерано. Гледам дека само овде се хејта и драго ми е што тоа не е случај на други места. Кулибали е бавен, но денес сосема коректен. Немавме ние проблем во одбрана.

Мечот го загубивме затоа што немаме голман. Повторно. Сити ни крив, ни должен, освои три бода.
Потер со Обамајенг допре дно, а ги стави децава присилен. Да не беа повредите ќе се давеа Зијеш и Пулишиќ до крај.

Чуку и Хол одлични, Закарија многу добар. Залудно игравме солидно кога впишавме уште еден пораз.
Да, Ковачиќ преслаб. Не бил сигурен дека ќе продолжи договор. Нема проблем, слободно може да напушти. Прераснува во лажен фудбалер.
Никогаш не го прескокна скалилото повеќе. Една Есиен, четири по ред Сидвел. Не бива така. Добар играч и толку.







20230105_230620.jpg



Како да објасниш некому дека после ова паднал гол за противникот? И по дефиниција и на терен, голманска топка. Нема што, ова е топка од голман.
Голман, без ментални ограничувања, да.
 
Мечот го загубивме затоа што немаме голман.

Жива вистина, само заради тоа. Инаку се друго имате. Две крила во ликот и делота на Пулишич и Зијеш. Центарфор во ликот и делото на Обамејанг и лажен играч, односно лажна деветка како Хаверц. И бекови како Аспи и Кукуреља. И играч од средината како Ковачич.

Навистина само голман ви фали. И две крила. И два бека. И играчи од средината. Друго се имате, бидејќи по квалитет сте втор или трет тим во лигата. Веднаш зад Фулам и Брајтон, тие ви се конкуренција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom