Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Пола состав треба/ќе си оди. Игравме со 5/6 играчи што веќе се договорени со други клубови. ВТФ?
Лестер: 2 шута, 1 во гол, 1 гол.
Челзи: 20 шута, 7 во гол. 1 гол.
Хех
Пак ќе кажам, Џејмс е звер.
Пулишиќ не знам зошто е форсиран толку? Исто како што на времето Вилијан беше форсиран. Кој знае што прават зад врати па да мора да играат.
Имаме 4 играчи што се веќе договорени (Алонсо, Рудигер, Азпи и Кристијансен), имаме 2 играчи што се 90% договорени (Жоржињо и Зиех) и имаме 2 играчи што Најверојатно ќе пробаат да си одат (Лукаку и Вернер), а и Канте ми стои дека ќе си иде.
Имаме потенцијално 9 играчи од прв состав што нема да ги гледаме наредната сезона.
:bravobe: Ќе ми е жал само за Вернер и Канте ако си одат + за Азпи исто, ама нема веќе место за него, паднат е максимум.
 
Вчера момците од WE ARE THE SHED го сефтисаа банерот за Томас Тухел.

20220520_104357.jpg20220520_104621.jpg20220520_104600.jpg


Видео од моментот:



Заслужи човекот после овосезонската бура.
 
Последно уредено:
Епа толку од сезонава. Предолга и исцрпувачка, ролеркостер во Челзи стил. После толку години навивање и покрај тоа што знаеме дека можеме се да очекуваме, пак се случуваат работи кои не можев да ги замислам. Најмногу натпревари после 2013та поради сите натпреварувања во кои играа, два трофеја, уште две финалиња изгубени на пенали, трета позиција во ПЛ.

Очекувањата се знаеше кои беа, борба за титула до крај на сезона, стигање до завршница во ЛШ, некој куп. Мора од две страни да се гледа ситуацијата. Од една страна не сакам да им давам многу оправдувања, и покрај се мораше во ПЛ да се многу поблиску до Ливерпул и Сити. Премногу глупо испуштија многу бодови на домашен терен кои требаше да се освоени и со втор тим. Од другата страна стварно има премногу легитимни оправдувања за зошто се заврши како што заврши. Добро почна сезоната, јас до декември уште бев убеден дека Челзи има добри шанси да ја освои титулата, а и немаше зошто да немам доверба во тимот. На крај натпреварот со Јувентус во ЛШ беше во исто време еден од најдобрите и еден од најлошите моменти во сезоната. Повредата на Чилвел премногу го уништи балансот на тимот, после тој натпревар од цврста одбрана која ептен ретко примаше голови, станаа одбрана која секој натпревар прима глупи голови. Почна и Рис да се повредува па мораше да се игра со Азпи и Алонсо како вингбекови. Интервјуто на Лукаку, целата ситуација со ковид случаите и фактот што единствено на Челзи му немаа одложено натпревар. Од септември па се до негде во април ако не се лажам, Челзи беше единствен клуб без цела недела слободна помеѓу натпревари, буквално скоро цела сезона со натпревари секој трет ден. И како капак на се, Роман е принуден да го продаде клубот, владата издава санкции и ги принудува да функционираат скроз различно од тоа на што се навикнати, месеци несигурност и грижа за иднината, нешто со што никогаш не би очекувал да се соочиме.

Но, од позитивна гледна точка, сезонава беа освоени двата трофеи кои ги немавме освоено под Абрамович, едниот воопшто во историјата на клубот. Стигнаа до финале во двата купови и ок, ги изгубија на пенали ама убаво рече Тухел, не може еден промашен пенал да е граница помеѓу супер успех и трагедија. Нормално, најбитно е да си шампион, а не учесник но сепак до одредена мера мора да се почитува тоа што успеаа да стигнат до таму. Во ЛШ исто не потфрлија. Покажаа според мене зошто се актуелни шампиони, ама некогаш колку добро и да изиграш и да се трудиш, ситни детали ја прават разликата. Во ПЛ разочарување, но како што кажав се друго што се случуваше малце го ублажи, иако мораше подобро.

1653249371493.png

1653249394835.png
 
Вчера на Бриџ, покрај Боели беше изложено телото и на швајцарскиот газда.

20220523_104348.jpg


Преживеал све и свашта, само не верувам дека би преживеал 40:2 однос на шутеви против Борнмут следна сезона и резултат 0:1.
 
Два три збора за сезону. Класична Челзи сезона, много успони и падови. Сс оглед на тој колко работе се издешавасва около санкцие и остало ја сам задовољан сс постигнато. Малко немасмо среќу, две финалиња изгубени на пенали, елиминирани од Реала у лигу на шампиони по наши грешке и немање карактер. Да бесва здрави Чилвел и Рис мислу дека ќе бесмо за нијансу поконкурентни у Премиер лигу.

Много дугачко лето не чека, 3-4 играча од одбрану си идев од клуб, Рудигер, Кристенсен, Алонсо и најверојатно Азпи. Дали ќе купимо 3 играча дефанзивци? Мислу дека не. Лев вингбек мислу дека не треба да се купуе, Чилвел, Емерсон и Кенеди може да покриев.

Лев ЦБ? Нема озбиљни шпекулацие за никога, Јошко Гвардиол се спомнуе, Колвил може да се врати од позајмицу.
Централан ЦБ? Силва, човек има 37 године, неможе да ги игра сви утакмице.
Десан ЦБ? Чалоба, Кунде се спомнуе како посериозна опција и демек све договорено сс играча. Тај позиција е у реду покриени смо. Може и Рис да игра туј.
Десан вингбек? Рис, мора некоја замена што ќе га има барем 50% придонес у игру. Азпи е мртав на туј позицију. Колко и да га сакам, истече му време на њега. А и најверојатно ќе си иде.

Средина: Канте, Ковачиќ, Жоржињо, Рубен. Мислу дека е време да се продавав Канте и Жоржињо док може да се извади добра цена за њима. Место њима Рајс и Тчуамени не би било лошо ама не е изводљиво. Тчуамени најверојатно у Реала, Рајс е прескуп. Плус Галагер се враќа од позајмицу и тој доста добру и мислу дека ќе остане у Челзи овуј сезону. Боље он како замена него Баркли и Саул.

Напад: Пулишиќ, Одои, Зијех, Каи, Маунт, Лукаку, Вернер. Од сви овија Зијех, Пулишиќ и Лукаку може слободно да си идев. Одои може да остане пошто може да покрие и на десан ВБ. Вернер колко и да промашуе нема никакву контроверзну изјаву дадено од како е дошја, а и много подиректан ни изгледа напад кд игра он а не Пулишиќ.

Спомнуе се Дембеле од Барсу, још не е продужија договор па како фри да дојде.

Маунт - Каи - Дембеле не е лоша тројка. Вернер, Одои, Брох(ј)а како замене. Броха имаше солидну сезону у Саутемптон и мислу дека треба да му се даде посериозна шанса. Игра пресинг, солидан дриблинг за нападача, брз е. Мислу дека у овакв систем ќе е користан.

Тој е тој. Каша попара ќе биде овој лето, много работа ги очекуе нови газде сс трансфери. Мое мислење е дека 5-6 играча ќе си идев и исто толко нови ќе дојдев 3-4 да се купив и 2-3 од акедемију по позајмице што су. Колвил, Галагер и Броха?

И за крај мора нови газде барем прву сезону да му дадев поддршку на Тухела.
 
Не би било лошо со нешто вака да стартуваме за наредна сезона. Изводливо е. Треба да се купат 4 играчи. Кунде (60-70) , Кулибали (треба да е релативно ефтин, последна година од договор му е, 25-30м), Рајс (80-90м), Дембеле на фри... 180 - 200м вкупно. За продажба Жоржињо, Зијех, Алонсо, Азпи и утше некои има најверојатно не ми текнува сега.
lineup.png
 
Што и да се случи летово на пазарот, мора следна сезона да видиме напредок во напаѓачката организација на тимот и мора да се подобрат резултатите на домашен терен. Тоа ми се двете најголеми критики за Тухел. Кога дојде мораше да го стабилизира тимот, го направи дефанзивно коска и после тоа како да застана се. Јасно ми е и дека сезонава многу малце простор имаше за такви тактички тренинзи, ама не смее тоа да е оправдување. Исто не смее оправдување да е и дека играчите не ги бивало. Секако не е дека до толку не ги бива, ама дури и еве да ги замениме со напаѓачи од рандом тим од втора лига, пак и тие мора да изгледаат подобро уиграни во напад. Се надевам дека ќе видиме напредок на тоа поле. Не мора да е финалниот продукт како кај Ливерпул и Сити, секако треба време. Ама да почнеме да гледаме некаков патерн, уиграни акции, разбирање помеѓу напаѓачите. Сезонава најчесто се кружеше од една до друга страна без идеја, се играше на памет и со надеж дека ќе се случи нешто од нигде. Натпревари со 20+ шутеви со еден или ниеден гол, а уствари 90% од шутевите биле колку да се шутне, а минимален број дошле по добро изградена акција и шанса.

Мислам дека промена во формацијата може да помогне, да се стави уште еден офанзивен играч, посебно против тимови кои се излезени да се бранат и да се надеваат на некоја контра. Се надевав дека ќе дојде до промена на формацијата, а и тоа што пола од одбраната си оди отвара можност да се земат играчи кои ќе се погодени за четворка позади. Ама ништо од тоа, Тухел си кажа дека не планира да ја мења. Не е проблем доколку се функционира како што треба, ама има очигледни проблеми вака. Се надевам во тој случај дека сите играчи кои ќе се земат ќе ја подобрат играта во оваа формација и ќе овозможат подобра офанзива.

Околу трансферите, мислам дека многу работи ќе зезнат санкцииве. Клубот уште не може ништо да прави, не верувам да имал веќе Тухел сериозни и конкретни разговори со Боели за што точно ќе се прави на пазарот. Другите клубови веќе преговараат и склучуваат договори, сигурно и за играчи кои биле цели на Челзи. Еве Чуамени ќе оди во Реал. Нашиве ако не се лажам две години беа во контакт со неговите агенти и го спремаа за евентуален трансфер, ама решија да почекаат да видат како ќе се развива. Сега останува само Рајс како опција за средината на тоа ниво и докажаност ама ич не ми се верува него да го земат, бар летово. Се надевам дека веќе има некои планови и дека ќе работат брзо одма штом се комплетира продажбата.
 
Играчите во нападот до толку не ги бива.

Има простор за напредок во таа фаза и тоа е работа на Тухел, но не може Челзи сезонава да креира по 20 + шанси на секој меч и да постигнува по еден гол и губи бодови.
Тоа е исклучиво одговорност на тие што играат на терен.
 
Играчите во нападот до толку не ги бива.

Има простор за напредок во таа фаза и тоа е работа на Тухел, но не може Челзи сезонава да креира по 20 + шанси на секој меч и да постигнува по еден гол и губи бодови.
Тоа е исклучиво одговорност на тие што играат на терен.
Зар секој еден шут кон гол го нарекуваш креирана шанса? :D

Дадени голови сезонава: 76
Очекувани голови: 67.2

Ова ми кажува друго. Дека "креираните шанси" не се баш добро креирани шанси. За споредба, Сити и Ливерпул имаат по 89+. Нормално дека и играчите се одговорни, ама мора и тренерскиот тим да сноси одговорност. Како што пишав, мора да е ова подобро дури и со полу-професионални напаѓачи и ако не се подобри кој сака нека донесат во нападот, ќе биде исто како до сега.
 
Зар секој еден шут кон гол го нарекуваш креирана шанса? :D

Дадени голови сезонава: 76
Очекувани голови: 67.2

Ова ми кажува друго. Дека "креираните шанси" не се баш добро креирани шанси. За споредба, Сити и Ливерпул имаат по 89+. Нормално дека и играчите се одговорни, ама мора и тренерскиот тим да сноси одговорност. Како што пишав, мора да е ова подобро дури и со полу-професионални напаѓачи и ако не се подобри кој сака нека донесат во нападот, ќе биде исто како до сега.


Со оглед на тоа дека Челзи не шутира од далечина и дека сите шутеви се во и во близина на шеснаесетникот, да.

Инаку, xG нецелосно соодвествува со креирани шанси пред противнички гол. И тоа да имаме предвид.

Еве, ќе видиш. Малку поприсебни и попристојни напаѓачи нека дојдат, не мора класа некоја.
Овие (не сите), потфрлија и под друг тренер и не сјаат баш и за своите репрезентации.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom